Рено Клио

модел на автомобилската марка Рено

Рено Клио (француски: Renault Clio) – автомобил што го произведува француската фабрика за автомобили Рено. Се произведува од 1990 година.

Рено Клио
Renault Clio
ПроизведувачРено
Познат и какоРено Лутеција (Јапонија)
Производство1990–денес
ПретходникРено 5
Класамали автомобили (Б-сегмент)
Распоредмотор напред, преден погон

Историјат

Рено Клио е супермини возило, кое било лансирано во 1990 година, и моментално е актуелна четвртата генерација од 2012 година. Клиото има голем комерцијален успех и константно е еден од најпродаваните автомобили во Европа. Му се припишуваат големи заслуги за враќање на Реноовата репутација која било сериозно разнишана во текот на 1980-тите години. Рено Клио е единствен автомобил, покрај Фолксваген голфголфот кој двапати бил прогласуван за најдобар европски автомобил на годината, 1991 и 2006 година.[1] Во Јапонијау се продава под називот Лутеција (Renault Lutecia), бидејќи Хонда го поседува правото на името „Клио“.

Клио I (1990–1998)

Клио I
Познат и какоРено Лутеција (Јапонија)
Производство1990–1998 (Франција)
1996–2001 (Колумбија)
СклопувањеФранција, Турција, Аргентина[2] Колумбија, Белгија
Вид каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
Моторбензински мотор 1,108 cc
1,149 cc
1,171 cc
1,390 cc
1,565 cc
1,721 cc
1,764 cc
1,794 cc
1,998 cc
дизел1,870 cc
Пренос5 степени мануелен
3 степени автоматик
4 степени автомати
Меѓуоскино раст.2472 mm
Должина3709 mm
Ширина1616 mm
Висина1360 mm
Нетоварена тежина930 кг

Клиото од првата генерација било претставено на саемот во Париз во 1990 година, како замена за Рено 5. Во 1991 година ја добило титулата европски автомобил на годината. Било редизајнирано во 1994 и 1996 година. Биле вградувани бензински мотори од 1,2 (54 и 58 КС), 1,4 (75 и 79 КС), 1,8 (88, 90, 107, 109 и 135 КС), 2,0 Клио Вилијамс (147 КС) и дизел-мотор од 1,9 (64 КС).

Клио фаза 1 (1990-94)
Клио фаза 2 (1994–96)
Клио фаза 3, поглед од назад
Клио фаза 3 (1996-98)

Клио II (1998–2005)

Клио II
Познат и какоРено Лутеција (Јапонија)
Производство1998–2012 (Франција) [3]
1998–2015 (Словенија)[4]
2001–2009 (Мексико)[5][6][7]
2000–2017 (Аргентина)[8][9][9]
2001–2017 (Колумбија)[10][11]
СклопувањеФранција, Турција, Бразил, Словенија, Колумбија, Мексико[12]
Вид каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
4 врати седан
Моторбензински мотор 1,0
1,2
1,4
1,6
2,0
3,0 L
дизел 1,5
1,9 L
Пренос5 степени мануелен
4 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2472 mm
Должина3773 mm
Ширина1639 mm
Висина1417 mm
Нетоварена тежина990 кг
Рено Клио II (пред редизајн)
Рено Клио РС (пред редизајн)
Рено Клио РС (редизајнирано)

Рено Клио 2 се појавил во 1998 година, а освежувања доживеал во 2001 и 2004 година. Во понудата на мотори доминирале малите бензински мотори 1,2 со 58 и 75 КС, но понудени биле мотори и од 1,4 (75, 95 и 98 КС), 1,6 (90 и 107 КС), 2,0 Клио спорт (169, 174 и 180 КС) и 3,0 л (226 и 254 КС). Од 2002 година добил еластичен дизел-мотор со 65 и 82 КС. Голема популарност стекнал со доверливоста на едноставната конструкција и добра понуда на простор напред.[13] Во 1999 година Рено ја лансирал верзијата седан со четири врати со име Рено симбол за пазарите во Турција и Источна Европа, односно рено талија за Средна Европа. Моделот бил наменет за пазари во развој каде седаните се традиционално посакани од хечбек верзиите, пред сè во Источна Европа каде талија била поевтина од Клиото.

