Екипен пласман на Тур де Франс


Екипен пласман на Тур де Франс — награда доделувана на велосипедската екипа Тур де Франс за најдобра екипа на трката. Започнала да се доделува од 1930 година, а начинот на пресметка бил менуван низ годините. Не постои маичка за овој пласман, но броевите на маичките на членовите на екипата со најдобар генерален пласман на крајот на претходната етапа биле со жолта позадина, наместо вообичаената бела.

Екипен пласман
Маичка со жолти броеви, која им се доделува на членовите од најдобрата екипа
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобра екипа
Локално имеClassement d'équipes (француски)
Историја
Прва награда1930
Изданија82 (до 2018)
Прв победник Франција
Најнов победникМовистар Тим

Пресметка

До 2011 година, екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по завршена етапа; временските бонуси и казните не се пресметувале. Во екипниот хронометар, екипата го добива времето на петтиот возач од екипата кој ја поминува целта или последниот возач, ако се помалку од пет возачи. Ако екипата има помалку од тројца останати велосипедисти, екипата се повлекува од пласманот.

Статус

Екипниот пласман се смета за помалку важен во споредба со (поединечниот) генералниот пласман и ретко некоја екипа има за цел да победи во екипниот пласман. Ако во текот на трката, екипата се најде во добра положба да го освои екипниот пласман, екипата можеби ќе ја смени тактиката со цел да победи.[1]

Кога Ленс Армстронг ги изгубил надежите за победа на Тур де Франс 2010, им наредил на неговите колеги да ги држат нивните главни соперници во екипниот пласман и неговата екипа, Тим РадиоШек, го освоил екипниот пласман.[1]

Добриот резултат во екипниот плас2ман може да ѝ помогне на екипата да се квалификува за наредниот Тур де Франс. Во 2010 година, системот бил поставен да одреди кои екипи ќе бидат UCI World Tour екипи, а екипниот пласман на Тур де Франс бил дел од системот.[1]

Историја

Во текот на првите години на Тур де Франс, велосипедистите возеле како поединци. Иако имале спонзори, не им биле дозволени да бидат дел од екипа, бидејќи организаторот на трката Анри Дегранж сакал да се види силата на поединците. Во тие години, велосипедистите исто така можеле да учестуваат без спонзори. Тие биле категоризирани под различни имиња:[2]

  • 1909-1914: Изолес
  • 1919: Категорија Б
  • 1920-1922: 2. класа
  • 1923-1926: Туристес-Рутиерс
  • 1937: Поединци

Во 1930 година, Анри Дегранж се откажал од идејата дека велосипедистот треба да се трка поединечно и го променил системот во борба на екипи. Сè уште бил против учество на спонзори, па така велосипедисти биле групирани во земји. Оваа состојба на Тур постоела во периодите 1930–1961 и 1967–1968. Помеѓу 1962 и 1966 година и по 1969 година, можеле да учествуваат и спонзорирани екипи.

При влезот на екипите во 1930 година била воведена и награда за победничката екипа.[3] Во 1930 година, пласманот бил пресметуван со додавање на времињата на тројцата најдобри возачи во генералниот пласман.

Во 1961 година, системот бил променет. Екипниот пласман бил променет во бодовен систем, каде екипата добивала еден бод за најдобро екипно време на етапата, а екипата со најмногу бодови била победник. Овој систем исто така бил користен во 1962 година, но во 1963 година пресметката била вратена на времињата. Во 1970-тите, овој систем бил повторно воведен како екипен бодовен пласман, иако во различен облик: по секоја етапа, сите велосипедисти добивале бодови (1 за победникот, 2 за вториот, итн.) и овие биле додавани, а екипата со најмалку бодови била победник на екипниот бодовен пласман.[4]

До 1990 година, предводниците на екипниот пласман можеле да се препознаат по жолтите капи. Од 2006 година, најдобрата екипа носи црни броеви на жолта позадина на нивните дресови.[1] Почнувајќи од 2012 година, најдобрата екипа добила право, но не и обврска, да носи и жолти кациги.[5][6]

Победници во екипниот пласман

Победници во екипниот пласман[7]
ГодинаЕкипа
1930  Франција
1931  Белгија
1932  Италија
1933  Франција
1934  Франција
1935  Белгија
1936  Белгија
1937  Франција
1938  Белгија
1939  Белгија Б[8]
1947  Италија
1948  Белгија A[8]
1949  Италија A[8]
1950  Белгија A[8]
1951  Франција
1952  Италија
1953  Холандија
1954  Швајцарија
1955  Франција
1956  Белгија
1957  Франција
1958  Белгија
1959  Белгија
1960  Франција
1961  Франција
1962Сен Рафаел
1963Сен Рафаел
1964Пелфорт
1965Кас
1966Кас
1967  Франција
1968  Шпанија
1969Фаема
1970Салварани
1971Бик
1972Жан-Мерсие
1973Бик
1974Кас
ГодинаЕкипа
1975Жан-Мерсие
1976Кас
1977ТИ-Рали
1978Мико-Мерсие
1979Рено
1980Мико-Мерсие
1981Пежо
1982Коп-Мерсие
1983ТИ-Рали
1984Рено
1985Ла Вие Клер
1986Ла Вие Клер
1987Систем У
1988ПДМ
1989ПДМ
1990З-Пежо
1991Банесто
1992Карера Џинс-Вагабонд
1993Карера Џинс-Тасони
1994Фестина
1995ONCE
1996Фестина
1997Тим Телеком
1998Кофидис
1999Банесто
2000Келме
2001Келме
2002ОНСЕ
2003Тим ЦСЦ
2004Т-Мобајл Тим
2005Т-Мобајл Тим
2006Т-Мобајл Тим
2007Дискавери Канал
2008Тим ЦСЦ Саксо Банк
2009Астана
2010Тим РадиоШек
2011Гармин-Сервело
2012РадиоШек-Нисан
2013Тим Саксо-Тинкоф
2014Аг2р-Ла Мондијал
2015Мовистар Тим
2016Мовистар Тим
2017Тим Скај
2018Мовистар Тим

Победници во екипниот бодовен пласман

Помеѓу 1973 и 1989, постоел дополнителен екипен бодовен пласман.

Победници во екипниот бодовен пласман[9]
ГодинаЕкипа
1973Жан-Мерсје
1974Жан-Мерсје
1976Жан-Мерсје
1977Пежо
1978Рали
1979Рено
1980Рали
1981Пежо
1982Рали
1983Рали
1984Панасоник-Рали
1985Ла Вие Клер
1986Панасоник
1987Систем У
1988ПДМ

Наводи