Билштет (Хамбург)

Билштет е кварт во округот Хамбург-Мите, во источниот дел на Хамбург, Германија. Во 2007, бил втор најнаселен кварт во Хамбург.

Билштет
Кварт во Хамбург
Гробишта Kirchsteinbek.
Гробишта Kirchsteinbek.
Гробишта Kirchsteinbek.
Билштет во рамките на Германија
Билштет
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаХамбург
ГрадХамбург
РеонХамбург-Мите
Основни податоци
Површина17 км2
Население68.936  (31 декември 2007)
 - Густина4.055 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HH
Повик. бр.040
Местоположба на Билштет во рамките на Хамбург
Карта
Карта
Координати53°32′26″N 10°6′0″E / 53.54056° СГШ; 10.10000° ИГД / 53.54056; 10.10000

Историја

Билштет на воена карта во XVIII век.

Шифбек, Ејендорф, Штајнбек и Шлем биле стари населби, кои сега се дел од квартот.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Билштет имал вкупна површина од 17 км2. На север е квартот Јенфелд во округот Вандсбек. Општините Барсбител и Остштајнбек во германската покраина Шлезвиг-Холштајн се на исток. На запад се квартовите Хорн и Билброк, на југ е квартот Лобриге во округот Бергедорф.

Демографија

Во 2007, населението во Билштет било 68.936. Густината на населеност била 4.056 жители на км2. 19,7% биле деца под 18 години и 17,3% имале 65 или повеќе години. 22,5% биле имигранти. 5.274 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, имало 32.336 домаќинства и 39% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 2,14.[2]

Население по години[3]

1987198819891990199119921993199419951996199719981999
68.06868.83869.43569.97869.89969.93869.67669.65169.58868.76369.01468.20968.279
20002001200220032004200520062007
68.25668.06468.46168.51268.11968.11568.57368.936

Во 2007, имало 9.626 кривични дела (140 на 1000 лица).[3]

Образование

Училиште Möllner Landstraße.

Во 2006, имало 10 основни и 6 средни училиште во квартот Билштет со 3.894 ученици.[4]

Инфраструктура

Здравствен систем

Во 2007, имало 36 дневни центри за деца, 84 лекари во приватни ординации и 12 аптеки.[3]

Сообраќај

Автопатот Bundesautobahn 1 и сојузниот автопат Bundesstrasse 5 водат низ квартот. Билштет е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици на линијата U3.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Билштет бил регистрирани 19.998 приватни возила (290 возила/1000 луѓе) во 2007 и 258 сообраќајни несреќи.[3]

Рекреација

Во делот Öjendorf се наоѓа езерото Öjendorfer See.

Наводи

Надворешни врски