Гран при Монтреал 2018

9. издание на велосипедската трка ГП Монтреал

Гран при Монтреал 2018 (наречена и: ГП Монтреал 2018) — 9. издание на велосипедската еднодневна трка Гран при Монтреал, која се одржала на 9 септември како 34. настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Гран при Монтреал 2018
Детали за трката
Издание9. Гран-при Монтреал
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2018 1.UWT
Датум9 септември 2018
Растојание195,2 км
ДржаваCAN Канада
ПоаѓалиштеМонтреал
ОдредиштеМонтреал
Екипи21
Возачи на почеток143
Возачи на крај102
Просечна брзина36,663 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникAUS Мајкл Метјус (Тим ДСМ)
ВторопласиранITA Сони Колбрели (Бахреин Викториус)
ТретопласиранBEL Грег ван Авермат (ССС Team)
ПланинскиBEL Тим Веленс (Лото-Судал)
◀20172019▶
Документација

Трката била освоена во спринтерска завршница од Австралиецот Мајкл Метјус, пред Сони Колбрели и Грег ван Авермат.

Екипи

Бидејќи Гран при Монтреал е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Биле повикани две професионални континентални екипи, како и националната екипа на Канада, со што главната група била составена од 21 екипа.

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (2)Национална екипа
  • Канада

Поредок

Завршен пласман

[4]

Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. Мајкл Метјус Тим ДСМ5ч 19' 27
2. Сони Колбрели Бахреин Викториус+ 0
3. Грег ван Авермат ССС Team+ 0
4. Оливер Насен АГ2Р Ситроен Тим+ 0
5. Тимо Розен Џамбо-Висма+ 0
6. Руј Кошта ОАЕ Емирати+ 0
7. Диего Улиси ОАЕ Емирати+ 0
8. Михаел Валгрен Астана Казахстан Тим+ 0
9. Патрик Конрад Бора-Хансгрое+ 0
10. Едвалд Боасон Хаген Дименжн Дата+ 0
Извор: ProCyclingStats


Наводи

Надворешни врски