Автомобилски регистарски таблички во Македонија

Автомобилските регистарски таблички во Македонија се состојат од сина лента во левиот дел од табличката на која стои код NМК (пред февруари 2019 МК), регионален код со две букви, правоаголно поле во кое се испишани регионалниот код и двозначниот алфа код на кирилица, четирицифрен бројчен код и двозначниот алфа код. (на пример: SK1234 AB).
Новите таблички започнале да се издаваат од 20 февруари 2012 година, најпрвин во Скопје, а потоа и во другите градови.

Македонска табличка (февруари 2019—)
Македонска табличка (2012 — 2019)
Македонска табличка (1993–2012)
Тековните регистарски кодови (2020–)
Тековните регистарски кодови (2019–2020)
Тековните регистарски кодови (2015–2019)
Стари регистарски кодови (2013 — 2015)
Стари регистарски кодови (2012 — 2013)
Стари регистарските кодови по општини (1993 — 2012)

Цена за нова табличка изнесува 1.200 денари.[1]

Како последица на Преспанскиот договор, од февруари 2019 година на табличките наместо меѓунарониот код MK доделен од ISO се користи кодот NMK.[2]

Автомобилски регистарски таблички

Со најновите измени на Правилникот за регистрационите подрачја од 30 мај 2019 година, во Македонија има 34 регистрационо подрачје.[3] Во следната табела се подредени според нивниот латиничен код:

КодРегионОпштини покриени со кодотИзглед
BEБеровоБерово
BTБитолаБитола, Mогила, Новаци
DBДебарДебар, Центар Жупа
DEДелчевоДелчево
DHДемир ХисарДемир Хисар
DKДемир КапијаДемир Капија
GEГевгелијаБогданци, Гевгелија, Дојран
GVГостиварВрапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше
KAКавадарциКавадарци, Росоман
KIКичевоКичево
KOКочаниЗрновци, Кочани, Чешиново-Облешево
KRКратовоКратово
KPКрива ПаланкаКрива Паланка, Ранковце
KSКрушевоОпштина Крушево
KUКумановоКуманово, Липково, Старо Нагоричане
MBМакедонски БродМакедонски Брод, Пласница
MKМакедонска КаменицаМакедонска Каменица
NEНеготиноНеготино
OHОхридДебрца, Охрид
PPПрилепДолнени, Кривогаштани, Прилеп
ПехчевоПехчево
PSПробиштипПробиштип
RAРадовишКонче, Радовиш
REРесенРесен
SKСкопјеГрад Скопје; Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Чучер-Сандево
SNСвети НиколеЛозово, Свети Николе
SRСтрумицаБосилово, Василево, Ново Село, Струмица
STШтипКарбинци, Штип
SUСтругаСтруга
TEТетовоБоговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце, Теарце, Тетово
VAВаландовоВаландово
VEВелесВелес, Градско, Чашка
VIВиницаВиница
VVВевчаниВевчани

Неважечки регистарски кодови

КодЛокацијаЗабелешки
TVТитов ВелесЗаменето со VE (Велес) кога дотичниот град бил преименуван.

Други таблички

  • Дипломатските таблички се сосотојат од: буквен код на државата (NMK), бројчен код на државата или странската организација, буквите CD, серискиот број и годината на издавање.

Галерија

Наводи