Машка кошаркарска репрезентација на Македонија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“ — спортска репрезентација која ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.

Македонија Македонија

Ранг листа на ФИБА:34. (во свет, 2016)
13. (во Европа, 2016) [1]
Член на ФИБА од:1993
ФИБА зонаФИБА Европа
Национална федерација:МКФ
Тренер:Јорданчо Давитков
Прекар:Лавови
Црвено-Жолти
Олимписки игри
Учества0
Медали0
Светско првенство
Учества0
Медали0
Евробаскет
Учества5 (1999, 2009, 2011, 2013, 2015)
Медали0
Дресови
Светли jersey
Team colours
Светли
Темни jersey
Team colours
Темни


Репрезентацијата е под покровителство на Македонската Кошаркарска Федерација (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го освоила четвртото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата била одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.[2]

Историја

КФМ, како раководно тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година и една година подоцна била примена во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ, која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ, секоја поранешна југословенска република започнала со нови кошаркарски федерации и репрезентации.

Европски првенства

годинаместонатпреварувањедомаќин
1955Види ЈугославијаЕвробаскет 1955Унгарија
1957Види ЈугославијаЕвробаскет 1957Бугарија
1959Види ЈугославијаЕвробаскет 1959Турција
1961Види ЈугославијаЕвробаскет 1961Југославија
1963Види ЈугославијаЕвробаскет 1963Полска
1965Види ЈугославијаЕвробаскет 1965СССР
1967Види ЈугославијаЕвробаскет 1967Финска
1969Види ЈугославијаЕвробаскет 1969Италија
1971Види ЈугославијаЕвробаскет 1971Западна Германија
1973Види ЈугославијаЕвробаскет 1973Шпанија
1975Види ЈугославијаЕвробаскет 1975Југославија
1977Види ЈугославијаЕвробаскет 1977Белгија
1979Види ЈугославијаЕвробаскет 1979Италија
1981Види ЈугославијаЕвробаскет 1981Чехословачка
1983Види ЈугославијаЕвробаскет 1983Франција
1985Види ЈугославијаЕвробаскет 1985Западна Германија
1987Види ЈугославијаЕвробаскет 1987Грција
1989Види ЈугославијаЕвробаскет 1989Југославија
1991Види ЈугославијаЕвробаскет 1991Италија

Летни олимписки игри

годинаместонатпреварувањедомаќин
1936Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1936Германија
1948Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1948Велика Британија
1952Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1952Финска
1956Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1956Австралија
1960Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1960Италија
1964Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1964Јапонија
1968Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1968Мексико
1972Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1972Германија
1976Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1976Канада
1980Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1980СССР
1984Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1984САД
1988Види ЈугославијаКошарка на Летните олимписки игри 1988Кореја

Светски првенства

годинаместонатпреварувањедомаќин
1950Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1950Аргентина
1954Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1954Бразил
1959Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1959Чиле
1963Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1963Бразил
1967Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1967Уругвај
1970Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1970Југославија
1974Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1974Порторико
1878Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1978Филипини
1982Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1982Колумбија
1986Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1986Шпанија
1990Види ЈугославијаСветско првенство во кошарка 1990Аргентина

Настапи на Македонија како самостојна репрезентација

Евробаскет 1999

Првиот голем успех, македонската кошаркарска репрезентација го забележала во 1999 година, кога се пласирала на завршницата на европското првенство во Франција. За време на ова првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со СР Југославија, Франција и Израел. Во оваа група, Македонија завршила последна, со освоени 3 бода и кош разлика од -21. Целосно гледано, на ова европско првенство, Македонија завршила на 14 место, пред Босна и Херцеговина и последнопласираната Грција.

ЕкипаБодовиПоб.Пор.PCTДПППРаз.
 Сојузна Република Југославија6301.000227181+46
 Франција5210.667200196+4
Израел4120.333191220-29
Македонија3030.000197218-21

Евробаскет 2009

Следниот позначаен резултат Македонија го забележала по 10 години од првото учество на европското првенство, кога успеала да се пласира на завршницата на европското првенство во Полска во 2009 година. На завршниот турнир, Македонија дошла преку квалификациите кои траеле од 3 до 20 септември 2008 година. Македонија била дел од групата Б, заедно со Летонија, Португалија и Естонија. На крајот од квалификациската рунда, Македонија како водач во групата обезбедила место на завршницата во Полска. На Европското првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со Грција, Хрватска и Израел. На ова европско првенство, Македонија го забележала дотогаш најголемиот успех, односно успеала да ја помине групата и на конечната листа да заврши на деветтото место. По поминувањето на групата, Македонија била дел од групата Е, заедно со Франција, Русија, Грција, Хрватска и Германија и завршила на претпоследното место, кое гарантирало деветто место на конечната ранг листа. На овој евробаскет, Македонија го забележала успехот со победување на репрезентациите на Израел и Германија и со конечен рекорд 2-4. На ова првенство, селектор на репрезентацијата бил српскиот тренер Јовица Арсиќ, која ја водел македонската репрезентација од 2007 година, а по завршувањето на првенството, и покрај остварениот задоволителен успех, тој неочекувано предвреме го раскинал договорот со КФМ.[3]

ЕкипаОдиг.Поб.Пор.ДКПККРБодовиДвобој
 Франција550380334+4610
 Русија532338338081–0
 Грција532380337+4380–1
 Хрватска523357364-77
Македонија514337396-5961–0
 Германија514360383-2360–1

Евробаскет 2011

ЕкипаОНПоб.Пор.ДПППКРБод.
 Русија550355310+4510
 Македонија541338313+259
 Грција532348336+128
 Словенија52333733707
 Финска514338372-346
 Грузија505329377-485

Македонија се пласирала на Евробаскетот 2011 во Литванија преку квалификациите. Во квалификицациите, Македонија играла во група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија. Како второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила учество на Евробаскетот, каде играла во групата C, со Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска.

На Евробаскетот 2011 година, Македонија била предводена од селекторот Марин Докузовски. Во прелиминарнара фаза, Македонија завршила на првото место во групата C, со 4 победи и еден пораз, односно ги победила селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележала пораз од Црна Гора, кој воедно бил прв натпревар во групата. Со тој резултат, Македонија влегла во втората фаза од првенството, односно во групата F, каде играла против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група биле и репрезентациите на Финска и Грција.

По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза, Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза, Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.

Како второпласирана во групата од втората фаза, Македонија во четвртфиналето играла со третопласираната од другата група, односно со домаќинот Литванија, која ја совладала со два бода разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето, селекцијата на Македонија се сретнала со Шпанија, која во четвртфиналето ја победила Словенија и така го постигнала најголемиот успех во историјата на македонската кошарка. Во полуфиналето, Македонија загубила од Шпанија и со тоа играла за бронза со Русија, а Шпанија играла за златото со Франција. Во борбата за третото место, Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Истовремено, благодарение на освоеното четврто место, Македонија директно се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон 2012.

По завршувањето на првенството, во Скопје била приредена голема прослава низ улиците и плоштадите, дополнета со пригодна програма. Сепак, и покрај остварениот огромен успех, веднаш по Евробаскетот 2011, селекторот Докузовски поднесол оставка.[3]

Летни олимписки игри 2012

Македонија, како четвртопласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија играла во групата Д, со селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група играле во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц при што смо три екипи обезбедиле пласман на ЛОИ во Лондон 2012. Турнирот се одржувал во Венецуела, а првиот натпревар Македонија го одиграла на 3 јули 2012 против Нов Зеланд. Македонија не успеала да се квалификува за Олимписките игри, бидејќи била поразена во четвртфиналето со пораз од Доминикана.

Евробаскет 2013

Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој се одржал во Словенија. На ова првенство, репрезентацијата ја водел селекторот Алеш Пипан, кој истовремено бил тренер и на МЗТ Аеродром. При извлекувањето на групите, Македонија била во првиот шешир и играла во групата B, заедно со селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Латвија и Литванија, а натпреварите се играле во Јесенице.[4] Настапот на ова првенство, Македонија го завршила уште во првата фаза, пласирајќи се како последна во групата В. По завршувањето на првенството, како последица на острите критики за претрпениот неуспех, селекторот Пипан поднесол оставка.[5]

Евробаскет 2015

Во квалификациите за Евробаскет 2015, Македонија била во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Белгија и Белорусија. Во првото коло, во Скопје, Македонија ја победила репрезентацијата на Белгија со 76-73. Во второто квалификациско коло, во данскиот град Хорсенс, Македонија го победила домаќинот Данска со 81-75. На 17 август 2014 година, Македонија играла со Белорусија како гостин и победила со 81-70. Три дена подоцна, на 20 август, на гостувањето во Белгија, Македонија изгубила со 60-63. На 24 август, во Скопје, Македонија ја победила Данска, со резултат 80-46, а на последната средба, одиграна на 27 август во Скопје била поразена и репрезентацијата на Белорусија, со 72-66.
На тој начин, Македонија завршила на второто место во својата група, остварувајќи пет победи и еден пораз, со исто бодови како и првопласираната Белгија, но со послаба кош-разлика. Оттука, како најдобро рангирана второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила директен пласман на Европското првенство. Во квалификациите, најдобар стрелец бил Бојан Трајковски, со 68 бода (просек од 11,3 бода), а Ричард Хендрикс бил најдобар скокач, со 64 скока (10,7 по натпревар).[6][7][8][9][10][11][12][13]
Со ждрепката за Европското првенство 2015, Македонија била распоредена во групата „Ц“, заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.[14]

Во март 2015 година, Кошаркарската Федерација потпишала едногодишен спонзорски договор со турската авио компанија „Туркиш Ерлајнс“.[15]

На средината на јули, МКФ го ангажирала Италијанецот Џакомо Браида за кондиционен тренер на репрезентацијата.[16]

Пред почетокот на подготовките за идното континентално првенство, српскиот селектор Александар Џикиќ од МКФ добил отказ,[17][18] а на негово место бил поставен Марјан Србиновски.[19][20]
Својот настап на првенството, македонската репрезентација го завршила уште во првата фаза, претрпувајќи четири порази од пет натпревари. Најпрвин, Македонија била поразена од Грција со 65-85, а во второто коло била подобра од Холандија, остварувајќи ја единтсвената победа на првенството (78-71). Меѓутоа, во третото коло, Македонија претрпела пораз од Хрватска од 55-73, а во следното коло била поразена и од Грузија, со 75-90. Во последниот натрпевар на првенството, Македонија загубила од Словенија со 51-62.[21]

Состав

Целосен состав

Македонската кошаркарска репрезентација пред натпреварот со Украина во Спортскиот центар Борис Трајковски

Целосниот состав на машката кошаркарска репрезентација е следниот:[22]

Име и презимеПозицијаВисинаДатум на раѓањеМесто на раѓање
Ефтим Богоевбек1,852 ноември 1980 Струмица
Ивица Димчевскибек1,9227 јуни 1989 Скопје
Златко Гоцевскицентар2,069 февруари 1982 Штип
Маркиз Гринбек1,6518 март 1982 Пенсилванија
Бојан Крстевскикрило2,054 јуни 1989 Скопје
Јован Марковскикрило1,9828 март 1988 Скопје
Џеремаја Мејсикрило2,0222 јули 1982 Мајами
Кирил Николовскицентар2,109 јуни 1988 Скопје
Јане Петровскибек1,809 февруари 1985 Скопје
Ристе Стефановбек1,9430 август 1981 Кавадарци
Дариус Вашингтонбек1,886 декември 1985 Орландо
5Димитар Мираковскибек1,7814 мај 1981 Струмица
6Дарко Соколовбек1,908 мај 1986 Кочани
7Димитар Караџовски7 ноември 1984 Скопје
8Војдан Стојановскибек1,949 декември 1987 Охрид
9Дамјан Стојановскибек1,939 декември 1987 Охрид
10Александар Костоскибек1,885 март 1988 Скопје
12Перо Антиќкрило2,1029 јули 1982 Скопје
13Марко Симоновскибек1,9028 јуни 1989 Скопје
14Ѓорѓи Чековскикрило2,0211 декември 1979 Скопје
15Предраг Самарџискицентар2,1511 април 1986 Скопје
20Лестер Бо МекКејлеббек1,834 мај 1985 Њу Орлеанс

Евробаскет 2011

На Евробаскетот 2011, македонската репрезентација била составена од:[23]

Име и презимеПозицијаВисинаДатум на раѓањеМесто на раѓање
4Димитар Мираковскиплејмејкер1,7814 мај 1981 Струмица
5Владо Илиевскиплејмејкер1,8719 јануари 1980 Струмица
6Дарко Соколовплејмејкер1,908 мај 1986 Кочани
7Лестер Бо Мекејлебплејмејкер1,834 мај 1985 Њу Орлеанс
8Војдан Стојановскибек1,949 декември 1987 Скопје
9Дамјан Стојановскибек1,939 декември 1987 Скопје
10Марко Симоновскибек1,9028 јуни 1989 Скопје
11Тодор Гечевскикрилен центар2,0828 август 1977 Кавадарци
12Перо Антиќкрилен центар2,1029 јули 1982 Скопје
13Ивица Димчевскибек1,9227 јуни 1989 Скопје
14Ѓорѓи Чековскикрилен центар2,0211 декември 1979 Скопје
15Предраг Самарџискицентар2,1511 април 1986 Скопје

Олимписки квалификациски турнир 2012

Составот на репрезентацијата на олимпискиот квалификациски турнир во Венецуела во 2012 бил:[24]

