Александар Џамбазов

македонски диригент и композитор

Александар Џамбазов (3 февруари 1936 во Стапар — 25 јануари 2022 во Скопје) — македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика.[1]

Александар Џамбазов
Портрет на Џамбазов
Животописни податоци
Родено имеАлександар Џамбазов
Роден(а)3 февруари 1936
Стапар, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а)25 јануари 2022(2022-01-25) (возр. 85)
Скопје, Македонија Македонија
Занимањакомпозитор, диригент

Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Животопис

Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство.

Творештво

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Награди

Добитник е на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.[2]

Личен живот

Во брак бил со познатата македонска глумица Анче Џамбазова.

Негов син е познатиот глумец и шумен Игор Џамбазов, а има и ќерка Тања Џамбазова.

Наводи

Извори

  • Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица