Аоре

Аоре (бислама: Aore) е остров во покраината Санма во островската држава Вануату.[1] Островот се наоѓа спроти Луганвил, помеѓу островите Еспириту Санто и Мало. Источно од островот се островите Бокиса и Тутуба. Доминантен јазик на островот е аорејскиот јазик.

Аоре
Aore
остров
Поглед кон Аоре.
Поглед кон Аоре.
Држава Вануату
ПокраинаСанма
Површина
 • Вкупна57,6 км2 (222 ми2)
Најг. вис.&10000000000000122000000122 м
Население (2009)
 • Вкупно556
 • Густина0,97/км2 (2,5/ми2)
Час. појасVUT (UTC+11)

Географија

Вкупната површина на островот е 58 км2. Просечната надморска висина на островот е 89 метри.[2][3][4] Островот има тропска клима со просечни годишни врнежи од 3000 мм. На островот често има циклони.

На западниот брег има два залива, Аимбуеј и Порт Бениер. Од Санто е одделен со каналот Сегонд. Покрај јужниот брег на Аоре се наоѓаат малите островчиња: Ратуа со уште две мали островчиња (Малевату) и карпи и островчето Векеса или Пурумамаса.

Туризам

Главни туристички активности на островот се риболов и нуркање. На Аоре има бројни ресорти кои се наменети за туристи, но и за свечени церемонии како свадби и крштевки. Во близина на брегот има и потонати бродови кои се примамливи за нуркачите. Туризмот и плантажите се главни стопански гранки на островот.

Религија

На Аоре е активна адвентистичка црква. На островот има и Адвентистичка академија, која има и образовни цели.

Наводи

Надворешни врски