Жо-Вилфрид Цонга

француски тенисер
(Пренасочено од Жо-Вилфред Цонга)

Жо-Вилфрид Цонга (француски изговор: [(d)ʒo wilfʁid t͡sɔŋɡa]; роден на 17 април 1985(1985-04-17) во Ле Ман) е француски професионален тенисер. Негово највисоко место на АТП листата е петтото место, којшто го достигнал на 27 февруари 2012 година.

Жо-Вилфрид Цонга
Земја Франција
Место на живеењеГингинс, Швајцарија
Роден на17 април 1985(1985-04-17)(39 г.)
Роден воЛе Ман, Франција
Спорт Тенис
Висина1.88 м
Професионалец2004
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Заработка$ 12,727,861
Поединечно
Победи-порази295–135
Титули10
Највисок пласманБр. 5 (27 февруари 2012)
Сегашен пласманБр. 12 (14 април 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенF (2008)
Ролан ГаросSF (2013)
ВимблдонSF (2011, 2012)
УС ОпенQF (2011)
Други турнири
Мастерс купF (2011)
Олимписки игриQF (2012)
Во двојки
Победи-порази68–43
Титули4
Највисок пласманБр. 33 (26 октомври 2009)
Сегашен пласманБр 190 (14 април 2014)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2R (2008)
Ролан Гарос1R (2002, 2003, 2009)
ВимблдонQ1 (2007)
Мастерс купДруги турнири во двојки
Сребрен медал (2012)
Ажурирано на: 20 март 2014.
Жо-Вилфрид Цонга
Медали
Натпреварувач за  Франција
Олимписки игри
Сребрен медал – второ место2012 ЛондонДвојки

Цонга стана познат на јавноста по извонредниот настап на Отвореното првенство на Австалија во 2008 година, кога, како неносител, стигна до финалето, претходно победувајќи четири носители на турнирот, вклучувајќи ја и победата во три сета над Светскиот Бр. 2 Рафаел Надал во полуфиналето. Во финалето, Цонга не успеа да стигне до Гренд слем титулата, и беше поразен од Светскиот Бр. 3 Новак Ѓоковиќ во четири сета.

По финалето во Мелбурн, Цонга успеал да стигне и до својата прва АТП Мастерс 1000 титула, освојувајќи го Мастерсот во Париз во 2008, и со тоа го заверил пласманот на АТП завршниот Мастерс во годината во Шангај, Кина. Три години подоцна, Цонга успеал да стигне до финалето на АТП завршниот Мастерс во годината, каде бил поразен од петкратниот освојувач и бранител на титулата, Роџер Федерер.

Тој е еден од малкуте активни играчи кој успеал да стигне до четвртфиналата рунда на сите четири гренд слем турнири. Тој исто така е единствениот тенисер кој има остварено гренд слем победи над сите од големата четворка (Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј).

Кариера

Јуниор

Како јуниор, Цонга остварил вкупен резултат од 90 победи и 28 порази во поединечна конкуренција, и се искачил на 2-то место на јуниорската ИТФ список на 13 октомври 2003 година.[1]

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Отворено првенство на Австралија: Полуфинале (2002, 2003)
Отворено првенство на Франција: Полуфинале (2003)
Вимблдон: Полуфинале (2003)
Отворено првенство на САД: Победник (2003)

Рана кариера

Цонга имаше успешна кариера како јуниор, освојувајќи ја јуниорската титула на Отвореното првенство на САД во 2003 победувајќи го Маркос Багдатис во финалето. Тој исто така успеа да стигне до полуфиналето на останатите три Гренд слем турнири.

Откако станал професионалец во 2004, за Цонга следел незгоден период во кој забележал низа на повреди. Најпрво кон крајот на годината, тој боледувал од дискус хернија, а потоа во 2005 се здобил со две повреди на десното рамо. Од октомври 2005 па сè до февруари 2006, Цонга имал проблеми со грбот и стомачните мускули и кон крајот на 2006 тој повторно се здобил со повреда на стомачните мускули. Вкупно, за тоа време тој одиграл само осум турнири.

Соперништва

Цонга - Ѓоковиќ

Најпознато соперништво на Жо-Вилфрид Цонга е соперништвото со Новак Ѓоковиќ.[2] Цонга и Ѓоковиќ досега се имаат сретнато 16 пати, и Цонга има негативен биланс од вкупно 5 победи и 11 порази.[3] Тие за првпат играле еден против друг во финалниот натпревар на Отвореното првенство на Австралија во 2008 година; откако претходно во полуфиналните натпревари, двајцата тенисери забележале победи над најдобрите двајца тенисери во светот, Роџер Федерер[4] и Рафаел Надал[5] во три сета. Ѓоковиќ забележал победа во финалето во четири сета, и успеал да ја освои својата прва гренд слем титула.[6] Потоа францускиот тенисер остварил серија од четири победи во низа, која Ѓоковиќ ја запрел на Мастерсот во Мајами во 2009.

