27 јуни

датум

27 јуни — 178-миот ден во годината според грегоријанскиот календар(179-ти во престапна година).Остануваат 187 дена до крајот на годината.

01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
30 

Настани

1858 Со мирот во Тјенѓин завршил првиот дел на Втората опиумска војна.
1931 Руско-американскиот авиоконструктор Игор Сикорски го патентирал хеликоптерот.
1941 Унгарија и Финска му објавија војна на СССР.
1950 Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување.
1950 Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската војна.
1954 Првата атомска централа во светот е отворена во Обнинск, СССР.
1967 Првиот банкомат во светот е пуштен во работа во Лондон.
1979 Мухамед Али го објавува своето повлекување од боксот.
1991 Започнала десетдневната војна за независност, во која Територијалната одбрана на Словенија ја принудила ЈНА на повлекување.


Родени

1850 Јорген Грам — дански математичар.
1869 Ема Голдманамериканска анархистка и феминистка со потекло од Литванија.
1872 Хебер Кертисамерикански астроном.
1908 Жоао Гимараеш Роза - бразилски писател.
1936 Велко Силјаноски — македонски професор.
1941 Кшиштоф Кишловски — полски филмски режисер.
1942 Брус Џонстон — американски рок-музичар, член на групата Бич бојс (Beach Boys).
1943 Димитар Башевски — македонски писател.
1953 Тања Бошковиќ — српска глумица.
1955 Изабел Аџани — француска глумица.
1955 Петер Ловшин — словенечки рок-музичар, член на групата Панкрти (Pankrti).
1971 Сержињо — бразилски фудбалер.
1977 Раул Гонсалес — шпански фудбалер.
1977 Даниел Шариќ — босански ракометар.
1980 Марат Сафин — руски тенисер.
1985 Нико Розберг — германско-фински возач во „Формула 1“.
1985 Светлана Кузнецова — руска тенисерка.
1986 Лешон Мерит — американски атлетичар.
1988 Денис Ванендерт — белгиски велосипедист.
1988 Лука Мезгец — словенечки велосипедист.
1990 Тејлор Фини — американски велосипедист.


Починале

1574 Џорџо Вазарииталијански уметник и историчар на уметноста.
1831 Мари-Софи Жерменфранцуска математичарка.
1937 Донка Ушлинова — македонска револуционерка.
1944 Вера Менчик — британско-чешка шахистка.
1950 Завиш Каландра — чешки историчар и теоретичар на литературата.
1960 Лоти Дод — англиска тенисерка (најмладата освојувачка на Вимблдон).
2001 Џек Лемон — американски глумец.
2007 Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет.
2015 Крис Скваер — рок-музичар, член на групата „Јес“ (Yes).
2016 Бад Спенсер — италијански глумец.
2020 Илија Петковиќ — српски фудбалер и тренер.


Празници

27 јуни (празници)

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица