Никола Карабатиќ

Никола Карабатиќ (хрватски: Nikola Karabatić; 11 април 1984, Ниш, СФРЈ) — француски ракометар од српско и хрватско потекло кој игра за Париз Сен-Жермен и за француската репрезентација. Карабатиќ е висок 196 см, а тежок 102 кг. Тој бил избран за светски ракометар во 2007, 2014 и 2016 година[1]. Со вкупно 60 финалиња на Европските првенства, тој е и рекордер. Како репрезентативец, ги држел сите три важни светски ракометни титули во исто време двапати во својата кариера. Карабатиќ е еден од најдобрите играчи во ракометната историја и важи за најкомплетен играч во овој спорт[2][3][4][5].

Франција Никола Карабатиќ
Карабатиќ во 2015 година
Лични податоци
Роден(а)11 април 1984(1984-04-11)(39 г.)
Ниш, СР Србија, СФРЈ
НационалностФранција Французин
Спорт Ракомет
Висина&100000000000001960000001,96 м
ПозицијаСреден бек
Клупски податоци
Тековен клубПариз Сен-Жермен
Број44
Сениорски клубови
2000–2005
2005–2009
2009–2013
2013
2013–2015
2015–
Монпење
Кил
Монпелје
Pays d'Aix
Барселона
Париз Сен-Жермен
Репрезентација
2002–Франција Франција289 (1149)

Кариера

Клупска кариера

Карабатиќ е роден на 11 април 1984 година, во Ниш, денешна Србија. Тој има српско и хрватско потекло, зашто мајка му Радмила е србинка, а татко му Бранко (роден во Врсина[6][7][8][9] кај Трогир[10]) е хрват. Татко му бил познат југословенски ракометен голман, кој бранел за репрезентацијата на Југославија и за нишкиот клуб "Железничар" и во Ниш ја запознал својата идна сопруга, која тогаш студирала медицина. Кога Никола имал 3,5 години, неговиот татко добил договор како професионален ракометар во Франција. Веќе како 17-годишен Карабатиќ настапувал за РК Монпелје во првата француска лига и една година подоцна за француската репрезентација[11]. Со Монпелје, тој ја освои Лигата на шампионите во 2003 година и француското првенство четири пати во низа од 2002 до 2005 година.

Во 2005 година Карабатиќ се преселил во ТХВ Кил, каде се етаблирал како еден од најважните играчи во текот на својата прва сезона, поради што навивачите го избрале за играч на екипата во сезоната 2005/06. Тој ја добил наградата спортист на годината на Кил во 2006 година[12]. Во своите четири години во Кил, Карабатиќ на четири пати бил германски шампион а во 2007 година со Кил ја освоил тројната круна (Лига на шампиони, германско првенство и Германски куп). Во 2007 и 2008 година Карабатиќ бил избран за ракометар на годината во Германија.

Карабатиќ го напуштил Кил на крајот на сезоната 2008/09. Заедно со неговиот колега Вид Кавтичник, тој се вратил во неговиот стар клуб Монпелје за трансферна сума од 1,5 милиони евра[13]. Со Монпелје, тој го освоил француското првенство уште трипати (2010 до 2012 година) пред да се префрли на Пејс де Екс во февруари 2013 година, како дел од аферата за обложување[14]. Во летото 2013 година, Карабатиќ се преселил во Шпанија во ФК Барселона. Таму го освоил првенството во Шпанија и Купот на Шпанија во првата година. Во сезоната 2014/15, Карабатиќ ги одбранил сите национални титули со Барселона и исто така ја освоил Лигата на шампионите. Карабатиќ станал петтиот играч кој победил на ова натпреварување со три различни клуба. Потоа се приклучил на францускиот клуб РК Париз Сен-Жермен.

