Волшебен кварк

Волшебен кварк или c-кварк (симб. c, од анг. charm) — вид елементарна честичка, трета по масивност меѓу кварковите. Се среќаваат во хадроните, кои се субатомски честички сочинети од кваркови. Примери за хадрони со волшебни кваркови се J/ψ-мезонот (
J/ψ
), D-мезонот (
D
), оволшебениот сигма-барион (
Σ
c
) и други оволшебени честички.

Волшебен кварк
Составелементарна честичка
Статистикафермионска
Поколениевторо
Заемодејствасилно, слабо, електромагнетизам, гравитација
Симбол
c
Античестичкаволшебен антикварк (
c
)
ПредвиденнаШелдон Глешоу,
Јоанис Илиопулос,
Лучано Мајани (1970)
ОткриенаBurton Richter et al. (SLAC)
(1974)
Семјуел Тинг и др. (BNL)
(1974)
Маса1,29++0,05
−0,11
 GeV/c2
[1]
Се распаѓа начуден кварк (~95%), долен кварк (~5%)[2][3]
Ел. полнеж+23 e
Боен полнежда
Спин12
Слаб изоспинЛ: +12, Д: 0
Слаб хиперполнежЛ: +13, Д: +43

Заедно со чудниот кварк припаѓаат на второто поколение на материјата, има електричен полнеж од +23 e и гола маса од 1,29++0,05
−0,11
 GeV/c2
.[1] Како и сите кваркови, долниот кварк е елементарен фермион со спин од 12, и подлежи на сите четири основни заемодејства: гравитацијата, електромагнетизмот, слабото и силното заемодејство. Античестичка на волшебниот кварк е волшебниот актикварк, кој се разликува од него само по тоа што неговите својства имаат еднаква величина, но спротивен знак.

Постоењето на четврт кварк е предложено околу 1964 г. од неколку научници (на пр. Џејмс Бјоркен и Шелдон Глешоу[4]), but its prediction is usually credited to Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос и Лучано Мајани во 1970 г.[5] Првата позната оволшебена честичка (честичка што содржи волшебен кварк) е J/ψ-мезонот, откриен Стенфордскиот линеарнозабрзувачки центар (SLAC) под водство на Бартон Рихтер,[6] и уште еден откриен во Брукхејвенската национална лабораторија (BNL) под водство на Семјуел Тинг.[7]

Откривањето на
J/ψ
(а со тоа, на волшебниот кварк) довело до силен пробив, кога се направени многу откритија во честичната физика. Ова се нарекува „Ноемвриска револуција“.

Хадрони со волшебни кваркови

Некои хадрони што содржат волшебни кваркови се:

  • D-мезон — содржи волшебен кварк (или неговата античестичка) и еден горен или долен кварк.

  • D
    s
    -мезон — содржи еден волшебен и еден чуден кварк.
  • постојат многу состојби на чармониумот, како на пр.
    J/ψ
    -честичката. Овие се состојат од еден волшебен кварк и неговата античестичка.
  • оволшебени бариони have been observed, and are named in analogy with strange baryons (e.g.
    Λ+
    c
    ).

Поврзано

  • Кварков модел

Наводи

Литература

  • A. Pickering (1984). Constructing Quarks. University of Chicago Press. стр. 114–125. ISBN 0-226-66799-5.

Надворешни врски

  • R. Nave. „Quarks“. HyperPhysics. Georgia State University, Department of Physics and Astronomy.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица