Пандо Николов
Пандо Николов, повеќе познат како Пандо Струмички е револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација (Автономистичка) во Струмичко. Се води под псевдонимот Бакунин.[1]
Пандо Николов | |
---|---|
1898-1928 | |
Николов во четничка униформа, околу 1928 г. | |
Прекар: | Бакунин[1] |
Роден во: | Струмица, Отоманско Царство |
Починал во: | Јундола, Царство Бугарија |
Род: | ВМРО (Автономистичка) |
Период на служба: | 1920-1928 г. |
Чин: | војвода |
Животопис
Тој е роден во 1898 година во Струмица, тогаш во Отоманско Царство. Во родниот град завршил 3-ти прогимназиски клас. Во 1920 година убива српски полицаец при што се пушта во бегство. Бил четник кај познатиот струмички револуционер Георги В'ндев и Димитар Димашев, а потоа формира и своја чета во Струмичко од околу 13 луѓе заедно со Пандо Кицов.
Летото 1928 година зема учество во спречување на обид за преземање на помошната организација на ВМРО, при што на 25 јули е фатен и убиен кај месноста Јундола од четата на Стојан Вардарски и Георги Настев.[2][3]
Наводи
🔥 Top keywords: Главна страницаСпецијална:БарајЕвропско првенство во фудбал 2024Весна ЈаневскаВладо МисајловскиКарлес ПуџдемонЗоран ЉутковСтефан АндоновскиМакедонијаТимчо МуцунскиМасакр во ВаташаСписок на змии во МакедонијаОче нашДуховденВтора светска војнаСкопјеГоран МинчевДржавни празници во МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаЗмијаКатегорија:Статии за средувањеЃорѓи МарјановиќЦар СамоилМакедонски парламентарни избори (2024)Плимна силаПоскокМРТ 1Свети Кирил и МетодијПоштенски броеви во МакедонијаМочуриштеАнтичка МакедонијаКурбан бајрамПовикувачки броеви во МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБорко РистовскиАлександар III МакедонскиСловачкаЗадушницаАвтомобилски регистарски таблички во Македонија