Месхари
Месхари (албански: Meshari, што значи молитвеник на албански јазик) – име на книгата која ја напишал Ѓон Бузуку во 1555 година и која е прва книга во која се наоѓаат зборови на албанскиот јазик (дијалект на Гегите) со буквите на латинскиот јазика и една буква (ћ) од српската кирилица[1]. Книгата содржи 188 страници напишани во две колони и претставува испис на изговорот на најважниот дел на католичка литургија на албански јазик. Оригиналот се чува во библиотеката во Ватикан.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/dc/Buzuku_meshari.jpg/260px-Buzuku_meshari.jpg)
Месхари бил откриен од Јован Никола Казази во 1740 година. Потоа бил изгубен и повторно откриен во 1909 година. Отецот Јустин Рота прв го фотокопирал Месхари во 1930 година и донел копија во Албанија. Фототипско издание било издадено во 1968 година со транслитерации и лингвистички коментари.
Наводи
Надворешни врски
- Месхари и Ѓон Бузуку (албански)
- Биографија на Ѓон Бузуку (англиски)
- Биографија (албански)
- Цел текст на изворен дијалект (албански)