Репрезентативна кариера

Карабатиќ го одиграл својот прв меѓународен натпревар за Франција на 2 ноември 2002 година на Светскиот куп против Русија. Со репрезентацијата, тој го освоил Европското првенство 2006 година во Швајцарија[15] и завршил на четвртото место на Светското првенство во 2007 година во Германија. На Светското првенство во 2007 година, тој бил избран во тимот на Олстарт. На Европското првенство во Норвешка во 2008 година ја добил наградата најкорисен играч, а Франција завршила на третото место, освојувајќи бронзен медал. На Олимписките игри во 2008 година го освоил златниот медал. Една година подоцна, со Франција станал светски шампион на Светското првенство во Хрватска. На почетокот на 2010 година тој повторно станал европски шампион во Австрија и бил избран за најдобар среден бек на Ол-стар тимот. Француската селекција за првпат во историјата истовремено ги имала последователно освоено европските првенства од 2010 и 2012 година, светските првенства и олимписките првенства. На Светското првенство во 2011 година ја одбранил титулата со францускиот тим, а во изборот на познатиот француски весник "Екипа", бил избран за најдобар спортист на Франција за 2011 година.[16][17] Во летото 2012 година, тој повторно го освоил златниот медал на Олимписките игри во Лондон и бил реизбран во „Ол-стар тимот“. Во 2014 година тој станал европски шампион и највреден играч на турнирот кој се одржал во Данска. Во 2015 година Никола Карабатиќ станал светски шампион по третпат во Катар. На Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро, тој го освоил сребрениот медал и бил реизбран во „Ол-стар тимот“[18]. Во 2017 година станал светски шампион во Франција по четврти пат и бил прогласен за највреден играч на турнирот по четврти пат. На следните два турнира, Европското првенство 2018 година во Хрватска и Светското првенство 2019 година во Данска и Германија, тој го освоил бронзениот медал со француската селекција. Карабатиќ има добиено девет златни медали, еден сребрен медал и пет бронзени медали со Франција на големите ракометни натпреварувања.

Осомничен во обложување

Карабатиќ бил осомничен местење натпревари, за кој се вели дека се случило во играта помеѓу неговиот клуб Монпелје и Цесон-Рен во мај 2012 година. Покрај Карабатиќ, кој бил повреден и неговиот брат Лука[19][20], за другите играчи се вели дека намерно придонеле во поразот, со цел да им овозможат на роднините да освојат големи облози до 250.000 евра[21]. Засегнатите спортисти се соочиле со три до пет години затвор за спортска корупција и измама и парични казни од 75.000 евра. По полициското сослушување во почетокот на октомври 2012 година, самиот Карабатиќ признал преку својот адвокат дека бил вклучен во обложувалниците, но не и во самата манипулација во играта[22]. Против него била покрената кривична постапка на 2 октомври. Карабатиќ подоцна бил ослободен со кауција. Бидејќи на Карабатиќ не му било дозволено да се сретне со инволвираните лица или вработени во неговиот клуб, тој веќе не бил во тимот на Монпелје од 3 октомври 2012 година[23]. На 31 октомври, Карабатиќ се вратил во составот. На 31 јануари 2013 година Карабатиќ го раскинал договорот со Монпелје[24]. Забраната од шест натпревари наметната на Никола Карабатиќ од страна на ЛНХ лигата во февруари била укината на 29 март 2013 година од страна на апелациониот суд[25]. Во јули 2015 година, тој бил казнет со парична казна од 10.000 евра од судот во Монпелје[26]. Два месечна условна казна биле додадени на жалбената расправа на 1 февруари 2017 година[27].

Приватен живот

Карабатиќ е во врска со Жералдин Пије. Неговиот помлад брат, Лука[7], исто така е ракометар и член на француската репрезентација. Во 2010 година, Карабатиќ започнал дизајнерска кариера, создавајќи ја долната облека "Суперстоун".[15]

Покрај францускиот јазик, тој зборува англиски, германски, шпански и српско-хрватски јазик[28].

