Кенигзе

град во Германија

Кенигзе (германски: Königsee) — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 12 километри источно од Илменау и 35 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт. До 2018 година бил наречен Кенигзе-Ротенбах.

Кенигзе

Königsee

Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Градскиот плоштад
Грб на Кенигзе
Кенигзе во рамките на Германија
Кенигзе
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругЗалфелд-Рудолштат
Градски единици24
ГрадоначалникМарко Вашковски (независен)
Основни податоци
Површина103,09 км2
Надм. височина377 м
Население7.307 (31 декември 2020)[1]
 - Густина71 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.SLF
Пошт. бр.07426
Повик. бр.036739, 036738
Порталwww.koenigsee-rottenbach.de
Местоположба на градот Кенигзе во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати50°39′41″N 11°05′50″E / 50.66139° СГШ; 11.09722° ИГД / 50.66139; 11.09722

Географија

Кенигзе се наоѓа во северозападниот дел на округот Залфелд-Рудолштат на височина од 377 метри.

Соседни места

Градот се граничи со следниве единици (почнувајќи од север, надесно): Штатилм, Рудолштат, Бад Бланкенбург, Бехштет, Алендорф, Зицендорф, Унтервајсбах, Шварцатал, Гросбрајтенбах и Илменау.

Градски единици

Градот територијално е поделено на 24 места:

Градска единицаМеста
Кенигзе

Кенигзе, Дернфелд на Хајде, Гарзиц, Хорба, Лихта, Оберкедиц и Унтеркедиц како Кедиц, Обершеблинг, Унтершеблинг

Ротенбах

Ротенбах, Хенгелбах, Лојтниц, Милбиц, Паулинцела, Квителсдорф, Золсдорф, Шторхсдорф, Телендорф

Оберхајн

Оберхајн, Баригау, Манкенбах, Унтерхајн

Дребишау

Дребишау, Егелсдорф

Историја

Денешниот град бил создаден на 31 декември 2012 година со спојување на поранешниот град Кенигзе и општината Ротенбах под името Кенигзе-Ротенбах. На 1 јануари 2019 година, поранешните општини Дребишау и Оберхајн биле припоени кон градот и името повторно било променето во Кенигзе.[2]

Политика

Градски совет

Градскиот совет на градот Кенигзе се состои од 20 членови.

Првите општински избори на 14 април 2013 година и изборите на 26 мај 2019 година ги дале следниве резултати:

Партии и листи2013[3]2019[4]
%Места%Места
IWW FWIWW-Слободни гласачи Кенигзе(-Ротенбах)23,5521,14
TKТим Кенигзе18,04
FWGСлободно гласачко друштво Кенигзе(-Ротенбах)22,9416,93
CDUДемохристијански сојуз на Германија21,6414,23
UWGKНезависно гласачко друштво Кенигзе8,0211,62
LINKEЛевица отворена листа/Левица8,928,52
WG FFWИзборна група Доброволни противпожарникари4,615,81
FDPСлободна демократска партија4,613,81
SPDСоцијалдемократска партија на Германија5,81
Вкупно100,020100,020
Излезност во %66,262,5

Градоначалник

Градоначалник на градот е Марко Вашковски (независен), избран на 31 март 2019 година во прв круг.[5][6]

Збратимени градови

Кенигзе е збратимен со следниве градови:

Галерија

Наводи

Надворешни врски