Светска турнеја на UCI 2018

сезона 2018 на Светската турнеја


Светска турнеја на UCI 2018 — десетто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2018.[1]

Светска турнеја на UCI 2018
Десетто издание на Светска турнеја на UCI
Лого на Светската турнеја {!}alt=Logo
Лого на Светската турнеја
Поединости
Датуми16 јануари – 21 октомври
МестаАвстралија, Европа, Азија и Северна Америка
Трки37
Прваци
Поединечен пласман Сајмон Јејтс (ВБР) (Мичелтон-Скот)
Екипен пласманКвик-Степ Флорс
2017
2019

Натпреварувањето е предвидено да започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 16 јануари и ќе заврши со Трката околу Гуангси на 21 октомври.[2] Белгиецот Грег ван Авермат бил бранител на титулата.[3]

Ван Авермат не можел да ја одбрани својата титутла, откако не успеал да постигне ниту една поединечна победа - меѓутоа бил дел од три победи во екипен хронометар за Ванти-Груп Гобер – завршувајќи на петтото место во бодовниот пласман. Пласманот по првпат бил освоен од британски возач, Сајмон Јејтс, кој вози за екипата Мичелтон-Скот, освојувајќи 3.072 бода во сезоната.[4] Јејтс бил последен од четворицата возачи кои го преземале водството во пласманот во текот на сезоната; порано во 2018 година бил високопласиран, забележувајќи етапни победи на Париз-Ница[5] и на Волта а Каталуња,[6] пред пробивот на Џиро д’Италија со три етапни победи и тринаесет дена во водство на трката; на крајот, Јејтс опаднал на планините во текот на третата недела и го предал водството и победата на сонародникот Крис Фрум.[7] По уште една етапна победа и второ место на Трката околу Полска,[8] Јејтс ја освоил својата прва голема трка со победата на Вуелта а Еспања,[9] преземајќи го водството на трката по етапна победа на етапата 14,[10] и водството на пласманот кога трката завршила.[4]

На второто место се нашол Словакот, Петер Саган, 80 бода зад него, кој возел за Бора-Хансгрое.[4] Саган го предводел пласманот поголемиот дел од сезоната, забележувајќи шест последователни високи пласмани на пролетните класици, со победи на Гент-Вевелгем,[11] и по првпат, на Париз-Рубе.[12] Саган освоил три етапи на Тур де Франс, откако го освоил по рекорден шести пат бодовниот пласман,[13] но не успеал да освои ниту една етапа на Вуелта а Еспања, каде Јејтс го презел водството. На третото место, со 2.609 бода,[4] бил Алехандро Валверде од Шпанија, кој возел за Мовистар Тим. Валверде бил во водство во пласманот пролетта, победувајќи на Трката Абу Даби,[14] и на Волта а Каталуња,[6] во февруари и март – освојувајќи три етапи на овие трки исто така – пред две етапни победи и победата во бодовниот пласман на Вуелта а Еспања.

Во екипниот пласман, Квик-Степ Флорс преовладал со 13.425,97 бода, држејќи го водството во пласманот скоро три четвртини од сезоната. Екипата освоила 37 победи – од вкупно 73 победи на сите трки во UCI[15] – во рамки на Светската турнеја, вклучувајќи седум победи во генерален пласман освоени од Ники Терпстра (Е3 Харелбеке и Трка околу Фландрија),[16][17] Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен),[18] Жилијан Алафилип (Флеш Валон и Класика де Сан Себастијан),[19][20] Боб Јунгелс (Лиеж-Бастоњ-Лиеж),[21] и Елија Вивијани (Јуроајс Класик).[22] Екипата, исто така, освоила 13 етапни победи на големите трки, со две маички освоени од Вивијани (бодовен пласман на Џиро д’Италија),[23] и од Алафилип, кој го освоил планинскиот пласмна на Тур де Франс.[24] Минатогодишните победници, Тим Скај, завршиле втори со 10.213 бодови, откако екипата освоила две од трите големи трки; Фрум станал седми возач, кој ги освоил трите големи трки со успехот на Џиро д’Италија,[25] додека Герант Томас го освоил Тур де Франс,[26] по успехот на Критериум ди Дофине.[27] Тим Скај освоил уште четири други победи во генерален пласман: Михал Квјатковски ја освоил Тирено-Адријатико,[28] и Трката околу Полска,[8] Еган Бернал ја освоил Трката околу Калифорнија во неговата прва сезона со екипата,[29] додека Џани Москон ја освоил завршната Трка околу Гуангси.[30] Со 9.201 бодови, Бора-Хансгрое завршиле на третото место, главно поради резултатите на Саган и победи на Џеј Мекарти (Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“),[31] и Паскал Акерман на Класик Лондон-Сари.[32] Акерман и Сем Бенет исто така освоил единаесет етапни победи во текот на сезоната, а Бенет освоил три етапи на Џиро д’Италија.[33]

Екипи

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2018 година се следниве:

Екипи во Светската турнеја 2018 и нивната опрема[34]
КодОфицијално имеЗемјаДеловиВелосипед
ALMАГ2Р-Ла Мондијал  ФранцијаШиманоФактор Бајкс 02
ASTАстана  КазахстанШиманоАргон 18
TBMБахреин-Мерида БахреинШиманоМерида
BMCВанти-Груп Гобер  САДШиманоБМЦ
BOHБора-Хансгрое  ГерманијаTBCСпешалајзд
DDDТим Дименжн Дата ЈАРШимано/РоторСервело
EFDЕФ Едукејшн Фирст-Драпак  САДШимано / ФСАКанондејл
FDJФДЖ  ФранцијаШиманоЛапјер
TKAКатјуша-Алпесин  ШвајцаријаСРАМКањон
TLJЛото НЛ-Џамбо  ХоландијаШиманоБјанки
LTSЛото-Судал  БелгијаКампањолоРидли
MTSМичелтон-Скот АвстралијаШиманоСкот
MOVМовистар Тим  ШпанијаКампањолоКањон
QSTКвик-Степ Флорс  БелгијаШимано
ФСА
Спешалајзд
SKYТим Скај  Обединето КралствоШиманоПинарело
SUNТим Санвеб  ГерманијаШиманоЏајант
TFSТрек-Сегафредо  САДШиманоТрек
UADОАЕ Тим Емирати Обединети Арапски ЕмиратиКампањолоКолнаго

Настани

Трки во Светската турнеја на UCI 2018[1]
ТркаДатумПобедникВторТретЕтапни бодовиБодови за предводникот
Тур Даун Андер16–21 јануари  Дарил Импи (ЈАР)500 бода  Ричи Порт (АВС)400 бода  Том-Јелте Слагтер (ХОЛ)325 бода60, 25, 1010 бода
Голема океанска друмска трка28 јануари  Џеј Мекарти (АВС)300 бода  Елија Вивијани (ИТА)250 бода  Дарил Импи (ЈАР)215 бодаН/П
Трка Абу Даби21–25 февруари  Алехандро Валверде (ШПА)300 бода  Вилко Келдерман (ХОЛ)250 бода  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)215 бода40, 15, 66 бода
Омлоп Хет Ниусблад24 февруари  Михаел Валгрен (ДАН)300 бода  Лукаш Вишњовски (ПОЛ)250 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ)215 бодаН/П
Страде Бјанке3 март  Тиш Бенот (БЕЛ)300 бода  Ромен Барде (ФРА)250 бода  Ваут ван Ерт (БЕЛ)0 бода[б 1]Н/П
Париз-Ница4–11 март  Марк Солер (ШПА)500 бода  Сајмон Јејтс (ВБР)400 бода  Горка Изагире (ШПА)325 бода60, 25, 1010 бода
Тирено-Адријатико7–13 март  Михал Квјатковски (ПОЛ)500 бода  Дамијано Карузо (ИТА)400 бода  Герајнт Томас (ВБР)325 бода60, 25, 1010 бода
Милано-Санремо17 март  Винченцо Нибали (ИТА)500 бода  Кејлеб Јуан (АВС)400 бода  Арно Демар (ФРА)325 бодаН/П
Волта а Каталуња19–25 март  Алехандро Валверде (ШПА)400 бода  Наиро Кинтана (КОЛ)320 бода  Пјер Латур (ФРА)260 бода50, 20, 88 бода
Е3 Харелбеке23 март  Ники Терпстра (ХОЛ)400 бода  Филип Жилбер (БЕЛ)320 бода  Грег ван Авермат (БЕЛ)260 бодаН/П
Гент-Вевелгем25 март  Петер Саган (СВК)500 бода  Елија Вивијани (ИТА)400 бода  Арно Демар (ФРА)325 бодаН/П
Дварс дор Вландерен28 март  Ив Ламперт (БЕЛ)300 бода  Мике Тенисен (ХОЛ)250 бода  Сеп Ванмарке (БЕЛ)215 бодаН/П
Трка околу Фландрија1 април  Ники Терпстра (ХОЛ)500 бода  Мадс Педерсен (ДАН)400 бода  Филип Жилбер (БЕЛ)325 бодаН/П
Трка околу Баскија2–7 април  Примож Роглич (СЛО)400 бода  Микел Ланда (ШПА)320 бода  Јон Изагире (ШПА)260 бода50, 20, 88 бода
Париз-Рубе8 април  Петер Саган (СВК)500 бода  Силван Дилје (ШВА)400 бода  Ники Терпстра (ХОЛ)325 бодаН/П
Амстел Голд Рејс15 април  Михаел Валгрен (ДАН)500 бода  Роман Кројцигер (ЧЕШ)400 бода  Енрико Гаспарото (ИТА)325 бодаН/П
Флеш Валон18 април  Жилијан Алафилип (ФРА)400 бода  Алехандро Валверде (ШПА)320 бода  Јеле Ванендерт (БЕЛ)260 бодаН/П
Лиеж-Бастоњ-Лиеж22 април  Боб Јунгелс (ЛУК)500 бода  Мајкл Вудс (КАН)400 бода  Ромен Барде (ФРА)325 бодаН/П
Тур де Романди24–29 април  Примож Роглич (СЛО)500 бода  Еган Бернал (КОЛ)400 бода  Ричи Порт (АВС)325 бода60, 25, 1010 бода
Трка околу Франкфурт1 мај  Александер Кристоф (НОР)300 бода  Мајкл Метјус (АВС)250 бода  Оливер Насен (БЕЛ)215 бодаН/П
Џиро д’Италија5–27 мај  Крис Фрум (ВБР)850 бода  Том Димулен (ХОЛ)680 бода  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)575 бода100, 40, 20, 12, 420 бода
Трка околу Калифорнија13–19 мај  Еган Бернал (КОЛ)300 бода  Тиџеј ван Гардерен (САД)250 бода  Даниел Мартинес (КОЛ)215 бода40, 15, 66 бода
Критериум ди Дофине3–10 јуни  Герајнт Томас (ВБР)500 бода  Адам Јејтс (ВБР)400 бода  Ромен Барде (ФРА)325 бода60, 25, 1010 бода
Тур де Свис9–17 јуни  Ричи Порт (АВС)500 бода  Јакоб Фуглсанг (ДАН)400 бода  Наиро Кинтана (КОЛ)325 бода60, 25, 1010 бода
Тур де Франс7–29 јули  Герајнт Томас (ВБР)1000 бода  Том Димулен (ХОЛ)800 бода  Крис Фрум (ВБР)675 бода120, 50, 25, 15, 525 бода
Класик Лондон-Сари29 јули  Паскал Акерман (ГЕР)300 бода  Елија Вивијани (ИТА)250 бода  Џакомо Ницоло (ИТА)215 бодаН/П
Класика де Сан Себастијан4 август  Жилијан Алафилип (ФРА)400 бода  Бауке Молема (ХОЛ)320 бода  Антони Ру (ФРА)260 бодаН/П
Трка околу Полска4–10 август  Михал Квјатковски (ПОЛ)400 бода  Сајмон Јејтс (ВБР)320 бода  Тибо Пино (ФРА)260 бода50, 20, 88 бода
/ БинкБенк Тур13–19 август  Матеј Мохорич (СЛО)400 бода  Мајкл Метјус (АВС)320 бода  Тим Веленс (БЕЛ)260 бода50, 20, 88 бода
Јуроајс Класик19 август  Елија Вивијани (ИТА)400 бода  Арно Демар (ФРА)320 бода  Александер Кристоф (НОР)260 бодаН/П
Вуелта а Еспања25 август  – 16 септември  Сајмон Јејтс (ВБР)850 бода  Енрик Мас (ШПА)680 бода  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)575 бода100, 40, 20, 12, 420 бода
Класик Бретања26 август  Оливер Насен (БЕЛ)400 бода  Михаел Валгрен (ДАН)320 бода  Тим Веленс (БЕЛ)260 бодаН/П
ГП Квебек7 септември  Мајкл Метјус (АВС)500 бода  Грег ван Авермат (БЕЛ)400 бода  Јаспер Стејвен (БЕЛ)325 бодаН/П
ГП Монтреал9 септември  Мајкл Метјус (АВС)500 бода  Сони Колбрели (ИТА)400 бода  Грег ван Авермат (БЕЛ)325 бодаН/П
Трка околу Турција9–14 октомври  Едуард Прадес (ШПА)0 бода[б 2]  Алексеј Луценко (КАЗ)250 бода  Нејтан Хас (АВС)215 бода40, 15, 66 бода
Џиро ди Ломбардија13 октомври  Тибо Пино (ФРА)500 бода  Винченцо Нибали (ИТА)400 бода  Дилан Тенс (БЕЛ)325 бодаН/П
Трка околу Гуангси16–21 октомври  Џани Москон (ИТА)300 бода  Феликс Гросшартнер (АВТ)250 бода  Сергеј Чернецки (РУС)215 бода40, 15, 66 бода
Забелешки

Поредок

Поединечен

[35]

Возачите изедначени со ист број на бодови се подредуваат по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, во рамките на трките и етапите од Светската турнеја.

МестоИмеЕкипаБодови
1  Сајмон Јејтс (ВБР)Мичелтон-Скот3.072
2  Петер Саган (СВК)Бора-Хансгрое2.992
3  Алехандро Валверде (ШПА)Мовистар Тим2.609
4  Герант Томас (ВБР)Тим Скај2.534,25
5  Грег ван Авермат (БЕЛ)Ванти-Груп Гобер2.442,14
6  Елија Вивијани (ИТА)Квик-Степ Флорс2.399
7  Мајкл Метјус (АВС)Тим Санвеб2.393,19
8  Жилијан Алафилип (ФРА)Квик-Степ Флорс2.161,12
9  Крис Фрум (ВБР)Тим Скај1.976,68
10  Том Димулен (ХОЛ)Тим Санвеб1.975,62
11  Примож Роглич (СЛО)Лото НЛ-Џамбо1.951
12  Михаел Валгрен (ДАН)Астана1.803
13  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)Астана1.610
14  Ромен Барде (ФРА)АГ2Р-Ла Мондијал1.530
15  Оливер Насен (БЕЛ)АГ2Р-Ла Мондијал1.516
16  Михал Квјатковски (ПОЛ)Тим Скај1.515,25
17  Тибо Пино (ФРА)Групама-ФДЖ1.500
18  Тим Веленс (БЕЛ)Лото-Судал1.480
19  Јаспер Стејвен (БЕЛ)Трек-Сегафредо1.459
20  Стевен Краусвајк (ХОЛ)Лото НЛ-Џамбо1.456
21  Арно Демар (ФРА)Групама-ФДЖ1.447
22  Наиро Кинтана (КОЛ)Мовистар Тим1.417
23  Јон Изагире (ШПА)Бахреин-Мерида1.403
24  Ники Терпстра (ХОЛ)Квик-Степ Флорс1.380,12
25  Ричи Порт (АВС)Ванти-Груп Гобер1.368,57
  • 418 возачи забележале бодови. 198 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но биле од екипи надвор од Светската турнеја.

