Линукс

(Пренасочено од Linux)
Оваа статија се однесува на оперативниот систем ГНУ/Линукс. За јадрото Линукс, видете Линукс (јадро).

Линукс (Linux) — јадро за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува строго на Линукс кернелот и системи кои користат Линукс јадрото. Во повеќето традиционални Линукс систем е ГНУ/Линукс, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Линукс исто така станува сè попопуларен како оперативен систем за работни станици (работна површина). Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилноста.

Такс, маскотата на Линукс
ubuntu
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица