Византија

Византија или Источно Римско Царство (старогрчки: Βασιλεία Ῥωμαίων, Василеја Ромеон; латински: Imperium Romanum),[1] или Романија (Ῥωμανία)[2]научноисториски назив (по крајот на државата) за Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на грчки јазик. Главниот град на империјата бил Нов Рим/Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. По административната (обновена) поделба со источен и западен владетел на чело на Империјата, источниот дел го преживеал престанокот на западниот двор и неговите западни провинции во V век и продолжил да постои уште илјада години, сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 година под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното средновековно постоење, Римската Империја била една од најмоќните економски, културни и воени сили во Европа.

Римско Царство
Βασιλεία Ῥωμαίων
Imperium Romanum
Римски провинции управувани од Источниот суд.
[[Римско Царство Βασιλεία Ῥωμαίων
Imperium Romanum|]]
Колку траела?


Тремиз со слика од Јустинијан I
(владеел 527–565)

Местоположба на Византија (научен назив)
Царството во 555 г. под водство на Јустинијан I
Главен градЦариград
41°00′N 28°58′E / 41.000° СГШ; 28.967° ИГД / 41.000; 28.967
Јазици
  • Латински (официјален до 610)
  • Грчки (официјален по 610)
ВероисповедРимски политеизам сè до 380
Христијанство/православие
(толерирано по миланскиот едикт во 313 г.; државна религија по 380)
УредувањеАвтократска монархија
Историски периоддоцна антика кон доцен среден век
 - ОснованаВнесете почетна година
 - ЗамрелаВнесете завршна година
Население
 - 565 г.26.000.000b 
 - 780 г.7.000.000 
 - 1025 г.12,000,000 
 - 1143 г.10.000.000 
 - 1204 г.9.000.000 
ВалутаСолидус, Хиперпирон и Фолис
a.^ Βασιλεία Ῥωμαίων може да се транскрибира на латински како Basileia Rhōmaiōn, што значи Римско Царство.
b.^ Види население во Византија за подетални информации овозможени од Мекеведи и Џонс, Атлас на светската историја на населението, 1978, како и Ангелики Лају, Економската историја на Византија, 2002.

Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римското Царство на источен и западен дел.[3] Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Константинопол („Градот на Константин“) и Нова Рома („Нов Рим").[n 1] За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот.[5] Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.[6]

Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско средоземно крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.[7]

За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.

Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Цариград бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Цариград и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно придружени од Османлиите во XV век. Падот на Цариград во рацете на Османлиското царство во 1453 значело крај за Византија.

Номенклатура

Византиски ламеларен оклоп кливаниум (Κλιβάνιον), прототип на отоманскиот огледален оклоп круг.

Првата употреба на терминот „Византија“ за означување на подоцнежните години на Римското Царство била во 1557 година, кога германскиот историчар Ероним Волф го објавил своето дело Corpus Historiæ Byzantinæ, збирка историски извори. Терминот потекнува од зборот „Византион“, името на градот Цариград пред да стане престолнина на Константин. Ова постаро име на градот ретко ќе биде користено освен во историски или поетски контекст. Објавувањето на Byzantine du Louvre (Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae) во 1648 година и Historia Byzantina на Шарл Дуканж во 1680 година дополнително ја популаризирало употребата на „Византија“ кај француските автори, како што е Монтескје[8] Сепак, дури на средината од XIX век терминот почнал да се користи на Западот. Што се однесува конкретно на англиската историографија, зборот „Византија“ за првпат се среќава во делото „Историја на Византија од 716 до 1057“ од 1857 година на Џорџ Финлеј.[9]

Византија на своите жители им била позната како „Римско Царство“, „Империја на Римјаните“ (латински: Imperium Romanum, Imperium Romanorum; грчки: Βασιλεία τῶν Ῥωμαίων Basileia tōn Rhōmaiōn, Ἀρχὴ τῶν Ῥωμαίων Archē tōn Rhōmaiōn), „Романија“ (латински: Romania; грчки: Ῥωμανία Rhōmania),[n 2] „Римска Република“ (латински: Res Publica Romana; грчки: Πολιτεία τῶν Ῥωμαίων Politeia tōn Rhōmaiōn), „Грајкија“ (грчки: Γραικία), а исто така и како Рома (грчки: Ῥωμαΐς).[12] Жителите се нарекувале Ромејци и Грајкијци, дури и во XIX век Грците го нарекувале својот современ јазик Ромаика и Грајкика.

