Зале-Унштрут

Зале-Унштрут (германски: Saale-Unstrut) — регион за квалитетно вино во Германија,[1] и го добил името од реките Зале и Унштрут. Регионот се наоѓа на различни ридски падини околу овие реки. Поголемиот дел од регионот, околу 685 хектари во 2008 под винова лоза[2] се наоѓа во покраината Саксонија-Анхалт и околу 20 хектари во покраината Тирингија.

Лозја кај Фрајбург.

Географија и клима

Зале-Унштрут е најсеверниот вински регион во Германија и еден од најсеверните традиционални вински региони во Европа. Вината од опатијата Мемлебен биле спомната во литературата уште во 998 година.[1] Поради постудената клима Шпетлезе или Ауслезе може да се произведуваат само во исклучително топли години и приносите се генерално слаби.

Регионот во округот Бургенланд има вински пат, кој бил отворен во 1993.

Видови грозје

Најпознатите видови на грозје се белите видови Милер-Тургау, на 126 хектари или 18,4% од лозовите насада во 2008 и Вајсбургундер (Пино блан) на 12,1%.[2] Белите видови грозје се присутни на 74% од плантажите во Зале-Унштрут. Видовите како Милер-Тургау и Силванер, кои насекаде се сметаат дека даваат вино со просечен квалитет, понекогаш се сметаат дека даваат подобри вина во ладна клима како во Зале-Унштрут. Вината се прават од една сорта вина, како повеќето германски вина и генерално се винифицираат суви со освежувачка киселост, што резултира од растењето во ладни услови.

Најмногу засадени видови грозје, по површина во 2008, биле:[3]

  • Милер-Тургау, 126 ha (18,4%)
  • Вајсер Бургундер, 83 ha (12,1%)
  • Силванер, 57 ha (8,3%)
  • Ризлинг, 50 ha (7,3%)
  • Дорнфелдер, 50 ha (7,3%)
  • Сино португалско, 46 ha (6,7%)
  • Кернер, 45 ha (6,6%)
  • Грауер Бургундер, 33 ha (4,8%)
  • Бакхус, 32 ha (4,7%)
  • Ротер Траминер, 29 ha (4,2%)
  • Шпетбургундер, 27 ha (3,9%)
  • Гутедел, 24 ha (3,5%)
  • Регент, 19 ha (2,8%)
  • Цвајгелт, 19 ha (2,8%)

Наводи

Надворешни врски