Длабински кварк

вид кварк
(Пренасочено од Длабински антикварк)

Длабински кварк, убав кварк или b-кварк (симб. b, од анг. bottom или beauty) — кварк од третото поколение со полнеж од −13 e. Иако квантната хромодинамика ги опишува слично сите кваркови, длабинскиот кварк е лесно препознатлив по опитен пат (со техниката наречена B-обележување) поради големата гола маса (околу 4,2 GeV/c2,[3] нешто над четирипати повеќе од протонот) и ниските вредности на елементите Vub и Vcb во ККМ-матрицата. Бидејќи за CP-нарушувањето се потребни три поколенија на кваркови, мезоните што имаат длабински кварк се најлесни честички за употреба при иследувањето на таа појава; вакви опити се спроведуваат од БаБар, „Бел“ и LHCb.

Длабински кварк
Составелементарна честичка
Статистикафермионска
Поколениетрето
Заемодејствасилно, слабо, електромагнетизам, гравитација
Симбол
b
Античестичкадлабински антикварк (
b
)
ПредвиденнаМакото Кобајаши and Тошихиде Маскава (1973)[1]
ОткриенаЛеон Ледерман и др. (1977)[2]
Маса4,18+0,03
−0,03
 GeV/c2
(MS-шема)[3]
4,65+0,03
−0,03
 GeV/c2
(1S-шема)[3]
Се распаѓа наволшебен кварк илигорен кварк
Ел. полнеж13 e
Боен полнежда
Спин12
Слаб изоспинLH: −12, RH: 0
Слаб хиперполнежLH: 13, RH: −23

Друга особеност на длабинскиот кварк е тоа што тој е производ на речиси сите распади на врвниот кварк, и често се јавува како распаден производ од Хигсовиот бозон. Длабинскиот кварк е теоретски воведен во 1973 г. од јапонските физичари Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава за да се објасни CP-нарушувањето.[1] Поимот „длабински“ (bottom) е воведен во 1975 г. од израелскиот физичар Хаим Харари.[4][5] Длабинскиот кварк првпат е откриен во 1977 г. со опитот E288 на екипата во Фермилаб под водство на Леон Ледерман, со добивањето на ботомониум при извршените судири.[2][6][7] Во 2008 г. Кобајаши и Маскава ја добиле Нобеловата награда за физика за нивното објаснување на CP-нарушувањето.[8][9] Кога е откриен, постоело мислење дека кваркот треба да се нарече „убав“ (beauty), но поимот „длабински“ (bottom) натежнал во употребата.

Длабинскиот кварк може да се распадне на горен или на волшебен кварк по пат на слабото заемодејство. Обата распада се потиснати од ККМ-матрицата, што значи дека животниот век на највеќето длабински честички (~10−12 с) е нешто повисок од оној на оволшебените (~10−13 с), но помал од оној на чудните (од ~10−10 до ~10−8 с).

Хадрони со длабински кваркови

Некои хадрони што содржат длабински кваркови се:

  • B-мезон — содржи длабински кварк (или неговата античестичка) и горен или долен кварк.

  • B
    c
    - и
    B
    s
    -мезон — имаат длабински кварк заедно со волшебен или чуден кварк.
  • постојат многу ботомониумски состојби, како кај
    ϒ
    -мезонот и χb(3P) — првата честичка откриена во Големиот хадронски судирач. Тие се состојат од длабински кварк и неговата античестичка.
  • забележани се длабински бариони и се наречени аналогно на чудните бариони (на пр.
    Λ0
    b
    ).

Поврзано

  • Кварков модел

Наводи

Литература

Надворешни врски