Италијански катепанат

Италијански катепанатпокраина на Византија, која го опфаќала јужниот дел од линијата од Монте Гаргано па сè до Салернскиот Залив. Амалфи и Неапол, иако се северно од оваа линија, биле лојални на Цариград преку катепанот. Италијанската област Капитанита го добила своето име од зборот катепанат.

Италијански катепанат
Покраина на Византија

965–1071
Главен градБари
Историски периодсреден век
 - Основана965
 - Норманско освојување на јужна Италија1071
Денес во Италија
Приближна територијална распостранетост на Италијанскиот Катепанат во почетокот на XI век.

Историја

По падот на Равенскиот егзархат во 751 година, Византија била отсутна од случувањата воо јужна Италија скоро цел век, но со крунисувањето на царит Василиј I (867–886) во Цариград го сменил ова: од 868 година па натаму, византиската морнарица и византиските дипломатибиле вклучени во дејствија со кои требало да се обезбеди Јадранското Море од сараценските грабежи, и да се возобнови византиското владение над Далмација, и да се прошири византикската контрола повторно над делови од Италија.[1] Како резултат на овие напори, Отранто бил ослободен од Сарацените во 873 година, и Бари преминал под византиска управа во 876 година.[2] Походите на способниот генерал Никифор Фока Постариот во средината на 880-ите јаза зацврстиле византиската контрола на поголемиот дел од Апулија и Калабрија.[3] Овие победио биле проследени и одржани од неговите наследници и ги поставиле темелите за повторно издигнување на Византија како сила во јужна Италија, што довело до создавањето на темата Лангобардија во 892 година. Областите Апулија Калабрија и Базиликата ќе останат цврсто под византиска власт сè до 11 век.[4] Околу 965 година, била воспоставена нова управна единица Луканија, стратегот (воениот управник) на Бари бил издигнат на титула италијански катепан, вообичаено со ранка на патрициј. Ова издигнување на воената титула било потребно поради загубата на блиската тема Сицилија, претходен византиски посед, била освоена од арапите.

Неколку нормански авантуристи, кои биле на поклонение во светилиштето на Архангел Михаил во 1017 година, се придружиле во бунтот на лангобардските градови во Апулија против византијците. Од 1016 до 1030 година норманите биле платеници, кои служеле на Византија или пак на Лангобардите, и во моментот кога војводата Сергеј IV Непалски, го назначил нивниот водач Ранулф Дренгот за управник на тврдината Аверса во 1030 година, со што им дал цврсто упориште, тие започнале организирано да ја освојуваат земјата. Во 1030 година таму пристигнале и Вилијам и Дрого, двајцата постари синови на Танкред Готвиљски, ситен благородник од Кутанс , Нормандија. Двајцата се здружиле во организиран обид дај за соборат византиската власт во Апулија, јои изгубиле поголем дел од територијата на покраината до 1040 година. Бари бил освоен од норманите во април 1071 година, и византиската власт конечно завршила во Италија, пет векови по освојувањата на Јустинијан I. Византијците се вратиле накусо повторно во 1156 година при опсадата на Бари.

Титулата Катапан ана Апулија и Калабрија била повторно накусо воведена од страна на грофот Жилбер Гравински во 1166 година, роднина на кралицата регент Маргарета Наварска. Во 1167 година, со неговиот авторитет и титула катепан, Жилбер ги протерал германските војски од Кампанија со што го предизвикал Фридрих Барбароса да ја покрене опсадата на Анкона.

Катепани

ПериодКатепанат
970 – 975Михаил Абидел
982Роман
982 – 985Калокир Делфина
985 – 988Роман
988 – 998Јован Амиропул
998 – 1006Грегориј Траханец
1006 – 1008Алексиј Ксифија
1008 – 1010Јован Курку
1010 – 1016Василиј Месародонит
1017Лав Торник Контолеон
1017 – 1028Василиј Војоан
1028 – 1029Христофор Бургар
1029 – 1032Пот Аргир
1032 – 1033Михаил Протоспатар
1033 – 1038Константин Оп
1038–1039Михаил Спондил
1039 – 1040Никифор Докијан
1040 – 1041Михаил Докијан
1041Ексавгуст Војоан
1042Синодијан
1042Ѓорѓи Манијак
1042Пард
1043Василиј Теодорокан
1045 – 1046Евстатиј Палатин
1046Јован Рафаил
1051 – 1058Аргириј
1060Мирјарх
1060 - 1061Марули
1061 – 1062Сиријан
1063 – 1064Абулхар
1064Перен
1066 -Михаил Маврекс
1069 – 1070Авартутел
1071Стефан Патеран

Наводи

Извори

  • Peter Charanis. "On the Question of the Hellenization of Sicily and Southern Italy During the Middle Ages." The American Historical Review. Vol. 52, No. 1 (Oct., 1946), pp. 74–86.
  • Kreutz, Barbara M. (1996). Before the Normans: Southern Italy in the Ninth and Tenth Centuries. Philadelphia: University of Pennsylvania Press. ISBN 0-8122-1587-7.
  • Loud, G.A. (2006). „Southern Italy in the tenth century“. Во Reuter, Timothy (уред.). The New Cambridge Medieval History, Volume III c. 900–c. 1204. Cambridge University Press. стр. 624–645. ISBN 978-0-521-36447-8.
  • Loud, Graham (2013). The Age of Robert Guiscard: Southern Italy and the Northern Conquest. New York: Routledge. ISBN 978-0-582-04529-3.
  • White, Lynn, Jr.. "The Byzantinization of Sicily." The American Historical Review. Vol. 42, No. 1 (Oct., 1936), pp. 1–21.