Соленица

извор на солена вода кај селото Сланско близу Македонски Брод

Соленица (или Солена Вода) — извор на солена вода кој се наоѓа веднаш до течението на Сланска Река, во самото нејзино течение од десната страна, непосредно близу од селото Сланско недалеку од Македонски Брод. Изворот е соѕидан во бетонска каптажа која е отворена од горната страна, со можност за црпење и полнење на вода и мала истека во самата река. Водата од изворот е многу солена и се одликува со голема проѕирност. Според мерења извршени по Првата балканска војна од Хемиската лабораторија од Белград, водата од овој извор содржела 36 грама чиста готварска сол во 1 литар вода[1]. Се смета дека според овој извор селото Сланско го добило своето име, а од неговата вода се меси и добар леб[2]. Во текот на светските војни многу селани од околината и од Прилепско доаѓале на изворот Соленица да полнат вода за месење на леб.

Галерија

Наводи