Абџад

Абџад или согласна азбука е вид на систем на пишување кој секој симбол претставува согласка, читателот мора сам да додаде самогласка. Овој поим е воведен од јазичарот Питер Даниелс, со кој се заменил стариот поим согласна азбука. Најчесто абџадските азбуки го содржат зборот азбука во самиот назив како на пример арапската или хебрејската.

Првите пет букви на феникиската азбука.

Според Даниелс, абџадските писма се разликуваат од обичните азбуким по тоа што се претставени само согласките како графеми. Кога има потреба да се бележи самогласка тоа се прави со посебни знаци, но сепак тоа е опционално и е фонолошко. Самогласките се бележат со диакрити или мали додатоци на буквите. Некои абџадски писма користат посебни симболи за претставување на самогласките и така согласките можат да стојат посебни,

Потекло на поимот

Името на системот доаѓа од арапскиот збор за азбука, што е создаден од првите четири букви од арапската азбука.

Наводи

  • Wright, W. (1971). A Grammar of the Arabic Language (III. изд.). Cambridge University Press. стр. v. 1, стр. 28. ISBN 0-521-09455-0.