Об (река во Франција)

река во Франција

Об (француски: Aube - Зора) — река во североисточна Франција, десна притока на Сена. Долга е 248 км, а сливот зафаќа површина од околу 3.600 км2[1]. По неа е наречен департманот Об.

Об
Изворно имеAube  (француски)
Местоположба
Земја Франција
Физички особености
Извор 
 • местоЛангр, Горна Марна
 • координати47°45′37″N 5°07′29″E / 47.7602° СГШ; 5.1247° ИГД / 47.7602; 5.1247 (извор на Об)
Устие 
 • место
Сена
 • координати
48°33′26″N 3°43′03″E / 48.5572° СГШ; 3.7175° ИГД / 48.5572; 3.7175 (утока на Об во Сена)
Должина248 км
Големина на сливот3.600 км2
Проток 
 • просечен34 м3
Особености на сливот
ТечениеСенаЛаманш
Изворот на Об.
Об во Бар на Об.

Извира на висорамнината Лангр кај селото Оберив во департманот Горна Марна. Тече низ департманите Горна Марна, Златен Брег, Об и Марна, па на крај се влева во Сена кај Марсији на Сена. По своето течение, минува низ градовите Бар на Об и Арси на Об.

Поважни притоки

  • Обет
  • Ожон
  • Ландон
  • Воар
  • Раве
  • Мелдансон
  • Пуит
  • Уитрел
  • Ербисон
  • Барбуиз
  • Салон
  • Сиперб

Течение

Об тече низ следниве населени места (наведени под нивните департмани):

  • Горна Марна: Оберив
  • Златен Брег: Монтињи на Об
  • Об: Бар на Об, Бриен ле Шато, Ремери, Арси на Об
  • Марна: Англир

Поврзано

  • Албиум — геолошка доба наречена по реката
  • Об (департман)

Наводи

Надворешни врски

  • Об на Ризницата ?
  • За реката Об — Речник на реките и каналите во Франција (француски)