Игор Џамбазов

македонски глумец, пејач, писател и водител

Игор Џамбазов (р. 15 јули 1963 во Скопје) — македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.[1]

Игор Џамбазов
РоденИгор Џамбазов
15 јули 1963(1963-07-15)(60 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонец
Познатпо улогата во:
Волшебното самарче
Училиште за кловнови
Викенд на мртовци
Преспав
Занимањеглумец
забавувач
водител
музичар
писател
СопружникИскра Канзурова (1992-2006)
Ирина Арсова (2021-2023)
ТаткоАлександар Џамбазов
МајкаАнче Џамбазова
РодниниПетре Прличко (дедо)

Глумечка кариера

Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии. Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се заснова на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

По дипломирањето на Академијата за драмски уметности во класата на проф. Вукан Диневски, се вработува во Драмски театар - Скопје, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него сѐ уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (“Welcome to Saraevo”) во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била на Канскиот фестивал.[2]

Во 2014 година се преселил во селото Слепче, Демирхисарско, а од крајот на 2018 година, живее во селото Сретеново, во општина Дојран.[3][4]

После одредено време тој прекинува да глуми во Македонскиот народен театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во неа, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек.[5] Во 2017 година пак го игра главниот лик Мишел Радински во „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова, според текст на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.[6]

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1971Македонскиот дел од пеколотТрајче
1972Пријатели ТВ-филмГере
1975Волшебното самарчеТрајче
1980Учителот ТВ-филм
1981Првите цутови ТВ-серија
1982Време на летала ТВ-филм
1985Тетовирани души ТВ-филм
1986Климент ОхридскиПахомиј
1986Сонце на дланка
1987Ѕвездите од 42 ТВ-филм
1987Училиште за кловнови ТВ-серијаИгор
1987Девојките на Марко ТВ-серија
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1988Викенд на мртовци ТВ-серијаВојникот Владимир Спирковски
1990Алф од Ново Лисиче ТВ-филмТале
1991Македонија може ТВ-серијаИгор
1991Женски оркестарТрајко
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серијаЈанкула
1997Welcome to SarajevoJacket
1998Збогум на 20-тиот век
2001Ноќта спроти Свети Василиј ТВ-филмАнгелот
2003Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм
2006Самитот на шаманите ТВ-филм
2009Нашата мала клиника ТВ-филмСимеон Мечка
2012Македонски народни приказни ТВ-серијаНачалникот
2013Тиквешко востание ТВ-серија
2016Ослободување на Скопје ТВ-филмМузичар
2017-2023Преспав ТВ-серијаМиле Бузалевски
2019-2022Дајте музика ТВ-серијаМакс Мастермајнд
2020-2021Црномурести ТВ-серија
2023Те сакам се колнам ТВ-филмLike Mee

Музичка кариера

Почетоци

На само 12 години, во 1975 година ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката. Петнаесет години подоцна д-р Васил Тупурковски ја промовирал летната култна скопска атракција Хавана Бенд во кој настапувале: Игор, Горан Атанасов - Зеко и Сашо Пижевски - Пиже и за неколку месеци од своето постоење реализирале три снимки: „Дај ми, жити све...“, „Нема спас“ и „Шток ми, бејби“, кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не биле официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит '91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и Шток ми, бејби, една од подобрите песни во таа 1991 година. Песните, чиј комплетен автор бил Џамбазов биле снимени во студиото на Тоше Поп Симонов.

Во 1992 година, Игор ги снимил хит-претставите Чија си и Грев или шприцер (продукција на Драмски театар - Скопје), со водителството во скопското КМР Скај радио (каде и го направи рекордот од 24 часа непрекинато водење програма) и со летната мини-турнеја со Бора Чорба, што се одвиваше по дискотеките во Македонија.

Домашните музички фестивали во почетокот на деведесеттите биле предизвик за Џамбазов. „Љубов запеј ни“, била композицијата со која настапил на фестивалот Макфест, а која ја снимил заедно со сестрите Тања и Лидија Кочовски, како и со Џон Илија Апелгрин.