Иако Византија имала мултиетнички карактер во текот на нејзината историја[13] и ги сочувала римско-хеленистичките традиции,[14] нејзините западни и северни современици ја препознавале по значително доминантните грчки елементи.[15] Повремената употреба на терминот „Империја на Грците“ (латински: Imperium Graecorum) на Западот за да се посочи на Источното Римско Царство и на византискиот цар како Imperator Graecorum (Император на Грците)[16] бил исто така бил користен за да се оддели од Римското Царство во рамките на новите царства на Западот.[17]

Власта на византискиот цар како легитимен римски цар била оспорена од крунисувањето на Карло Велики како свет римски цар од страна на папата Лав III во 800 година. Поради неопходната поддршка на Карло Велики во борбата против неговите непријатели во Рим, Лав го искористил недостатокот на машко присуство на престолот на Римското Царство за да изјави дека бил слободен и дека можел сам да се круниса за нов владетел.[18] Секогаш кога папите или владетелите на Западот го користеле името Роман за да посочат на источните римски владетели, тие вообичаено го претпочитале терминот Imperator Romaniae (што значи Цар на Романија) наместо Imperator Romanorum (што значи Цар на Римјаните), наслов кој тие го применувале само за Карло Велики и неговите наследници.[n 3]

Не постоела таква разлика во исламскиот и словенскиот свет, каде империјата вистински се гледала како продолжение на Римското Царство. Во исламскиот свет, Римското Царство првенствено се знаела како Рум.[20] Името Рум-милет или „Римска нација“ било користено од Отоманците во текот на XX век за да се посочи на поранешните делови од Византија, а тоа е православната христијанска заедница во рамките на Отоманското Царство.

Историја

Рана историја

Крштевањето на Константин насликано од учениците на Рафаел (1520–1524, фреска, Ватикан, Апостолски дворец); Евсевиј Кесариски евидентирал дека (како што било својствено за верниците на раното христијанство) Константин го одложувал крштевањето сè до пред својата смрт[21]

Римската војска успешно освоила многу територии кои го опфаќале целото Средоземје и крајбрежни региони во Југозападна Европа и Северна Африка. Овие територии биле дом на многу различни културни групи, на урбано и рурално население. Општо кажано, источните средоземни провинции биле поурбанизирани за разлика од западните, претходно обединети под Македонската Империја и хеленизирани од влијанието на грчката култура.[22]

Исто така Западот повеќе страдал од нестабилноста на третиот век. Оваа разлика помеѓу воспоставениот хеленизиран Исток и помладиот латинизиран Запад опстојала и станала многу значителна во наредните векови, водејќи до постепено оддалечување на двата света.[22]

Поделба на Римското Царство

За да се одржи контрола и подобри управата, разни шеми за поделба на работата на римскиот цар преку поделба на единки биле испробани помеѓу 285 и 324, од 337 до 350, од 364 до 392 и повторно помеѓу 395 и 480. Иако административната поделба се разликувала, генерално била вклучена поделбата на трудот помеѓу Истокот и Западот. Секој дел бил форма на споделување на моќ, додека крајниот империум не бил делив и затоа империјата останала легално една држава иако совладетелите често се гледале меѓу себе како соперници или противници.

Во 293, царот Диоклецијан создал нов управувачки систем (тетрархија), за да ја загарантира безбедноста во сите загрозени региони на неговата империја. Тој се поврзал со негов совладетел (Август) и секој совладетел тогаш посвоил млад соработник со доделена титула Цезар, за да бидат дел од владеењето и евентуално да го наследат својот постар партнер. Тетрархијата се распаднала, сепак, во 313 година и неколку години подоцна Константин I повторно ги соединил двете управувачки дивизии на империјата како единствен Август.[23]

Преместување на седиштето

Во 330 година, Константин го преместил седиштето на империјата во Цариград, кој тој го основал како втор Рим на местото на Византион, град стратешки сместен на трговските патишта помеѓу Европа и Азија и помеѓу Средоземјето и Црното Море. Константин извршил големи промени во војската, монетарниот систем, граѓанските и верските институции. Што се однесува до неговата економска политика, тој бил обвинет од страна на одредени научници за „несвесна даночна политика“, но златните солиди кои ги вовел станале стабилна валута кои ја трансформирале економијата и промовирале развој.[24]

Под водство на Константин, христијанството не станало ексклузивна религија на државата, но било претпочитано од империјата, бидејќи царот го поддржувал со великодушни привилегии. Константин го поставил принципот дека владетелите не смееле сами да постават верски прашања, но наместо тоа требало да се свикаат основните црковни совети за таа цел. Неговото свикување на Арлскиот синод и првиот вселенски собор ги посочило неговите интереси за обединување на црквата, демонстрирајќи го неговото тврдење дека е нејзина глава.[25]

Римското Царство за време на владеењето на Лав I (исток) и Мајоријан (запад) во 460 г. Римското владеење на западот траело уште неполни две децении, додека територијата на исток била непроменета сè до повторното освојување од страна на Јустинијан I.

Bo 395 година, Теодосиј I ја препуштил царската власт на неговите синови: Аркадиј на Истокот и Хонориј на Западот, распределувајќи ја царската управа. Во V век источниот дел на империјата бил во голема мера поштеден од потешкотиите со кои се соочувал западниот, делумно поради новоспоставената урбана култура и финансиски ресурси, кои овозможиле да се смират напаѓачите со данок и да се платат странските платеници. Овој успех му овозможил на Теодосиј II да се фокусира на кодификацијата на римскиот закон и понатамошна фортификација на ѕидините на Цариград, кои го направиле градот отпорен на повеќето напади сè до 1204 година.[26]

За да ги одбие Хуните, Теодосиј требал да му плати огромен надоместок на Атила. Неговиот наследник, Маркијан, одбил да продолжи со плаќањето на данок, но Атила веќе го пренасочил своето внимание кон Западот. По неговата смрт во 453, Хунската Империја се распаднала и многу од преостанатите Хуни биле најмувани како платеници во Цариград.[27]

Губење на Западното Римско Царство

По падот на Атила, Источната Империја поминала низ мирен период, додека Западната Империја се влошила поради непрекината миграција и проширување на германските нации (крајот најчесто се сместува во 476 година кога германскиот римски генерал Одоакар го соборил титуларниот западен цар Ромул Августул[28]). Во 480 царот Зенон ја укинал поделбата на империјата и се направил единствен владетел. Одоакар, сега владетел на Италија, бил номинално подреден под Зенон, но дејствувал со целосна автономност, обезбедувајќи поддршка за бунтот против царот.[29]

Зенон преговарал со напаѓачките Остроготи, кои се населиле во Мизија, убедувајќи го готскиот крал Теодорих Велики да замине за Италија како magister militum per Italiam („врховниот командант за Италија“) со цел да го депозиционира Одоакар. Со барањето од Теодорих да ја освои Италија, Зенон го ослободил Источното Царство од непослушниот подредник (Одоакар) и преместил друг (Теодорих) подалеку од срцето на империјата. По поразот на Одоакар во 493, Теодорих сам владеел со Италија, иако никогаш не бил сметан за „крал“ (rex) од источните владетели.[29]

Во 491, Анастасиј I, возрасен граѓански службеник со римско потекло, станал цар, но тоа не се случило сè до 497 кога силите на новиот цар делотворно презеле мерка за изауријскиот отпор.[30] Анастасиј се претставил како енергичен реформатор и способен управник. Тој го усовршил монетарниот систем на Константин I со конечно поставување на тежината на бакарниот фолис, монета која се користела во секојдневните трансакции.[31] Тој исто така го реформирал даночниот систем и трајно го укинал хрисаргирскиот данок. Државната каса изнесувала огромна сума од 150.000 килограми злато кога Анастасиј умрел во 518.[32]

Освојување на западните провинции

Јустинијан I прикажан на еден од најпознатите мозаици на Сан Витале, Равена.

