Википедија:Вовед

1. Вовед
4. Почетен курс

Што е Википедија?

Википедиите се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 143.574 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.

Можам ли и јас да пишувам на Википедија?

На врвот од секоја страница се наоѓа јазиче „уреди(зголеми)

Го гледате ли јазичето „Уреди“ на врвот од страницава? На Википедија можете веднаш да поправате грешки и да ги надополнувате статиите! Стискајќи го ова јазиче (наспроти јазичето „Читај“) Ви се отвора нов прозорец во кој можете да ја промените или дополните содржината на страницата.

Википедија претставува мрежно место наречено „вики“ — ова значи дека секој може да ја уредува нејзината содржина, а со тоа и Вие! Впрочем, потребна ни е Вашата помош. Дадете го својот придонес за подобрување на слободното знаење на македонски!

Зошто да не го пробате уредувањето уште сега?

  1. Стиснете овде за да го отворите „песокот“, страница на која можете да правите тест-уредувања (ако таму веќе има некој текст, само пишувајте на крајот од него);
  2. Внесете некаков текст;
  3. Стиснете на Преглед за да прегледате како ќе изгледаат промените, а потоа на Зачувај кога ќе бидете задоволни од изгледот и тие веднаш ќе се појават на страницата.

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица