Архипелаг Сан Бернардо

Архипелагот Сан Бернардо (шпански: Archipiélago de San Bernardo, Islas de San Bernardo[1]) ― збир од девет крајбрежни корални острови и еден вештачки остров (вкупно десет)[2] кои припаѓаат и се управувани од Колумбија, се наоѓаат во Мороскилскиот Залив во Карипското Море, со приближна површина од 213 км2.[3] Административно, архипелагот припаѓа на департманот Боливар со исклучок на островот Бокерон, кој му припаѓа на департманот Сукре.[4] Се состои од островите Бокерон, Кабруна, Сејсен, Мангле, Мукура, Палма, Панда, Санта Круз (вештачки остров), Тинтипан и Маравиља. Сите 10 острови се близу до градовите Толу и Ковењас.[5]

Архипелаг Сан Бернардо
Познат и како Islas de San Bernardo
Карта на местоположбата на архипелагот Сан Бернардо
Географија
МестоКарипско Море
Координати9°45′28″N 75°46′24″W / 9.7578° СГШ; 75.7734° ЗГД / 9.7578; -75.7734
Соседни водни површиниМороскилски Залив
Вкупно острови10
Поголеми островиТинтипан, Мукура, Палма
Површина213 км2
Управување
ДепартманБоливар
Сукре (Бокерон)

Од 1996 година, дел од архипелагот припаднал на националниот корален парк Росарио и Сан Бернардо.

Постојат објекти за сместување на некои од островите, најмногу на Макура и Палма.[2]

Флора и фауна

Во водите околу островите има риби и желки, а островите имаат значителна тропска флора.[6]

Географија

Местоположба во Колумбија

Поврзано

  • Карипски регион
  • Островски регион
  • Список на острови во Јужна Америка

Наводи

Библиографија