Цариградска патријаршија

Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија (грчки: Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον Κωνσταντινουπόλεως, Oikoumenikòn Patriarcheîon Kōnstantinoupóleōs; турски: Rum Ortodoks Patrikhanesiе [4][5]) — една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот.

Вселенска патријаршија
КласификацијаПравославие
ПоглаварАрхиепископ на Константинопол-Новиот Рим и Вселенски патријарх Вартоломеј I
Парохии525 (во САД)[1]
Монаси~1,800 (Света Гора)
Манастири20 (САД),[1] 20 (Света Гора), 8 (Австралија), 6 (Метеора), 2 (Кореја)
Јазикгрчки, англиски, украински, француски, корејски, турски
СедиштеЦрква „Свети Ѓорѓи“, Истанбул
41°01′45″N 28°57′06″E / 41.02917° СГШ; 28.95167° ИГД / 41.02917; 28.95167
ТериторијаИстанбул, поголемиот дел од Турција, Света Гора, Крит, дел од северна Грција, Додеканезите, Кореја, грчките и украинските православни цркви во дијаспората
ОсновачАпостол Андреј
Членови~5,000 во Турција,[2][3] ~3,800,000 во Грција, ~1,500,000 во дијаспората, =5,305,000 вкупно.
Мрежно местоec-patr.org

Моментален патријарх и духовен водач[6] на околу 300 милиони православни христијани во светот[7] е Вартоломеј I.

Историја

Создадена е откако е расцепена Римското Царство (395 г.) на чело со епископ, а од 451 г. од патријарх. Во 596 година патријархот се прогласува за Вселенски патријарх.

После паѓањето на Цариград под османска власт (1453 г.) на цариградскиот патријарх му е дадено правото да биде духовен водич на сите источни (словенски) христијани во пределите на империјата.

Во првите векови на османското владеење, Цариградската патријаршија игра улога на потпомагач на црковното и училишното дело во Османлиското Царство и противдејствува на некои од обидите на исламот за потурчување на одделни региони на Балканот.

Од XVIII век и почетокот на XIX век таа започнува да се претставува како грчка, со што се стреми кон грцизирање на негрчкото христијанско население во империјата.

Цариградската патријаршија ја претставува црковна и училишна дејност во Македонија и Одринско, кои после Берлинскиот конгрес од 1878 г. одново се под османската власт. Таа ги поткрепува и грчките и српските области, но не ја признава автокефалноста на бугарската црква.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица