Париз-Рубе 2014

Париз-Рубе 2014 — 112. издание на класичната велосипедска еднодневна трка Париз-Рубе. Се одржала на 13 април 2014 на растојание од 257 километри и била десетта трка во сезоната на Светската турнеја.

Париз-Рубе 2014
Светска турнеја на UCI 2014, трка 10 од 28
Детали за трката
Date13 април 2014
Растојание257 км
Време6ч 09' 01" (25,9 км/ч)
Добитници на наградите
Победник Ники Терпстра (ХОЛ)(Омега Парма-Квик Степ)
Втор Џон Дегенколб (ГЕР)(Џајант-Шимано)
Трет Фабијан Канчелара (ШВА)(Трек Фактори Рејсинг)
2013
2015

Трката била освоена од Ники Терпстра од екипата Омега Парма-Квик Степ, откако нападнал од мала група на возачи на околу шест километри пред целта.[1] Завршил 20 секунди пред остатокот на групата, која била предводена од возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб и Фабијан Канчелара од Трек Фактори Рејсинг, бранителот на титулата од минатата година.[2]

Екипи

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На седум други екипи им биле доделени специјални покани, со тоа создавајќи ја групата од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[3]

  • Специјално поканети професионални континентални екипи на трката.

Резултати

Ники Терпстра по трката
ВелосипедистЕкипаВреме
1  Ники Терпстра (ХОЛ)Омега Парма-Квик Степ6ч 09' 01"
2  Џон Дегенколб (ГЕР)Џајант-Шимано+ 20”
3  Фабијан Канчелара (ШВА)Трек Фактори Рејсинг+ 20”
4  Сеп Ванмарке (БЕЛ)Белкин Про Сајклинг+ 20"
5  Здењек Штибар (ЧЕШ)Омега Парма-Квик Степ+ 20"
6  Петер Саган (СВК)Канондејл+ 20"
7  Герајнт Томас (ВБР)Тим Скај+ 20"
8  Себастијан Лангевелд (ХОЛ)Гармин-Шарп+ 20"
9  Бредли Вигинс (ВБР)Тим Скај+ 20"
10  Том Бонен (БЕЛ)Омега Парма-Квик Степ+ 20"

Наводи

Надворешни врски