Од Кристијан Ејкинг

норвешки велосипедист

Од Кристијан Ејкинг (норвешки: Odd Christian Eiking; р. 28 декември 1994) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1][2]

Од Кристијан Ејкинг
Ејкинг на Трката околу Германија 2018
Лични податоци
Цело имеОд Кристијан Ејкинг
Роден28 декември 1994(1994-12-28)(29 г.)
Сторд,  Норвешка
Висина1,82 м
Маса75 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2010–2013 Берген СК
Професионални клубови
2014–2015
2016–2017
2018-2020
2021
2022-
Тим Џокер
ФДЖ
Ванти-Груп Гобер
Интермарше-Ванти-Жобер Материо
ЕФ Едукејшн-ИзиПост
Последна промена
26 март 2022

Кариера

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[3]

Во август 2017 година, Ејкинг потпишал договор со Ванти-Груп Гобер и се приклучил од сезоната 2018.[4] Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[5]

На Вуелта а Еспања 2021, Ејкинг бил дел од бегството составена од 31 возач на десеттата етапа,[6] каде бил најдобро пласиран возач во генералниот пласман, доцнејќи зад предводникот на трката Примож Роглич (Џамбо-Висма) над девет минути. Предноста на група пред главната група достигнала над тринаесет минути на својот максимум, со што на крајот Ејкинг завршил скоро осум и пол минути пред Роглич, преземајќи ја водечката црвена маичка. Го одржал водството на трката до завршната седмица,[7] предавајќи ја маичката на етапата 17, кога отпаднал на второто од четирите категоризирани брда во текот на етапата.[8] Изгубил 9' 23" до крајот на етапата, со што паднал на единаесеттото место, каде останал до крајот во генералниот пласман.[9] Неколку дена по трката, Ејкинг потпишал договор со екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост за сезоната 2022.[1]

Достигнувања

2013
10. Краен пласман Тур де Берлин
2014
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
3. Национално друмско првенство
4. Национално друмско првенство под 23 години
4. Хаделанд ГП
5. Рингерике ГП
2015
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Пласман за млад возач Трка околу Норвешка
1. Етапа 2 Џиро дела Вале д’Аоста
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Мировна трка под 23 години
3. Рингерике ГП
5. Хаделанд ГП
6. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
2016
1. Етапа 1 (TTT) Ла Медитеранен
4. Краен пласман Трка околу Норвешка
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
2017
1. Букл де л’Олн
10. Класик Лоар Атлантик
2018
1. Етапа 3 Тур де Валони
2. Гран при д’Увертир ла Марсејез
8. Краен пласман Трка околу Оман
8. Париз-Шони
2019
Арктичка трка на Норвешка
1. Планински пласман
1. Етапа 3
3. Класик Сид-Ардеш
3. Гран при де Плимелек-Морбијан
6. Краен пласман Трка околу Гуангси
8. Гран при де Валони
2021
2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
7. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Етоал де Бесеж
10. Гран при Ла Марсејез

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка201620172018201920202021
Џироне настапил во текот на кариерата
Тур111
Вуелта77СО11

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски