Ана Кокиќ

Ана Кокиќ (родена во Белград, 11 март 1983) е српска пејачка и дизајнерка на облека.

Ана Кокиќ
Ана Кокиќ во ТЦ „Плаза“, Крагујевац во 2014
Животописни податоци
Родено имеАна Кокиќ
Роден(а)11 март 1983
Белград, СФРЈ
Жанрови
ЗанимањаПејачка
Период на активност2004–денес
Мреж. местоana-kokic.net

Биографија и кариера

Ана Кокиќ завршила средно геолошко и хидрометеоролошко училиште „Милутин Миланковиќ“ во Београд. Таа била мажена за ватерполистот Никола Раџен, со кого била во брак 10 години и со кој имаат две деца, керќите Нина и Теодора. Во јануари 2019 година, тие објавиле дека официјално се развеле.[1]

Својте музички почетоци ги направила во групата „Енергија“, со која снимила три плочи. Учествувала на фестивалите „Сунчане скале“ во Херцег Нови во 2004 и Гранд фестивалот во 2006 година. Досега има издадено три албума за Гранд продукцијaта, првиот бил во 2006 година под името Мојне мала, вториот во 2007 под името Шта ће мени име, а последниот во 2011 година насловен е како Психо. Нејзините најголеми хитови се: Мојне мала, Чујем да, Свеједно, Одједном, Интерфон, Идемо на све, Ако љубав нестане. Снимила и неколку дуетски нумери: Ако љубав нестане (Саша Капор) и Резервно решење (Близанци).

Во 2013 година, победила во првото издание на шоу програмот Твоето лице звучи познато.[2]

Од 2017 година, дизајнира облека за марката Клаудија Донатели.

Дискографија

  • Мојне мала (2006)
  • Шта ће мени име (2007)
  • Психо (2011)

Видео спотова

Видео-спотГодинаРежисер
Резервно решење2007
Сигурно2007
Идемо на све2011Дејан Миличевиќ
Психо2011Дејан Миличевиќ
Љубав на папиру2014Љубомир Доронтиќ
Погрешна љубав2016Inspiring Production
Damelo2016daVideo
Нови дан2017daVideo
Не квари ми нерасположење2017daVideo
Има ли он 2018daVideo
Кармин 2018Андреј Илиќ
Она права ја 2019Борис Зец

Наводи

Надворешни врски