Име и презимеПозицијаВисинаДатум на раѓањеМесто на раѓање
4Александар Костоскибек1,865 март 1987 Скопје
5Владо Илиевскибек1,8719 јануари 1980 Струмица
6Дарко Соколовбек1,908 мај 1986 Кочани
7Лестер Бо Мекејлеббек1,834 мај 1985 Њу Орлеанс
8Војдан Стојановскибек1,949 декември 1987 Скопје
9Дамјан Стојановскинапад1,939 декември 1987 Скопје
10Марко Симоновскинапад1,9228 јуни 1989 Скопје
11Тодор Гечевскицентар2,1028 август 1977 Кавадарци
12Перо Антиќнапад2,1129 јули 1982 Скопје
13Кирил Николовскинапад2.119 јуни 1988 Скопје
14Ѓорѓи Чековскинапад2,0211 декември 1979 Скопје
15Предраг Самарџискицентар2,1511 април 1986 Скопје

Евробаскет 2013

На Евробаскетот 2013, македонската репрезентација била составена од:[25]

бројИме и презимеПозицијаВисинаДатум на раѓањеМесто на раѓање
4Александар Костоскиплејмејкер1,885 март 1988 Скопје
5Владо Илиевскиплејмејкер1,8719 јануари 1980 Струмица
6Дарко Соколовплејмејкер1,908 мај 1986 Кочани
7Лестер Бо Мекејлебплејмејкер1,784 мај 1985 Њу Орлеанс
8Војдан Стојановскибек1,949 декември 1987 Скопје
9Дамјан Стојановскибек-шутер1,939 декември 1987 Скопје
10Владимир Брчковкрилен бек1,9729 декември 1989 Велес
11Тодор Гечевскикрилен центар2,0828 август 1977 Кавадарци
12Перо Антиќкрилен центар2,1029 јули 1982 Скопје
13Стојан Ѓуроскикрилен центар2,026 ноември 1991 Гостивар
14Ѓорѓи Чековскикрилен центар2,0211 декември 1979 Скопје
15Предраг Самарџискицентар2,1511 април 1986 Скопје

Евробаскет 2015

На Евробаскетот 2015, македонската репрезентација била составена од:[26][27]

бројИме и презимеПозицијаВисинаДатум на раѓањеМесто на раѓање
4Ивица Димчевскикрилен центар2,0027.6.1989 Скопје
5Владо Илиевскиплејмејкер1,8719 јануари 1980 Струмица
6Дарко Соколовплејмејкер1,908.5.1986 Кочани
7Александар Костоскиплејмејкер1,885.3.1988 Скопје
8Војдан Стојановскибек1,949.12.1987 Скопје
9Дамјан Стојановскибек-шутер1,939.12.1987 Скопје
10Марко Симоновскибек-шутер1,9228.6.1989 Скопје
11Владимир Брчковкрило1,9729.12.1989 Велес
12Бојан Трајковскикрило1,9711.9.1986 Македонска Каменица
13Стојан Ѓуроскикрилен центар2,026.11.1991 Гостивар
15Венард Ричард Хендрикскрилен центар2,0315.11.1986 Декејтeр, Алабама
Предраг Самарџискицентар2,1511 април 1986 Скопје
Љубомир Младеновски

Позиции

позицијапочетнизаменарезерва
центриПредраг Самарџиски
крилаПеро АнтиќЃорѓи ЧековскиКирил Николовски
ниски крилаВојдан СтојановскиДамјан СтојановскиМарко Симоновски
бековиИвица ДимчевскиРисте Стефанов
плејмејкериЛестер МекејлебДарко СоколовДимитар Мираковски

Поранешни играчи

Некои поуспешни поранешни кошаркари се:

Список на натурализирани кошаркари

ИграчДатум на издавање на
македонскиот пасош
Слободан Шљиванчанин14.01.2001
Владимир Кузмановиќ126.03.2002
Кенион Џонс15.11.2002
Мајкл Вилкинсон08.03.2006
Кевин Флечер108.03.2006
Рајан Стак15.08.2006
Џеремаја Мејси05.12.2007
Дариус Вашингтон111.01.2008
Маркис Грин27.07.2010
Кенеди Вилсон127.07.2010
Лестер Бо Мекејлеб28.07.2010
Тод Зафировски1 210.05.2012
Ричард Хендрикс17.05.2013
Ромео Тревис28.07.2016
Џордан Теодор30.06.2017
Шејн Витингтон15.06.2018
Џејкоб Вајли12.11.2020
Ти Џеј Шортс31.10.2022
Итан Хап131.10.2022

1 Не настапил за репрезентацијата

2 Самоиницијативно покренал постапка за македонски пасош

Извор: basketball.org.mk Архивирано на 28 септември 2016 г.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски