Скопје — главен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар. Камен мост се наоѓа крај реката Вардар. Македонски народен театар се наоѓа на булевар Св. Климент Охридски. Сули ан е тој сарај, кој се наоѓа во Старата чаршија во Скопје. МРТВ е приватна телевизиска станица во Македонија, а потоа Порта „Македонија“, Воин на коњ и Скопско кале се наоѓаат. Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. Скопје е прв по големина град во Македонија според бројот на жители (2015 г.). На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Име
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).
Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).
Историја
Праисторија и антички период
Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[3] Скопје за првпат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за првпат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на царот Октавијан Август, од 13 до 11 година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.
Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
Средновековна историја
За првпат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
На 16 април 1346 година во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и во него го донел познатиот Душанов законик.
Османлиски период
Градот потпаѓа под османлиска власт во 1392 година и набргу Скопје добива турско ориентално обележје. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Стопански брзо се развива особено во XVI и XVII век кога после Цариград станал еден од
најразвиените и најголеми градови во европскиот дел на Отоманското Царство, како и значаен занаетчиски и трговски центар. За сместување на трговците и нивната стока биле подигнати повеќе караван сараи и анови како Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан и др. Патописецот Евлија Челебија ја споредил скопската чаршија со таа во Цариград. Според него во 1660-61 Скопје имало 12.000 куќи со околу 60.000 жители, потоа 2.150 дуќани, еден безистен, 70 јавни амами (бањи), 120 џамии, повеќе беговски конаци и сараи. Трговските каравани редовно одржувале врски со Солун, Белград и Дубровник.[4]
„Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.“
Голем дел од населението го напуштило градот, при што едни, главно Турци се населиле дури во Цариград каде го основале
Ускуб Маалото, а други најголем дел Македонци се придружиле на миграцискиот бран на Арсение Црноевиќ и се отселиле далеку на север во Панонската Низина.
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, градот Скопје го сочинувале 46 маала. Пет маала биле целосно христијански: Суќутли, Кади Чаирли, Булбул Заим, Јени Маало и Топхане. 19 маала биле мешани со христијанско и муслиманско население: Џами Атик, Ине Бег, Ибни Омер, Хаџи Балабан, Егит Паша, Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан, Хаџи Јонус, Капуџи Хамза, Искендер Гази, Ибни Коџаџик, Кебир Мехмед Челеби, Ибни Мухтесеб, Ибни Пајко, Хаџи Лала, Дубаг Шахин, Ќатиб Шахин, Дервишан, Гази Ментеш и Хараџи Салахедин. Додека пак останатите 22 маала биле чисто муслимански: Кале, Хоџа Шемс, Мурадије, Ибни Чини, Худаверди, Ибни Меџри, Хатунџиклер, Исакие, Хаџи Гази, Хаџи Таџедин, Кара Капуџу, Хаџи Мудидин, Касим Гази, Исмаил Војвода, Емир Хоџа, Хазнедар Исмаил, Ибни Шахин, Хаџи Касим, Уруч Паша, Пазар Баши, Мухидин Челеби и Хаџи Хајредин. Во овој период во градот Скопје биле забележани 1.230 муслимански домаќинства и 578 христијански домаќинства. Во 1832/33 година биле родени 556 новороденчиња во градот, а вкупното население достигнувало и до 10.262 жители.[6][7]
Во XIX век Скопје станало важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. Првата електрична светилка во Скопје засветила во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот водовод.[8]На 25 октомври1912 година, по 520-годишно владеење, Османлиите го напуштиле Скопје, а веќе наредниот ден во градот влегла Моравската дивизија на српската војска, со што градот потпаднал под српска власт.
Првата и Втората светска војна
За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Современа историја
На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Географски податоци
Скопје се наоѓа на 21° 26' географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на 1.818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км2.
Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 17.357 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км2, а најмала е Чаир со 3,5 км2.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1856
20.800
—
1858
21.000
+1.0%
1878
30.000
+42.9%
1888
22.250
−25.8%
1892
33.291
+49.6%
1913
43.331
+30.2%
1919
51.758
+19.4%
1926
69.269
+33.8%
1931
68.334
−1.3%
1935
70.716
+3.5%
Година
Нас.
±%
1948
102.600
+45.1%
1953
139.200
+35.7%
1961
197.300
+41.7%
1971
312.300
+58.3%
1981
408.100
+30.7%
1994
448.200
+9.8%
2002
506.926
+13.1%
2006
668.518
+31.9%
2015
811.045
+21.3%
2021
526.502
−35.1%
Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Скопје било центар на Скопскиот Вилает и имал вкупно 1.006 семејства, од кои 634 муслимански семејства, 299 христијански семејства и 73 вдовици христијани.[12]
Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот постојано се зголемува пред сè поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија), но и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Во периодот од 1948 до 1981 година бројот на жителите во градот се зголемил за повеќе од трипати. Луѓето денес во Скопје пред сè, се доселуваат поради стопанско-економски причини или поради продолжување на своето образование.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Скопје, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[14]
Според новата територијална организација од 2004 година (припојување на општините Сарај и Кондово) во градот се регистрирани 506.926 жители (66,75% Македонци), меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.
Исто така поради брзата урбанизација и зголемување на своето население, Скопје постојано се проширува во својата територија, поради што десетина поранешни села веќе се споени со градот и претставуваат приградски населби на Скопје. Некои од нив се помалку, некои повеќе урбанизирани, а заедничкото за сите е што бележат брз развој и претставуваат привлечни имиграциски места, привлекувајќи население од цела Македонија. Такви поранешни села, а денес скопски населби претставуваат: Сингелич (23.915 ж.) во Гази Баба, Волково (6.750 ж.), Ново Село (8.349 ж.) и Оризари (15.637 ж.) во Ѓорче Петров, Бардовци (1.472 ж.) и Злокуќани (1.635 ж.) во Карпош, Долно Нерези (12.418 ж.) во Аеродром, Визбегово (2.817 ж.) и Радишани (9.123 ж.) во Бутел, Долно Оризари (1.550 ж.) во Шуто Оризари и Сарај (5.232 ж.) во Општина Сарај. Во овие приградски населби во 2002 година живееле 88.898 жители, што е 20,7 % од вкупното население во скопското урбано подрачје.
Сообраќај
Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Во тек е подготовката за изградба на лесна градска железница.[17]
Во 2017 година, во Скопје се случиле 1.652 сообраќајни несреќи во кои настрадале 2.500 лица. Од нив, 37 загинале, 218 биле тешко повредени, а 2.245 биле полесно повредени.[18]
Култура
Во Скопје постојат шест театри кои функционираат како национални установи:
Камениот мост, на реката Вардар е симбол на Скопје. Бил преработен во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
Православната црква „Св. Спас“, во стариот дел од градот е изградена во XIX век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на XX век - Гоце Делчев.
Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
Соборниот храм Св. Климент Охридски. Тој се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на Град Скопје.
Музеј на македонската борба, се наоѓа на левиот брег од реката Вардар, официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод 20 години од независноста на Македонија. Се состои од 13 хронолошки подредени одделенија и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Музејската презентација е реализирана на интерактивен начин преку комбинирање на многу различни форми. Прегледот на историските настани, процеси, личности од XIX и XX век, се надополнува со автентичната колекција на 2.749 музејски предмети - оружје, документи, фотографии, мапи, медали, весници, документарен материјал, помошни материјали – 153 восочни фигури, 109 масовни сцени и портрети, како и амбиентални диорами збогатени со аудио-визуелни ефекти. Музејските фондови постојано се збогатуваат и преку донации или откуп.
Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу плоштадот „Македонија“.
Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качаник се наоѓа стар аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за снабдување со вода на античкиот град Скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудалната кула која што денес е музеј.
Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите стари места во Скопје. Куршумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.