После дебитанскиот настап на фестивалот, во 1992 година ја исполнил носталгичната Време за плачење, која добила втора награда од публиката, а во еуфоричното расположение, статуетката (во облик на прстен) му ја предал на македонскиот претседател Киро Глигоров, кој бил еден од најредовните посетители на фестивалот во Штип.

Во конкуренција со 20 битолски изведувачи во финалето Игор Џамбазов со настап на битолскиот Интерфест 1994 година го освоил шестото место, за да истата година го издаде својот прв соло албум, претенциозно наречен Грејтист хитс.

Следен чекор

Случувањата продолжија во студио РОСС, во продукција на Роберт Саздов, а програмите и коаранжманските работи ги направил Дарко Мијалковски. Комплетен автор на осумте теми бил Игор (освен за темата Играј, народе која всушност е обработка на хитот Dancing in the street од репертоарот на Мик Џегер и Дејвид Боуви). Од песните се издвојуваат: Абе, Марија, Колку си секси, Тие, Тогаш и повторно Дај ми, жити све, за оваа пригода повторно снимена, но без старите пријатели Зеко и Пиже. Некаде во тоа време датира и познатството со Раде Шербеџија, од кој произлегол дуетот со Игор и прекрасната анти-воена песна Зошто ние да не се дружиме, вметната на четвртиот албум на Шербеџија - Заборави, кој официјално бил објавен во САД, а чиј приход е наменет за раселените деца од просторот на СФРЈ.

Во дискографската кариера на Игор Џамбазов останал забележан и заедничкиот проект со Владо Јаневски. Имено, тие, за битолската дискографска фирма Сенатор објавиле сингл-касета Домашна работа, со четири теми: две на Владо, две на Игор. Од песните на Игор светлината на денот ја здогледале: Данке, мајне либе и Кољо шо го викаат Поп, а песните на Владо... во приказната за Владо.[7]

Периодот во 1995 и 1996 година за Игор била запаметена по апстиненција од музиката, иако од тој период ќе остане запаметена соработката со Венко Серафимов, од која произлегла песната Скопје, Сарај, Матка... и обратно. Тогаш тој успешно ја водел емисијата Дневна соба на телевизија Сител, како и ТВ-квизот Џандар збира.

Улога во државното Бинго (на Лотарија на Македонија) му донела огромна популарност и повторно го вратила во светот на музиката. Новите концерти во 1998 година биле повод за најновите проекти на Џамбазов. Веќе во истата година бил промовиран албумот: Игор енд Френдс - Лајф фром јУниверзал хал, од концертот кој бил одржан на 18 февруари 1998 година. Како гости на концертот биле Игор Атанасовски - Харе, Сашо Гигов - Гиш, Бранко Попчевски, Банкрот Блуз Бенд, Тијана Тодевска, Зеко и Пиже, Александар Џамбазов. Во време на најжестоките НАТО бомбардирања врз СР Југославија (март 1999.) Игор со најголемите ѕвезди од македонската естрада (Панки, Тијана, Ребека, Нокаут, Венко Серафимов, Маја Гроздановска, Магија...) во студиото Ентерпрајз на Валентино Скендеровски ја реализирал обработката на хитот на Иглс, Хотел Калифорнија - во негова верзија Хотел Македонија.

2000-тите

Големото враќање најпопуларниот Македонец на 20 век го има две години подоцна, во 2001 година, кога ја работи новата песна на Ребека (Нешто убаво), на Брејк (Во бестрага), кога го режирал спотот на Ареа (за темата Слободен) и конечно го реализира најамбициозниот соло проект „Ова не е блуз“, објавен под закрилата на Авалон продукција, како нивно десетто издание. На цедето се најдоа дванаесет теми (сместени во педесетина минути) и тие го претставуваат Игор Џамбазов во најдоброто и најкреативното светло досега.

