Машката кошаркарска репрезентација на Германија е репрезентацијата кој ја претставува државата на меѓународните натпреварувања. Репрезентацијата е предводена од Германскиот кошаркарски сојуз и е член на ФИБА Европа. Германија е наследник на Западна Германија и по обединувањето на Западна со Источна Германија има само една репрезентација. До денес Германија има 20 учества на Евробаскетот со едно злато и едно сребро, пет учества на олимписките турнири без медали и пет учества на светските првенства со една бронза.