Ивица Димчевски

Ивица Димчевски (роден 27 јуни 1989 во Скопје) — македонски кошаркар и поранешен репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во КК Еуро Никел 2005.

Ивица Димчевски
ПозицијаБек
Висина1,95 м
Тежина93 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубГостивар
Број24
Роден27 јули 1989(1989-07-27)(34 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2007–
Клубови
2007–2010Вардар
2010–2012Торус
2012–2014Куманово
2014–2016Работнички
2016Струмица
2017Кожув
2017-Гостивар
Репрезентација
Инфо од: 12.06.2018.

Клупска кариера

Димчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони,[1] односно сè до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката.[2][3] Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово.[4] За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички.[5][6] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[7][8] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[9][10] Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[11][12][13][14] За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица.[15] Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув.[16] Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[17] За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар.[18][19] Димчевски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[20] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[21][22]

Репрезентативна кариера

Ивица Димчевски со Кошаркарската репрезентација на Македонија го освоил четвртото место на Европското Првенство кое се одржало во Литванија.[23] Ивица бил во поширокиот состав за предолимписките квалификации во Каракас.[24][25] Во 2014 година, Ивица учествувал со репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот 2015,[26] при што обезбедиле пласман.[27][28] Но во летото 2015 година, за време на подготовките Димчевски отпаднал од националниот состав.[29][30][31]

Успеси

Титули

Работнички

Признанија

  • Дебитантска петорка на сезоната 2007/08[32]
  • Најдобар млад кошаркар за 2009 година[33]
  • Eurobasket.com - избран во втората најдобра петорка од лигата 2012/13
  • Eurobasket.com - избран во најдобрата домашна петорка од лигата 2012/13
  • Почесно споменување во сезоната 2017/18[34]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[35]

Наводи

Надворешни врски