Крсте Николов Колоски

македонски зограф

Крсте Николов Коло(в)ски или Дулев (1839 - 1938) — истакнат македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.[1]

Крсте Николов Колоски
Крсте Коловски со свое дело околу 1910 г.
Роден(а)1839
Лазарополе, Реканско
Починал(а)1938
Лазарополе, Реканско
НационалностМакедонец
Занимањезограф, иконописец
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Роднини

Животопис

Роден е во 1839 г. во мијачкото село Лазарополе. Потекнува од големиот зографски род Дулеви (Коловци), чијшто основоположници се дедо му Дуле и татко му Никола Крстев. Крсте изработил икони во црквите „Св. Никола“ во Мраморец и „Св. Ѓорѓи“ во Злести, Тетовско. Негово дело е и иконата на Кирил и Методиј од 1881 година во црквата „Св. Илија“ во Зарово, Солунско.[1]

На влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рајчица има натпис:

Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Ангеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат – од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе.[2]

Во 1881, 1883 и 1885 г. заедно Никола Михајлов и Станко Цветков - Мијак од Крушево работел на иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод.[3]

Подоцна Крсте се преселил во Охрид, каде за помошник го зел Серафим Тризла. Често работел со брата си Константин. Ги обучил синовите Рафаил и Русалим, со кои потоа често творел.[1] Во својот тефтер напишал дека во 1890 г. работел со брат му Коста во Софија, каде дале 932 гроша за бои, а оттаму „во Ломско зафаќаме во Сталинска Маала и во Белоградчик“.[4] Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала има икона потпишана и датирана во 1891 г. На оваа необична икона се претставени светците Евстатиј, Трифун и Јулијан како ги држат нивните атрибути: Евстатиј — страк пченка, Трифун — лозарски нож (косир) и лозово гранче, а Јулијан — житни стебла.[5]

Николов како и татко му пред него работел и во Ќустендил и Ќустендилско, како и во Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[4]

Натписот во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце со името Крсто Нїколић

Во 1895 г. Крсте ги насликал иконите за иконостасите на црквите во струшките села Горна и Долна Белица,[6] потпишувајќи се на грчки (заради патријаршиските правила) како Ставрос Николау.[7]

Иконите во црквата „Св. Богородица“ во Волино се изработени од Крсте Колоски и неговиот син Рафаил.[8] Иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во Јудово исто така се негово дело, овојпат заедно со синот Русалим. Фреските се од 1902 г.[9] Околу 1919 г. Крсте заедно со синот Рафаил и Димитар Андонов (Донев) творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите со Рафаил ја живописал новата црква во манастирот „Сите Светители“ во Лешани.[6] Во 1928 г. со Рафаил ја зографисал и црквата „Св. Мина“ во Коњско.[8] Следната 1929 г. двајцата ја живописале „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, Охридско.[8]

Исус Христос во „Св. Никола“, Тетово, 1904 г. Изработена од Крсте со брат му Константин и синот Русалим.

Крсте работел и низ Солунско, Тетовско, Ќустендилско, во селската црква во родното Лазарополе, а негови творби се наоѓаат и во цркви на Косово и остатокот од Јужна Србија.[6]

Крсте Колоски починал 1938 година во Лазарополе.[1][6]

Родословие

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Дуле
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Никола Дулев
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Крсте Николов
(1839 - 1938)
 
 
 
 
 
 
 
 
Константин Николов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Русалим Крстев
 
 
 
Рафаил Крстев
 
Томо Константинов
 
Јаким Константинов
 
Теодосиј Константинов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владимир Рафаилов
 
 
 
Крсте Рафаилов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Поврзано

  • Дебарска школа

Наводи

Надворешни врски