Денис Страквалурси

Викимедиина категорија

Денис Страквалурсиаргентински фудбалер кој настапува за тимот на Евертон како позајмен од аргентинскиот прволигаш Тигре.

Денис Страквалурси
Denis Stracqualursi
Лични податоци
Роден на20 октомври 1987(1987-10-20)(36 г.)
Роден воРафаела, Аргентина
Висина&100000000000001910000001,91 м
Позицијанапаѓач
Клупски податоци
Сегашен клубСан Лоренцо
Број9
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2007–2008Унион де Сунхалес24(11)
2008-2010ФК Гимназија Ла Плата46(6)
2010–Тигре35(21)
2011–Евертон (позајмен)20(1)
2012–Сан Лоренцо4(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кариера

Тој својата кариера ја започнал во третолигашот Унион де Сунхалес.По една сезона помината тука тој потпишал за ФК Гимназија Ла Плата тим од елитната лига на аргентинскиот фудбал.

Тигре

Пред почетокот на сезоната 2010-2011 Страквалурси дојде во Тигре на позајмица од една сезона со можност за откуп на крајот од сезоната.Во зимското првенство наречено Апертура тој постигна 11 голови за Тигре и беше прв стрелец во лигата заедно со уругваецот Сантјаго Силва.Со тоа стана првиот фудбалер на Тигре во историјата кој бил прв стрелец во аргентинската лига.

Евертон

Во последните денови на август Страквалурси потпиша за Евертон на позајмица од Тигре до крајот на сезоната.Своето деби за карамелите го имаше во домаќинскиот меч на Евертон против Виган на 17 септември 2011 влегувајќи како замена за Тим Кејхил. Својот прв погодок во Премиер лигата Страквалурси го постигна на 11 февруари 2012 кога по одличната асистенција на Лендон Донован тој го совлада Петр Чех и му обезбеди победа на својот тим над Челси од 2-0.

Сан Лоренцо

Во јули 2012 Страквалурси потпиша за Сан Лоренцо како слободен играч откако му истече договорот со Тигре.

Надворешни врски