Јустинијан I, син на илирски селанец, можеби веќе имал делотворна контрола за време на владеењето на неговиот чичко, Јустин I (518–527).[33] Тој го презел престолот во 527 година и го надгледал периодот на закрепнување на поранешните територии. Во 532 година, обидувајќи се да ја обезбеди источната граница, потпишал мировен договор со Сасанидите. Истата година, тој преживеал бунт во Цариград (бунтот Ника), кој ја зацврстил неговата моќ, но завршил со смрт на 30.000 до 35.000 демонстранти по негова наредба.[34]

Во 529 година, десетчлена комисија командувана од Јован Кападокиски го ревидирала римското право и создала нова кодификација на законите и правничките екстракти. Во 534 година, кодот се обновил и заедно со актите изгласани од Јустинијан по 534 година, се создал нов законски систем кој се користел во преостанатиот период на византиската ера.[35]

Западното освојување започнало во 533 година, кога Јустинијан го испратил неговиот генерал Велизариј да ја поврати поранешната африканска провинција од Вандалите кои биле во контрола од 429 година со нивниот главен град Картагина.[36] Нивниот успех пристигнал со изненадувачка леснотија, но дури во 548 година локалните племиња биле потиснати.[37] Во остроготска Италија, смртта на Теодорих, неговиот внук и наследник Аталарик и неговата ќерка Амаласунта, го задржала убиецот Теодад (владеел 534–536) на престолот и покрај неговата ослабена власт.[38]

Во 535 година, мала византиска експедиција кон Сицилија наишла на лесен успех, но Готите набрзо го заостриле нивниот отпор и победата не дошла сè до 540 година, кога Велизариј ја окупирал Равена, по успешните опсади на Неапол и Рим.[38] Во 535–536, Теодад го испратил папата Агапит во Цариград за да побара оттргнување на византиските сили од Сицилија, Далмација и Италија. Иако Агапит не бил успешен во неговата мисија да потпише мир со Јустинијан, тој успеал да го симне монофизитстичкиот патријарх Антим I Цариградски од престолот и покрај заштитата и поддршката од царевицата Теодора.[39]

Остроготите набрзо биле обединети под команда на кралот Тотила и го освоиле Рим во 546 година. Велизариј, кој бил испратен назад во Италија во 544 година, на крајот бил повикан назад во Цариград во 549 година.[40] Пристигнувањето на ерменскиот евнух Нарзес во Италија (крајот на 551 година) со војска од 35.000 мажи одбележало уште една промена во готската среќа. Тотила бил поразен во Битката кај Тагине и неговиот наследник, Теја, бил поразен во Битката на Мон Лактариј (октомври 552 година). Покрај непрестајниот отпор од неколкуте готски гарнизони и две последователни инвазии од Франките и Алеманите, војната за италијанскиот полуостров била при крај.[41] Во 551, Атанагилд, благородник од визиготска Хиспанија, побарал помош од Јустинијан за бунт против кралот и царот упатил сила под водство на Либериј, успешен воен командант. Империјата поседувала само мал дел од крајбрежјето на Спанија сè до владеењето на Хераклиј.[42]

Источното Римско Царство во 600 година за време на владеењето на царот Маврикиј.

На истокот, Римско-персиските војни продолжиле сè до 561 кога претставниците на Јустинијан и Хосров склучиле 50-годишен мир.[43] До средишните 550-ти, Јустинијан извојувал победи во повеќето приредени операции, со забележлив исклучок на Балканот, каде биле подложни на непрестајни напади од Словените и Гепидите. Српските и хрватските племиња подоцна биле пренаселени во северозападниот дел на Балканскиот Полуостров, за време на владеењето на Ираклиј.[44] Јустинијан го повикал Велизариј од пензија и ја елиминирал новата хунска закана. Зајакнувањето на дунавската флота предизвикало кутригурските Хуни да се повлечат и тие се согласиле за договор кој овозможувал безбеден премин назад преку Дунав.[45]