Статистика

  • Податоците се однесуваат само натпреварите во домашните турнири
СезонаЕкипаЛигаНатпревариTore7 метриГолови
2001/02РК МонпелјеФранцуска лига1422-22
2002/03РК МонпелјеФранцуска лига2257-57
2003/04РК МонпелјеФранцуска лига2369-69
2004/05РК МонпелјеФранцуска лига2488-88
2005/06ТХВ КилГерманска лига3422670156
2006/07ТХВ КилГерманска лига3220523182
2007/08ТХВ КилГерманска лига3021629187
2008/09ТХВ КилГерманска лига261101595
2009/10РК МонпелјеФранцуска лига1983-83
2010/11РК МонпелјеФранцуска лига221126106
2011/12РК МонпелјеФранцуска лига2676-76
2012/13РК МонпелјеФранцуска лига954-54
РК МонпелјеФранцуска лига1380-80
2013/14РК БарселонаШпанска лига2812313110
2014/15РК БарселонаШпанска лига2499396
2015/16РК ПаризФранцуска лига1877-77
2016/17РК ПаризФранцуска лига2598-98
2017/18РК ПаризФранцуска лига2280-80
Вкупно41118751591716
Просечно по сезона24,18110,299,35100,94

Извор:[29][30]

  • Податоците се однесуваат само натпреварите во европските турнири
КлубСезонаЛигаНатпревариГолови
РК Монпелје
 Франција
2000-2001Лига на шампиони//
2001-2002ЕХФ Куп//
Шампионски трофеј 2002-2003Шампионски трофеј/5
2002-2003Лига на шампиони/43
2003-2004Лига на шампиони/31
2004-2005Лига на шампиони/56
ТХВ Кил
 Германија
2005-2006Лига на шампиони/51
Шампионски трофеј 2006-2007Шампионски трофеј//
2006-2007Лига на шампиони/89
Шампионски трофеј 2007-2008Шампионски трофеј//
2007-2008Лига на шампиони/87
2008-2009Лига на шампиони/87
РК Монпелје
 Франција
2009-2010Лига на шампиони/63
2010-2011Лига на шампиони/62
2011-2012Лига на шампиони/56
2012-2013Лига на шампиони/16
РК Барселона
 Шпанија
2013-2014Лига на шампиони/72
2014-2015Лига на шампиони/75
РК Париз Сен-Жермен
 Франција
2015-2016Лига на шампиони/90
2016-2017Лига на шампиони/79
2017-2018Лига на шампиони/72
2018-2019Лига на шампиони/29
2019-2020Лига на шампиони/37

Карабатиќ на ЛОИ

ЛОИФазаДатаНатпреварПостигнати голови
Летни олимписки игри 2004 - Атина
 Грција
Група Б16 август 2004  Франција -  Грција 29:256
Група Б18 август 2004  Франција -  Унгарија 26:232
Група Б20 август 2004  Франција -  Египет 22:212
Група Б22 август 2004  Франција -  Германија 27:225
5-8 место24 август 2004  Франција -  Шпанија 29:272
Четвртфинале26 август 2004  Франција -  Грција 33:272
Полуфинале27 август 2004  Франција -  Русија 24:261
5-6 место28 август 2004  Франција -  Грција 33:152
Летни олимписки игри 2008 - Пекинг
 Кина
Група А10 август 2008  Франција -  Бразил 34:265
Група А12 август 2008  Франција -  Кина 33:195
Група А14 август 2008  Франција -  Хрватска 23:191
Група А18 август 2008  Франција -  Полска 30:308
Четвртфинале20 август 2008  Франција -  Русија 27:242
Полуфинале22 август 2008  Франција -  Хрватска 25:233
Финале24 август 2004  Франција -  Исланд 28:238
Летни олимписки игри 2012 - Лондон
 Обединето Кралство
Група А29 јули 2012  Франција -  Обединето Кралство 44:15/
Група А31 јули 2012  Франција -  Аргентина 32:20/
Група А2 август 2012  Франција -  Тунис 25:19/
Група А4 август 2012  Франција - Предлошка:Country data ICL 29:30/
Група А6 август 2012  Франција -  Шведска 29:26/
Четвртфинале8 август 2012  Франција -  Шпанија 23:22/
Полуфинале10 август 2008  Франција -  Хрватска 25:22/
Финале12 август 2004  Франција -  Шведска 22:21/
Летни олимписки игри 2012 - Рио
 Бразил
Група А7 август 2016  Франција -  Тунис 25:23/
Група А9 август 2016  Франција -  Катар 35:20/
Група А11 август 2016  Франција -  Аргентина 31:24/
Група А13 август 2016  Франција -  Хрватска 28:29/
Група А15 август 2016  Франција -  Данска 33:30/
Четвртфинале17 август 2016  Франција -  Бразил 34:27/
Полуфинале19 август 2016  Франција -  Германија 29:28/
Финале21 август 2016  Франција -  Данска 26:28/

Достигнувања

Клупски

  • ЕХФ Лига на шампиони:
    • Победник во 2003, 2007, 2015
    • Полуфиналист во 2008, 2009 и 2017
  • Светско клупско првенство: 2013, 2014
  • Европски супер куп: 2007 година
  • Француска лига: 2002, 2003, 2004, 2005, 2010, 2011, 2012, 2016, 2017, 2018
  • Француски куп: 2001, 2002, 2003, 2005, 2010, 2012, 2018 година
  • Куп на француската лига: 2004, 2005, 2010, 2011, 2012, 2017, 2018 година
  • Француски суперкуп: 2010, 2011, 2015, 2016 година
  • Германска лига: 2006, 2007, 2008, 2009 година
  • Германски куп: 2007, 2008, 2009 година
  • Германски суперкуп: 2005, 2007, 2008 година
  • Шпанска лига: 2014, 2015 година
  • Шпански куп: 2014, 2015 година
  • Шпански суперкуп: 2013, 2014 година
  • Купот Асобал: 2013, 2014 година
  • Суперкуп на Каталонија: 2013, 2014 година
  • Лига од Пирена: 2004 година

Меѓународни

Поединечни

  • Светски играч на годината
    • Победник: 2007, 2014, 2016 година
    • Второ: 2009, 2010, 2015 година
  • Со француската репрезентација:
    • Највреден играч на Светското првенство: 2011, 2017
    • Највреден играч на Европското првенство: 2008, 2014
    • Најдобар стрелец на Европското првенство: 2008
    • Ол-стар на Олимписките игри: 2012, 2016
    • Ол стар на Светското првенство: 2009, 2015
    • Ол стар на Европското првенство: 2010
    • Ол стар лев бек на Светското првенство: 2007
    • Ол-стар лев бек на Европското првенство: 2004
    • Најдобар играч на Турнир де Франс: 2007, 2011 година
  • Со клубови:
    • лига на шампиони
      • Најдобар напаѓач: 2007 година (89 гола)
      • Тим на сите олстар ѕвезди: 2014 година
    • Франција
      • Најдобар играч на француската лига: 2010, 2013, 2017 година
      • Најдобар лев бек на француската лига: 2004, 2005 година
      • Најдобар бек на француската лига: 2010, 2016, 2017 година
      • Најдобар играч на францускиот суперкуп: 2010 година
    • Германија
      • Најдобар играч на годината во Германија: 2007, 2008 година
      • Најдобар играч на сезоната во германската лига: 2006–07, 2007–08 година
      • Најдобар лев бек во германската лига: 2006, 2007, 2008 година
      • Најдобар играч на германски игри: 2007 година
    • Најдобар играч на шпанската лига: 2014, 2015 година
  • Други
    • Спортист на Франција: 2011 година

Наводи

Надворешни врски