Нивната следна средба на гренд слем турнир била повторно на Отвореното првенство на Австралија, во четвртфиналето од 2010 година, точно две години откако Ѓоковиќ бил подобар од Цонга и успеал да ја освои својата прва титула на гренд слем турнирите. Овојпат Цонга бил подобар и успеал да забележи победа во пет сета.[7] По година и пол, двајцата тенисери го одиграле својот прв меѓусебен двобој на трева, во полуфиналето на Вимблдон 2011 – и тука влогот бил многу поголем, бидејќи победникот на натпреварот ќе стигнел до своето прво финале на терените на Ол Ингланд клубот. Ѓоковиќ успеал да забележи победа во четири сета и да се пласира во финалето на гренд слемот,[8] а со тоа и успеал да ја прекине доминацијата од седум и пол години на Роџер Федерер и на Рафаел Надал на врвот на АТП листата, искачувајќи се на првото место. Во 2012, на Отвореното првенство на Франција, Цонга и Ѓоковиќ повторно се сретнале во важен натпревар, во четвртфиналето на турнирот. Откако го изгубил првиот сет, Цонга се вратил во натпреварот и ги освоил следните два сета, а потоа во четвртиот сет имал две меч топки на сервис на Ѓоковиќ, кои не успеал да ги искористи, при што србинот го однел четвртиот сет во тај-брејк. Во тај-брејкот, Цонга успеал да ги спаси првите две сет топки, но во третиот обид, Ѓоковиќ успеал да го освои сетот и да го однесе натпреварот во петти одлучувачки сет. Цонга не успеал да се пласира во полуфиналето, и петтиот сет го загубил со убедливи 6–1.[9]

Два месеци подоцна, Цонга бил поразен од Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот на Летните олимписки игри 2012 со 6–1, 7–5 .[10] Во првата недела од октомври, српскиот тенисер повторно бил поуспешен и успеал да слави над Цонга во финалето на Отвореното првенство на Кина во два сета.[11] Последниот натпревар во 2012 година, Ѓоковиќ и Цонга го одиграле во ракмите на групната фаза од АТП завршниот Mастерс, каде Ѓоковиќ бил поуспешен и победил во два сета.[12] Тоа било за Цонга петти пораз од Ѓоковиќ во 2012.

Двајцата тенисери последен пат се сретнале во полуфиналето на Мастерсот во Шангај во 2013 година, и Ѓоковиќ успеал да оствари победа во два сета.[13]

Стил на игра

Цонга е познат по своите силни сервис удари, како и по моќниот форхенд удар и одличното чувство на игра на мрежа. Тој игра напаѓачки стил на игра од основната линија, но често знае да ги комбинира своите удари и да истрчува на мрежа. Тој моментално е еден од малкуте активни играчи кој често практикува сервис-волеј игра. И покрај висината, неговото движење на теренот се смета за многу добро.

Сервис

Сервисот на Цонга е еден од неговите најбрзи, најсилни и најдоминантни удари. Брзите сервиси проследени со ротација често му овозможуваат на Цонга да создава и освојува лесни сервис бодови. Неговите силни сервиси често достигнуваат брзина и до 225 км/ч.

Подлоги

До денес, Цонга најдобрите резултати ги има постигнато на тврда подлога, посебно на Отвореното првенство на Австралија, каде играше во финалето во 2008, во четвртфиналната фаза во 2009 и во полуфиналето во 2010. Во својата АТП кариера, поголемиот дел од финалињата Цонга ги одигра на тврда подлога. На трева, тој беше полуфиналист на Вимблдон во 2011 и 2012, и финалист на првенството на клубот Квинс во 2011. По правило, Цонга не бележи добри резултати на Земјина подлога, иако неговите способности на оваа подлога напредуваат, а резултат на тоа се четвртфиналињата на Отвореното првенство на Франција, Мастерсот во Монте Карло и Мастерсот во Рим во 2012 година. Во 2013, тој заигра уште подобро на оваа подлога. Впрочем, Цонга стигна до своите први две полуфиналиња на земја, најпрво на Мастерсот во Монте Карло, каде беше поразен од Рафаел Надал[14] и на Отвореното првенство на Франција, каде беше поразен од Давид Ферер, откако претходно забележа победа над Рожер Федерер.

Цонга играјќи волеј на мрежа против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон 2011.

Удари и игра на мрежа

Цонга е познат по своите агресивни удари. Неговиот форхенд и бекхенд се доста ефективни при одигрувањато на бодовите. Неговиот силен, остар и прецизен форхенд е негов најпостојан удар, посебно кога е испратен право на страната на противникот. Иако неговиот бекхенд не е главно толку силен како неговиот форхенд за време на бодовите, сепак тој е способен да нападне преку својот бекхенд удар. Неговата игра на мрежа е паметна, посебно кога напаѓа во бодовите. Тој знае да игра и еднорачен и дворачен бекхенд.[15] Тој го додаде еднорачниот бекхенд во својот репертоар на удари во средината на 2011, видлив во финалето против Мареј на Квинс Клуб Првенството и против Федерер во четвртфиналето на Вимблдон.

АТП финалиња во кариерата

Поединечно: 19 (10-9)

Легенда
Гренд Слем (0–1)
АТП завршен Мастерс во годината (0–1)
АТП Мастерс 1000 (1–1)
АТП World Tour 500 Series (1–2)
АТП World Tour 250 Series (8–4)
Финалиња по подлога
Тврда (10–8)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултат
Финалист1.31 јануари 2008Отворено првенство на Австралија, МелбурнТврда Новак Ѓоковиќ6–4, 4–6, 3–6, 6–7(2–7)
Победник1.28 септември 2008Бангкок, ТајландТврда Новак Ѓоковиќ7–6(7–4), 6–4
Победник2.2 ноември 2008Париз, ФранцијаТврда Давид Налбандијан6–3, 4–6, 6–4
Победник3.2 февруари 2009Јоханесбург, Јужна АфрикаТврда Жереми Шарди6–4, 7–6(7–5)
Победник4.16 февруари 2009Марсеј, ФранцијаТврда Микаел Лодра7–5, 7–6(7–3)
Победник5.5 октомври 2009Токио, ЈапонијаТврда Микаил Јужни6–3, 6–3
Финалист2.13 февруари 2011Ротердам, ХоландијаТврда Робин Седерлинг3–6, 6–3, 3–6
Финалист3.13 јуни 2011Лондон, УКТрева Енди Мареј6–3, 6–7(2–7), 4–6
Победник6.25 септември 2011Мец, ФранцијаТврда Иван Љубичиќ6–3, 6–7(4–7), 6–3
Победник7.30 октомври 2011Виена, АвстријаТврда Хуан Мартин дел Потро6–7(5–7), 6–3, 6–4
Финалист4.13 ноември 2011Париз, ФранцијаТврда Роџер Федерер1–6, 6–7(3–7)
Финалист5.27 ноември 2011АТП завршен Мастерс во годината, Лондон, УКТврда Роџер Федерер3–6, 7–6(8–6), 3–6
Победник8.7 јануари 2012Доха, КатарТврда Гаел Монфилс7–5, 6–3
Победник9.23 септември 2012Мец, Франција (2)Тврда Андреас Сепи6–1, 6–2
Финалист6.7 октомври 2012Пекинг, КинаТврда Новак Ѓоковиќ6–7 (5–7), 2–6
Финалист7.21 октомври 2012Стокхолм, ШведскаТврда Томаш Бердих6–4, 4–6, 4–6
Победник10.24 февруари 2013Марсеј, Франција (2)Тврда Томаш Бердих3–6, 7–6(8–6), 6–4
Финалист8.22 септември 2013Мец, ФранцијаТврда Жил Симон4–6, 3–6
Финалист9.23 февруари 2014Марсеј, ФранцијаТврда Ернест Гулбис6–7(5–7), 4–6

Во двојки: 8 (4-8)

Легенда
Гренд Слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–0)
Олимписки игри (0–1)
АТП World Tour 500 Series (0–0)
АТП World Tour 250 Series (3–3)
Финалиња по подлога
Тврда (3–3)
Земја (0–0)
Трева (0–1)
Тепих (1–0)
ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПартнерПротивнициРезултат
Победник1.22 октомври 2007Лион, ФранцијаТепих Себастијан Грожан Лукаш Кубот
Ловро Ѕовко
6–4, 6–3
Победник2.7 јануари 2008Сиднеј, АвстралијаТврда Ришар Гаске Боб Брајан
Мајк Брајан
4–6, 6–4, [11–9]
Победник3.11 јануари 2009Бризбејн, АвстралијаТврда Марк Гикел Фернандо Вердаско
Миша Ѕверев
6–4, 6–3
Победник4.18 октомври 2009Шангај, КинаТврда Жулијен Бенето Мариуш Фурстенберг
Марќин Матковски
6–2, 6–4
Финалист1.20 февруари 2011Марсеј, ФранцијаТврда Жулијен Бенето Робин Хасе
Кен Скупски
3–6, 7–6(7–4), [11–13]
Финалист2.26 февруари 2012Марсеј, Франција (2)Тврда Дастин Браун Николас Мау
Едуард Рожер-Васлен
6–3, 3–6, [6–10]
Финалист3.5 август 2012Летни олимписки игри 2012, Лондон, УКТрева Микаел Лодра Боб Брајан
Мајк Брајан
4–6, 6–7(2–7)
Финалист4.22 септември 2013Мец, ФранцијаТврда Николас Мау Јохан Брунстрем
Равен Класен
4–6, 6–7(5–7)

Наводи

Надворешни врски

Награди
Претходник
Бенџамин Бекер
АТП Нов играч на годината
2007
Наследник
Кеј Нишикори