Екипен

Екипниот пласман се пресметувал со додавање на бодовите на сите возачи од екипата.[36]

МестоЕкипаБодови
1Квик-Степ Флорс13.425,97
2Тим Скај10.213
3Бора-Хансгрое9.201
4Ванти-Груп Гобер8.779,97
5Мичелтон-Скот8.660,03
6Астана7.869[б 1]
7Бахреин-Мерида7.409
8Мовистар Тим7.351
9Тим Санвеб7.266,95
10Лото НЛ-Џамбо7.059
11АГ2Р-Ла Мондијал6.397
12ОАЕ Тим Емирати5.495
13Трек-Сегафредо5.428
14Групама-ФДЖ5.102
15Лото-Судал4.700,01
16ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак4.373
17Катјуша-Алпесин2.757
18Тим Дименжн Дата2.017[б 2]
Забелешки

Напредок во водството

Трка
(победник)
ПоединеченЕкипен
Тур Даун Андер
(Дарил Импи)
Дарил ИмпиМичелтон-Скот
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
(Џеј Мекарти)
Омлоп Хет Ниусблад
(Михаел Валгрен)
Трка Абу Даби
(Алехандро Валверде)
Квик-Степ Флорс
Страде Бјанке
(Тиш Бенот)
Париз-Ница
(Марк Солер)
Мичелтон-Скот
Тирено-Адријатико
(Михал Квјатковски)
Милано-Санремо
(Винченцо Нибали)
Е3 Харелбеке
(Ники Терпстра)
Волта а Каталуња
(Алехандро Валверде)
Алехандро Валверде
Гент-Вевелгем
(Петер Саган)
Квик-Степ Флорс
Дварс дор Вландерен
(Ив Ламперт)
Трка околу Фландрија
(Ники Терпстра)
Петер Саган
Трка околу Баскија
(Примож Роглич)
Париз-Рубе
(Петер Саган)
Амстел Голд Рејс
(Михаел Валгрен)
Флеш Валон
(Жилијан Алафилип)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
(Боб Јунгелс)
Тур де Романди
(Примож Роглич)
Трка околу Франкфурт
(Александер Кристоф)
Трка околу Калифорнија
(Еган Бернал)
Џиро д’Италија
(Крис Фрум)
Критериум ди Дофине
(Герант Томас)
Тур де Свис
(Ричи Порт)
Класик Лондон-Сари
(Паскал Акерман)
Тур де Франс
(Герант Томас)
Класика де Сан Себастијан
(Жилијан Алафилип)
Трка околу Полска
(Михал Квјатковски)
Јуроајс Класик
(Елија Вивијани)
БинкБенк Тур
(Матеј Мохорич)
Класик Бретања
(Оливер Насен)
ГП Квебек
(Мајкл Метјус)
ГП Монтреал
(Мајкл Метјус)
Вуелта а Еспања
(Сајмон Јејтс)
Сајмон Јејтс
Џиро ди Ломбардија
(Тибо Пино)
Трка околу Турција
(Едуард Прадес)
Трка околу Гуангси
(Џани Москон)

Наводи

Надворешни врски