Главна страница

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 151.017 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Карта на ерменскиот геноцид во 1915 година — концентрациони логори, места на погубување и патишта за депортација
Карта на ерменскиот геноцид во 1915 година — концентрациони логори, места на погубување и патишта за депортација

Ерменски геноцид — систематско и континуирано етничко чистење, протерување и масовно убиство на припадници на ерменскиот народ во Отоманската империја за време на Првата светска војна, извршено по наредба на тогашните османлиски власти. Иако османлиските власти воделе континуирана политика на прогон и депортација на ерменското население, особено во Мала Азија помеѓу 1894 година и 1923 година, најголемиот обем на протерувања и убиства се случил во текот на 1915 година. Според различни проценки, во ова злосторство биле убиени помеѓу 800.000 и 1.500.000 припадници на ерменскиот народ од Отоманската империја, а паралелно со прогонството врз Ерменците, османлиските власти прогонувале и други христијански народи, како што се Асирците и Понтиските Грци. Потомците на протераните Ерменци од Отоманската империја денес претставуваат основа на современата ерменска дијаспора која е распространета низ целиот свет.

Бруталниот прогон врз Ерменците и другите христијански народи во Отоманската империја започна кон крајот на 19 век за време на владеењето на султанот Абдул Хамид Втори, а кулминирал по Младотурската револуција во 1908 година и доаѓањето на Младотурците на власт во земјата. Како главни нарачатели и извршители на геноцидот врз Ерменците во текот на 1915 година се истакнатите членови на младотурската националистичка партија Мехмед-паша Талат, Енвер-паша Исмаил и Ахмед Џемал-паша, како и водачот на специјалната воена единица Тешкилат-и махсуса Бахаедин Шакир.

На 24 мај 1915 година, Обединетото Кралство, Франција и Русија го усвоиле текстот на заедничката декларација со која за прв пат во правната пракса тие директно ја обвиниле земјата за злосторство против човештвото извршено врз припадниците на ерменската заедница во тогашна Турција. Меѓународната асоцијација за проучување на злосторства на геноцид во јуни 1997 година ги прогласила масовните убиства и прогони на ерменското население во Турција за време на Првата светска војна за геноцид. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Маглината NGC 281 во соѕвездието Касиопеја, оддалечена 9.200 сг од нас.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Бранислав Нушиќ во 1904 г.
Бранислав Нушиќ во 1904 г.
На денешен ден…

Денес е 26 март 2025 г.

Настани:

1953 Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.
1979 По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година.
2000 Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател.

Родени:

1821 Ернст Енгел — германски статистичар и економист.
1832 Мишел Бреал — француски лингвист.
1892 Синиша Станковиќ — српски биолог.
1893 Палмиро Тољати — италијански политичар, претседател на Комунистичката партија на Италија.
1901 Лазар Личеноски — македонски сликар.
1940 Џејмс Кан — американски глумец.
1914 Тенеси Вилијамс — американски драмски писател.
1934 Алан Аркин — американски глумец.
1942 Ерика Џонг — американска писателка.
1944 Дајана Рос — американска пејачка.
1948 Стивен Тајлер — американски пејач, член на рок-групата „Аеросмит“ (Aerosmith).
1949 Патрик Зискинд — германски писател и сценарист.
1952 Дидје Пирони — француски автомобилист во трките на „Формула 1“.
1962 Џон Стоктон — американски кошаркар.
1962 Андреј Лавров — руски ракометар.
1963 Драгица Ѓуриќ — југословенска ракометарка.
1964 Штафан Олсон — шведски ракометар.
1964 Илија Најдоски — македонски фудбалер.
1974 Тарибо Вест — нигериски фудбалер.
1977 Немања Прибак — српско-македонски ракометар.
1982 Микел Артета — шпански фудбалер.
1985 Кира Најтли — американска глумица.

Починале:

1827 Лудвиг Ван Бетовен — германски композитор од времето на романтизмот.
1892 Волт Витман — американски поет.
1954 Рејмонд Чендлер — американски писател и сценарист.
1984 Бранко Ќопиќ — српски и југословенски писател.
2024 Слаѓана Милошевиќ — српска и југословенска поп-рок пејачка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич


🔥 Top keywords: