Порфириј (српски патријарх)

патријарх српски

Патријарх Порфириј, роден како Првослав Периќ — патријарх на Српската православна црква, ракоположен на 18 февруари 2021 година.

Патријарх Порфириј
Архиепископ пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.г. Порфириј
ЦркваСрпска православна црква
СедиштеБелград
Ракоположен18 февруари 2021
ПретходникПатријарх Иринеј
Лични податоци
Световно имеПрвослав Периќ
Роден22 јули 1961(1961-07-22)
Бечеј, Србија

Роден е на 22 јули 1961 година во Бечеј, Србија. Пораснал во селото Чуруг, општина Жабаљ, каде што завршил основно училиште, а гимназија во Нови Сад. Во 1986 година завршил Православен богословски факултет во Белград, а една година претходно, во 1985, бил замонашен во манастирот во Дечани на Косово. По завршувањето на факултетот заминал на постдипломски студии во Атина каде што останал до 1990 година. На 14 мај 1999 бил избран за викарен епископ егерски. Во 2004 година на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски универзитет во Атина одбранил докторска дисертација. На 24 мај 2014 бил избран за митрополит загрепско-љубљански.[1]

Библиографија

  • Лице в Лице — Библиско-пастирски размисли за Бог, човекот и светот (Лицем к Лицу — Библијско-пастирска промишљања о Богу, човеку и свету), Белград—Загреб, 2015.[1]
  • Премудрост во Тајната скриена — Ставови од Теологијата на апостол Павле (Премудрост у Тајни сакривена — Огледи из Теологије апостола Павла), Белград, 2020.[1]

Награди и признанија

Галерија

Наводи