Во текот на VI век, традиционалната грчко-римска култура сè уште влијаела врз Источната империја. Филозофите како што е Јован Филопон настапил со неоплатонистички идеи како продолжение на христијанското размислување и емпиризмот. И покрај тоа, хеленистичката филозофија почнала да се заменува или да се соединува во понова христијанска филозофија. Политеизмот бил потиснат од државата. Затворањето на Платоновата академија било забележлива пресвртна точка. Химните напишани од Роман Слаткопејачот го одбележале развитокот на божествената литургија, додека архитектите и градежниците работеле на завршувањето на новата црква на Света Мудрост, Аја Софија, која била дизајнирана да замени постара црква уништена за време на бунтот Ника. Аја Софија денес претставува една од главните споменици на византиската архитектонска историја.[46] Во текот на VI и VII век, империјата била зафатена од низа епидемии, кои во голема мера го уништиле населението и придонеле за значителен економски пад и ослабнување на империјата.[47]

По смртта на Јустинијан во 565 година, неговиот наследник, Јустин II одбил да им плати голем данок на Персијците. Во меѓувреме, германските Лангобарди ја окупирале Италија, а до крајот на векот само третина од Италија била во рацете на Византија. Јустиновиот престолонаследник, Тибериј II, избирајќи меѓу своите непријатели, им доделил субвенции на Аварите, додека презел воени мерки против Персијците. Иако генералот на Тибериј, Маврикиј, водел успешен поход на источната граница, субвенциите не успеале да ги задржат Аварите. Тие ја освоиле балканската тврдина Сирмиум во 582 година, додека Словените почнале да напредуваат преку Дунав.[48]

Маврикиј, кој во меѓувреме го наследил Тибериј, интервенирал во персиска граѓанска војна, го сместил Хосров II назад на престолот и ја оженил својата ќерка со него. Договорот на Маврикиј со неговиот нов зет ја зголемил територијата на империјата кон Истокот и овозможил енергичниот цар да се фокусира на Балканот. До 602 година, серијата на успешни византиски походи ги истиснале Аварите и Словените назад преку Дунав.[48]

Намалување на границите

Ираклиева династија

Византија во 650 година, до оваа година биле загубени сите јужни провинции освен Африканскиот егзархат.

По убиството на Маврикиј од страна на Фока, Хосров го искористил тоа како изговор да ја заземе римската провинција Месопотамија.[49] Фока, непопуларен владетел секогаш опишан во византиските извори како „тиранин“, бил мета на неколку заговори предводени од сенатот. Тој на крајот бил симнат од престолот во 610 година од Ираклиј, кој пловел кон Цариград од Картагина со икона поставена на клунот од неговиот брод.[50]

По пристапувањето на Ираклиј, сасанидското пробивање продолжило длабоко во Левант, окупирајќи ги Дамаск и Ерусалим и преместувајќи го Светиот крст во Ктесифон.[51] Противнападот упатен од Ираклиј добил карактер на света војна и нерачно направената слика на Христос била носена како воен стандард[52] (слично, кога Цариград бил спасен од аварската опсада во 626 година, победата била припишана на иконите на Богородица кои биле носени во поворката од патријархот Сергеј околу градските ѕидини).[53]

Главната сасанидска сила била уништена во Битката кај Ниниве во 627, и во 629 година Ираклиј го вратил Светиот крст во Ерусалим со величествена церемонија.[54] Војната ги исцрпела и Византијците и Сасанидите и ги оставила исклучително ранливи на муслиманските сили кои надоаѓале наредните години.[55] Византијците претрпеле тежок пораз од Арапите во Битката кај Јармук во 636 година, додека Ктесифон паднал во 637 година.[56]

Опсада на Цариград (674–78)

Грчкиот оган првпат бил употребен од византиската морнарица за време на Византиско-арапските војни (извадок од ракописната книга Madrid Skylitzes, Национална библиотека на Шпанија, Мадрид).

Византија како тема во уметноста и во популарната култура

Поврзано

  • Список на византиски цареви
  • Византиска филозофија
  • Византиски обред
  • Наследството на Римското Царство
  • Список на византиски пронајдоци
  • Список на византиски бунтови и граѓански војни
  • Список на византиски војни

Белешки

Белешки

Наводи

Примарни извори

Секундарни извори

Натамошно читање

Надворешни врски

Византиски студии, ресурси и библиографија

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица