Војдан Стојановски

Македонски кошаркар


Војдан Стојановски (роден на 9 декември 1987 во Скопје) — македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром.

Војдан Стојановски


Лични информации
Роден на9 декември 1987(1987-12-09)(36 г.)
Роден воСкопје, СР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонија Македонија
Висина1,94
Тежина110
ПозицијаБек, Крило
Информации за кариерата
Драфт2009 / Не драфтуван
Проф. кариера2005-
Моментален клуб
КлубМЗТ Скопје Аеродром
Сениорски клубови
Години:Клубови:
2005-2007
2007-2009
2009-2010
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013-2015
2015-2016
2016-2017
2017-2018
2018-2019
2019-2020
2020-2021
2022-
Вардар Вардар
АМАК СП АМАК СП
Напредак Крушевац Напредак Крушевац
Фени Индустри Фени Индустри
Черкаски Мавпи Черкаски Мавпи
Донецк Донецк
Алба Берлин Алба Берлин
Андора Андора
Севиља Севиља
Бујукчекмеџе Бујукчекмеџе
Олденбург Олденбург
По Лак Ортез По Лак Ортез
Гравелине-Данкерк
МЗТ Скопје МЗТ Скопје
Репрезентација
2008-Македонија Македонија

Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски.

Клупска кариера

Кариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Таму останал две сезони и со клубот во 2009 година го освоил Купот на Македонија. По распаѓањето на АМАК СП во 2009 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера во екипата на Напредак Крушевац од Србија, играјќи таму една сезона. За следната сезона 2010-2011, се вратил во Македонија во Фени Индустри, клуб со кој го освоил македонското првенство и Балканската лига.

Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство.

Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. Во својата прва сезона во клубот Војдан и помогнал на Алба да го освои Купот на Германија, совладувајќи го Улм во финалето со 86-80. Во летото 2014 година му пропаднал трансферот во Бремерхафен,[1][2][3] па веднаш потоа потпишал нов договор со Алба Берлин. Во сезоната 2014-2015, Војдан со клубот од Берлин дебитирал во Евролигата, каде одиграл 11 натпревари со просек од 4,3 бода, 1,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига.[4][5][6] Во август 2016 година, се преселил во Севиља,[7] односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот.[8]

На крајот на јуни 2017 година, потпишал за турскиот клуб Бујукчекмеџе од Истанбул.[9][10] За сезоната 2018/19, односно во август, Војдан потпишал за германскиот клуб Олденбург.[11][12] На почетокот на јули, на Војдан му завршила соработката со германскиот клуб.[13][14] По пет месеци без клуб, во декември 2019 година тој потпишал за францускиот клуб По Лак Ортез.[15][16] По истекот на едномесечниот договор со По Ортез, во средината на јануари 2020 година, Војдан се преселил во клубот Гравелин-Данкерк кој исто бил од Франција.[17][18] Во мај, Војдан ја продолжил соработката со Данкерк за следната сезона.[19][20] Во март 2021, за време на тренинг, Војдан се здобил со посериозна повреда на левото колено, со што за него завршила сезоната 2020/21.[21][22]

Репрезентативна кариера

Војдан Стојановски е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Учествувал на Евробаскетот 2009, Евробаскетот 2011, Евробаскетот 2013 и Евробаскетот 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Војдан бил петтиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 37 бода на четири натпревари (9,3 по натпревар).[23]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан.[24] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[25]

Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативни настапи

Хронологија на настапи и постигнати поени за националната селекција - Македонија
ДатаГрадДомашниРезултатГостиНатпреварувањеПоениИнфо
07/09/2009ПознањМакедонија 54 - 86  ГрцијаЕвробаскет 2009 - Прва фаза6
08/09/2009ПознањИзраел 79 - 82  МакедонијаЕвробаскет 2009 - Прва фаза3
09/09/2009ПознањМакедонија 71 - 81  ХрватскаЕвробаскет 2009 - Прва фаза7
11/09/2009БидгошчФранција 83 - 57  МакедонијаЕвробаскет 2009 - Втора фаза2
02/08/2010ЈужнеУкраина 58 - 71  МакедонијаКвал. за Евробаскет 201111
05/08/2010СкопјеМакедонија 78 - 44  УнгаријаКвал. за Евробаскет 20115
08/08/2010ЊукаслВелика Британија 104 - 96  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20113
14/08/2010СкопјеМакедонија 70 - 56  Босна и ХерцеговинаКвал. за Евробаскет 20112
17/08/2010СкопјеМакедонија 71 - 55  УкраинаКвал. за Евробаскет 20115
20/08/2010СолнокУнгарија 85 - 82  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20110
23/08/2010СкопјеМакедонија 75 - 56  Велика БританијаКвал. за Евробаскет 20110
29/08/2010СарајевоБосна и Херцеговина 83 - 71  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20114
31/08/2011АлитусЦрна Гора 70 - 65 прод.  МакедонијаЕвробаскет 2011 - Прва фаза7
01/09/2011АлтиусМакедонија 78 - 76  ХрватскаЕвробаскет 2011 - Прва фаза5
03/09/2011АлитусГрција 58 - 72  МакедонијаЕвробаскет 2011 - Прва фаза2
04/09/2011АлтиусМакедонија 72 - 70  ФинскаЕвробаскет 2011 - Прва фаза16
05/09/2011АлтиусМакедонија 75 - 63  Босна и ХерцеговинаЕвробаскет 2011 - Прва фаза4
08/09/2011ВилниусГрузија 63 - 65  МакедонијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза8
10/09/2011ВилниусМакедонија 68 - 59  СловенијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза11
12/09/2011ВилниусРусија 63 - 61  МакедонијаЕвробаскет 2011 - Втора фаза6
14/09/2011КаунасМакедонија 67 - 65  ЛитванијаЕвробаскет 2011 - Четвртфинале15
16/09/2011КаунасШпанија 92 - 80  МакедонијаЕвробаскет 2011 - Полуфинале6
18/09/2011КаунасМакедонија 68 - 72  РусијаЕвробаскет 2011 - за 3. место5
02/07/2012КаракасАнгола 88 - 84  МакедонијаКвал. за ЛОИ 2012 12
03/07/2012КаракасМакедонија 84 - 62  Нов ЗеландКвал. за ЛОИ 2012 9
06/07/2012КаракасМакедонија 76 - 86  Доминиканска РепубликаКвал. за ЛОИ 2012 3
17/08/2013СкопјеМакедонија 50 - 62  ЛитванијаПријателска8
04/09/2013ЈесеницеМакедонија 80 - 81  Црна ГораЕвробаскет 2013 - Прва фаза8
05/09/2013ЈесеницеЛитванија 75 - 67  МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза4
06/09/2013ЈесеницеМакедонија 89 - 75  СрбијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза7
07/09/2013ЈесеницеБосна и Херцеговина 62 - 54  МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза2
09/09/2013ЈесеницеЛатвија 76 - 66  МакедонијаЕвробаскет 2013 - Прва фаза8
10/08/2014СкопјеМакедонија 76 - 73  БелгијаКвал. за Евробаскет 201516
13/08/2014ХорсенсДанска 75 - 81  МакедонијаКвал. за Евробаскет 201512
17/08/2014МинскБелорусија 70 - 81  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20158
20/08/2014ШарлоаБелгија 63 - 60  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20156
24/08/2014СкопјеМакедонија 80 - 46  ДанскаКвал. за Евробаскет 20152
27/08/2014СкопјеМакедонија 72 - 66  БелорусијаКвал. за Евробаскет 201511
07/08/2015ОхридМакедонија 75 - 58  ИзраелПријателска8
08/08/2015ОхридМакедонија 81 - 51  УкраинаПријателска15
10/08/2015ОхридМакедонија 69 - 64  ИзраелПријателска12
18/08/2015КаунасЛитванија 68 - 62  МакедонијаПријателска14
19/08/2015КаунасМакедонија 68 - 85  ТурцијаПријателска15
22/08/2015МадридШпанија 94 - 63  МакедонијаПријателска8
25/08/2015ЛогроњоШпанија 88 - 54  МакедонијаПријателска8
05/09/2015ЗагребМакедонија 65 - 85  ГрцијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза13
06/09/2015ЗагребХоландија 71 - 78  МакедонијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза11
08/09/2015ЗагребХрватска 73 - 55  МакедонијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза9
09/09/2015ЗагребМакедонија 75 - 90  ГрузијаЕвробаскет 2015 - Прва фаза4
05/08/2016СамоковБугарија 61 - 59  МакедонијаПријателска11
06/08/2016СамоковБугарија 74 - 78  МакедонијаПријателска20
17/08/2016СкопјеМакедонија 73 - 77  Црна ГораПријателска19
18/08/2016СкопјеБелгија 67 - 72  МакедонијаПријателска25
19/08/2016СкопјеМакедонија 69 - 75  Босна и ХерцеговинаПријателска11
24/08/2016МариборСловенија 82 - 67  МакедонијаПријателска14
31/08/2016КавадарциМакедонија 89 - 75  ЛуксембургКвал. за Евробаскет 201728
03/09/2016ЛондонВелика Британија 96 - 79  МакедонијаКвал. за Евробаскет 201728
07/09/2016КавадарциМакедонија 66 - 76  УнгаријаКвал. за Евробаскет 201716
10/09/2016ЛуксембургЛуксембург 74 - 82  МакедонијаКвал. за Евробаскет 20176
14/09/2016КавадарциМакедонија 62 - 89  Велика БританијаКвал. за Евробаскет 201715
17/09/2016СолнокУнгарија 63 - 61  МакедонијаКвал. за Евробаскет 201710
20/07/2017СкопјеМакедонија 52 - 47  ПортугалијаПријателска10
21/07/2017СкопјеМакедонија 78 - 72  ХоландијаПријателска23
22/07/2017СкопјеМакедонија 71 - 67  Босна и ХерцеговинаПријателска4
02/08/2017ПриштинаКосово 72 - 68  МакедонијаКвал. за СП 201917
05/08/2017СкопјеМакедонија 76 - 80  ЕстонијаКвал. за СП 201926
12/08/2017СкопјеМакедонија 87 - 74  ЕстонијаКвал. за СП 201914
16/08/2017ТалинЕстонија 74 - 65  МакедонијаКвал. за СП 201918
23/11/2017ПопрадСловачка 66 - 74  МакедонијаКвал. за Евробаскет 202119
26/11/2017СкопјеМакедонија 83 - 68  ШвајцаријаКвал. за Евробаскет 20219
25/02/2018СкопјеМакедонија 87 - 74  СловачкаКвал. за Евробаскет 202113
ВкупноНастапи71Поени722

Статистика

Евролига

[26]

ГодинаЕкипаОНСНМПНШИ%3П%СФ%СПНАПНУТПНБПНППНИНД
2014–2015 Алба Берлин11013.1.378.368.7501.21.20.50.04.33.4
Кариера11013.1.378.368.7501.21.20.50.04.33.4

Успеси

Титули

Вардар

АМАК СП

Фени Индустри

Донецк

  • Украинска Суперлига (1) : 2011/12

Алба Берлин

  • Куп на Германија (1) : 2014
  • Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014

Признанија

Наводи

Надворешни врски