Јужен Андамански Остров

Јужниот Андамански Остров е најјужниот остров на Големите Андамански Острови и е најгусто населен од сите острови. Тој и припаѓа на Јужната Андаманска административна област, која е дел од индиските сојузни територии на Андамански и Никобарски Острови.[6] Овде се наоѓа Порт Блер, главниот град на целиот архипелаг.

Јужен Андамански Остров
Мапа на Андаманските Острови, каде локацијата на Јужниот Андамански Остров е прикажана со црвена боја
Географија
МестоБенгалски Залив
Координати11°47′00″N 92°39′00″E / 11.783333° СГШ; 92.65° ИГД / 11.783333; 92.65
АрхипелагАндамански Острови
Соседни водни површиниИндиски Океан
Површина1.262 км2[1]
Должина83 км
Ширина28 км
Брегова линија413 км
Највисоко издигнување459 м[2]
Највисока точкаКојоб
Управување
ОбластЈужна Андаманска област
Островска групаАндамански Острови
Островска подгрупаГолеми Андамани
ТехсилФераргунџ техсил
Најголема населбаПорт Блер (pop. 100,000)
Демографија
Население209,602 (2011)само села
Густина166 /km2 (430 /sq mi)
Етнички групиИндијци, Андаманци
Дополнителни податоци
Часовен појас
  • IST (UTC+5:30)
PIN744202[3]
Телефонски код031927 [4]
ISO codeIN-AN-00[5]
Мреж. местоand.nic.in
Писменост80.6%
Просечна летна температура30.2 °C (86.4 °F)
Просечна зимска температура23.0 °C (73.4 °F)
Полов сооднос1.15/
Пописен код35.640.00xx
Службени јазициХинди, Англиски

Историја

Во поновата историја овој остров бил тешко погоден од цунамито по земјотресот на 26.12. 2004 година, во Индискиот Океан, што довело до смрт на многу од жителите на островот.

Географија

Островот му припаѓа на ланецот на Големите Андамански Острови. Некои делови на островот се забранети области за лица кои не се од индиска националност, а дозвола за транзит може да се добие од соодветното министерство на владата. Овој остров е трет по големина и се наоѓа јужно од Средниот Андамански Остров и Баратанг, од кои е одделен со природен канал, широк неколку стотини метри. Островот е долг 83 километри, а најголемата широчина изнесува 28 километри и е со површина од 1262 км2. Островот е најмалку брдест од сите Северни Андамански Острови, а највисокиот врв изнесува 459 метри надморска височина.[7][8]

Администрација

Островот и припаѓа на административната област на Порт Блер и Фераргунџ.[9]

Демографија

Порт Блер, главниот град на островите, се наоѓа на јужниот дел од овој остров. Други големи градови се: Бамбуфлет, Протрапур и Гарачарма. Според пописот од 2011 година, населението на територијата на Северните Андамански Острови изнесувало 209.602 жители. Населението на целата територија на Андамани и Никобари, според пописот од 2001 година, изнесувало 356.152. Делотворната стапка на писменост (односно стапката на писменост на населението со исклучок на децата на возраст од 6 години и помали) е 80.6%.

Демографија (2011 попис)[10]
ВкупноМажиЖени
Население20960211198097622
Деца под 6 години214981095410544
Касти000
Племиња255312871266
Писмени1689249371775207
Вработени (сите)851316814316988
Главни работници (вкупно)758856168514200
Главни работници: земјоделци30542130924
Главни работници: земјоделски работници12291042187
Главни работници: работници во домаќинства и индустрија624463161
Главни работници: други709785805012928
Маргинални работници (вкупно)924664582788
Маргинални работници: земјоделци412293119
Маргинални работници: земјоделски работници613465148
Маргинални работници: работници во домаќинства и индустрија18110378
Маргинални работници: други804055972443
Невработени1244714383780634

Галерија

Наводи