Благодарение на своите извонредни уметнички и сценски перформанси Игор Џамбазов бил трипати е прогласуван за Најпопуларно ТВ лице на годината, 2 пати за Артист на годината и 6 пати за Водител на годината и не случајно го доби епитетот - „македонскиот шоумен“.

Својата музичка дејност Игор ја продолжува и во 21 век. Присуствува на концертот наречен 'Нокаут анплагд' (Nokaut Unplugged) на популарниот македонски бенд Нокаут, кој е одржан на 2 ноември 2007 во Македонска Опера и Балет, Скопје, со изведба на своите песни 'Диши Длабоко' и 'Во Бестрага' (оригинално напишана за Брејк). Концертот е добро прифатен од публиката и ја ревитализира музичката дејност на Игор, претставувајки го на нова генерација на обожаватели. Тој повторно присуствува на истоимен концерт 'Нокаут анплагд' (Nokaut Unplugged) на бендот Нокаут, овојпат одржан на 28 декември 2011 г. во Метрополис Арена, Скопје.

На 19 февруари 2012 во емисијата Тротоар, Игор за првпат ја изведува соработката со својот пријател Игор Атанасовски - Харе наречена 'Overdose od Blues'. Песната е сингл од соло албумот на Гуру Харе, кој како и песната е наречен 'Overdose od Blues.'

Музичката ренесанса на Игор кулминира со големо мултимедијално шоу по повод неговиот 50-ти роденден и јубилејни 40 години телевизиска кариера, 30 години од првата професионална театарска улога, како и 20 години од неговиот прв албум и соработка со неговиот пријател Игор Атанасовски – Харе. Концертот во организација на „Горила Продукција“ се одржа на 1 ноември 2013, во големата сала на спортскиот комплекс Борис Трајковски, траејки скоро цели три саати. На него присуствуваа многу соработници и колеги на Игор, како што се македонските пејачки Калиопи, Тамара Тодевска и Елена Ристеска, пејачот Влатко Илиевски, Пере и Франци од групата Нокаут и хорот на Златното Славејче под диригентската палка на Александар Џамбазов.[8]

Во меѓувреме Игор ја продолжува и својата дејност како текстописец, со текстот за големиот хит на Тамара Тодевска "Тажна љубов, среќна песна", издадена во 2014 година. Следната година тој дава свој придонес и кон вториот албум на Тамара, "Еден Ден," со текстот за песната "Врвот е Дно".

Во 2016 на 19 издание на „Златна бубамара на популарноста“ Игор ја доби наградата „Златна бубамара за трајни вредности“ и изврши изведба на популарната песна 'My Wаy' на Франк Синатра, но со различен текст кој го опишува својот живот.[9]

Во 2023 година со Игор Атанасовски (Гуру Харе) го промовираа нивниот албум наречен "Првите 30". Албумот е снимен во Студио Тралала во Скопје, продуцент на албумот е Мите Димовски. Албумот се состои од нивни авторски песни и препеани македонски народни песни.

Писателска кариера

Во 2013 издавачката куќа Три произведува нови изданија на книгите „Гол Човек“ (оригинално издадена во 2005) и „Прирачник за Анти Антиалкохоличари“ (оригинално издадена во 2011) и станува издавачка куќа за сите понатамошни дела на Игор, почнувајќи со „Приказни од Мјаyкедонија“. За разлика од своите први автобиографски дела, „Приказни од Мјаyкедонија“ е роман пишан од гледната точка на својата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска.

Следната книга на Џамбазов „Облечен човек“ е промовирана на 15 декември 2014 година, во кафе-барот „Форца“ во Скопје, издадена од издавачката куќа „Три“. Книгата има 250 страници и содржи десет раскази.[10] Промоцијата на романот „Умрен човек“ била одржана на 12 април 2016 на Саемот на книгата.[11]

„Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови, тука се и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци.[12]. Промовирана е на 27 декември 2017 во ресторанот „Вип база“.[13]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица