Кирил Николовски

Македонски кошаркар

Кирил Николовски (роден на 9 јуни 1988 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој играл за кошаркарскиот клуб Работнички.

Кирил Николовски
Кире во сезоната 2012/13
Кире во сезоната 2012/13
Прекар(и)Кире
ПозицијаКрилен центар
Центар
Висина2,10 м
Тежина105 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубРаботнички
Број11
Роден9 јуни 1988(1988-06-09)(36 г.)
СкопјеСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2006–
Клубови
Репрезентација
Инфо од: 23.02.2018.

Клупска кариера

Професионалната кариера ја започнал во МЗТ Аеродром во сезоната 2006/07.[1] Во МЗТ продолжил да настапува и во сезоната 2007/08.[2] За сезоната 2008/09, Николовски се преселил во Вардар.[3][4] Следната сезона потпишал за новиот прволигаш Вардар Осигурување. Со тој клуб станал вицепрвак во Лигата и полуфиналист во Купот 2010. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Николовски се вратил во МЗТ Аеродром за сезоната 2010/11. Со МЗТ стигнал до полуфиналето во Првенството и до финалето во Купот 2011 каде биле поразени. Со Фени Индустри бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. Следните три сезони пак се вратил во МЗТ Аеродром. Во тој период ја освоил Првата лига во сезоните 2012/13, 2013/14, 2014/15, како и Купот на Македонија во изданијата 2013 и 2014.Во јули 2015 година, Кирил повторно потпишал за Фени Индустри.[5][6] Во јуни 2016 година, Кирил потпишал нов договор со Фени Индустри.[7] Во јуни 2017 година, тој се преселил во Карпош Соколи.[8] Поради финасиската криза во Карпош Соколи, тој во ноември го напуштил клубот и потпишал за Работнички.[9][10][11] Во таа сезона, Николовски со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николовски продолжил во редовите на Работнички.[12] Поради повреда, уште од февруари 2019 година, тој го пропуштил остатокот на Првенството.[13][14] Со Работнички, Николовски го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. За сезоната 2019/20, Николовски останал во Работнички.[15] Кирил бил сè уште под траечки договор со Работнички за сезоната 2020/21.[16] Во средината на март 2021 година, Кирил Николовски се здобил со повреда на лактот, што довело до неможност да настапува во дресот на Работнички.[17]

Репрезентативна кариера

Николовски исто така е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија, кога ја претставувал Македонија на Европското првенство под 16 години. Тој се натпреварувал со сите кошаркарски генерации: под 16 години, под 18, под 20 па дури и со сениорската селекција.[18] Тој и помогнал на Македонија да обезбеди пласман на Евробаскетот 2011.[19]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Николовски.[20] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[21]

Успеси

Титули

МЗТ Аеродром

Работнички

Признанија

  • Најдобар скокач (8,7) во Супер лигата 2010/11
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2010/11[22]
  • Втора најдобра петорка на сезоната 2015/16[23]
  • Најдобар стрелец во Купот на Македонија - издание 2017[24][25]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2016/17[26]
  • Најдобра домашна петорка на сезоната 2016/17[26]

Надворешни врски

Наводи