Клио III (2005–2012)

Клио III
Познат и какоРено евро Клио (Мексико)
Рено Лутеција (Јапонија)
Производство2005–2014[14][15][16]
СклопувањеФранција, Турција, Шпанија
Вид каросерија3 врати хечбек
5 врати хечбек
5 врати караван
ПлатформаНисан Б
Моторбензински мотори 1,2 L
1,4 L
1,6 L
2,0 L
дизели 1,5 L
1,9 L
Пренос5 степени мануелен
6 степени мануелен
4 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2451 mm, 2575 mm караван
Должина3986 mm (2005-2009), 4032 mm (2009-денес), 4233 mm караван
Ширина1707 mm (2005-2009), 1720 mm (2009-денес), 1719 mm караван
Висина1497 mm
Нетоварена тежина1150 кг
СродниНисан микра
Нисан тилда
Рено модус
Дачија логан
Дачија сандеро
Хечбек (пред редизајн)
Караван (пред редизајн)
Рено Клио РС (пред редизајн)
Хечбек (редизајнира)
Караван (редизајниран)

Третата генерација се појавила во 2005 година на саемот за автомобили во Франкфурт. Развиен е во соработка со Нисан. Значително е поголем и потежок од претходните генерации. Првпат се користела картичка за стартување на автомобилот.. Клио III во 2005 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички.[17] Во 2006 година ја добил титулата европски автомобил на годината. Верзијата караван била претставена во 2007 година под името спортс турер. Редизајниран бил во 2009 година кога го добил новиот изглед на предниот дел. Во ентериерот биле вградувани поквалитетни материјали и бил подобро опремен од моделите пред редизајнот. Користел бензински мотори од 1,0 (58 и 77 КС), 1,2 (54, 58, 60, 76 и 101 КС), 1,4 (75, 80 и 98 КС), 1,6 (88, 110 и 112 КС), 1,7 (90 КС), 1,8 (95, 110 и 137 КС), 2,0 (135, 145, 172, 182 и 197 КС), 3,0 (230 и 255 КС) и дизел-мотори од 1,5 (65, 68, 82, 86, 90, 101 и 106 КС) и 1,9 (68 и 80 КС).

Клио IV (2012–2019)

Клио IV
Познат и какоРено Лутеција (Јапонија)[18]
Производство2012–денес
СклопувањеФранција, Турција, Словенија, Алжир (од средината на март 2018)
Вид каросерија5 врати хечбек
5 врати караван
ПлатформаНисан Б
Моторбензински мотори 0,9 L
1,2 L
дизели 1,5 L
Пренос5 степени мануелен
6 степени автоматик
Меѓуоскино раст.2589 mm
Должина4062 mm (хечбек), 4262 mm (караван)
Ширина1732 mm
Висина1448 mm
Нетоварена тежина980–1,071 kg (2,161–2,361 lb)
СродниРено каптур
Нисан микра V
Рено Клио РС
Клио хечбек
Клио караван
Внатрешност

Четвртата генерација била претставена во 2012 година на саемот за автомобили во Париз. Значајна разлика од претходната генерација е меѓуоскиното растојание кое е значително поголемо и е близу до она на компактен автомобил. Незначително е подолг и поширок од претходната генерација. Клио IV на пазарот е достапен исклучиво како модел со пет врати, за разлика од претходните генерации кога моделите биле со три и пет врати. Во почетокот на 2013 година излегла верзијата караван. Рачките на задните врати се скриени во столбот. Ентериерот се одликува со елегантен дизајн, со инструмент-табла чиј изглед потсетува на облик на авионско крило. Опремен е со дигитален брзиномер, додека на централната конзола со минималистички изглед се сместени инфо-забавниот систем и навигацијата, а 7-инчниот екран е стандарден во одредени пакети опрема. . Осим у Француској модел се производи и у Турској.[19]

Клио IV во 2012 година на креш тестовите Euro NCAP добил максимални пет ѕвездички.[17] Користи бензински мотори од 0,9 (90 КС), 1,2 (75 КС) и дизел-мотори од 1,5 (75 и 90 КС

Мотори - рено Клио 4

Бензински мотори [20]
МоторКодЗафатнинаМакс. снагаВртежен моментМакс. брзинаЗабрзување 0–100 км/чПотрошувачка
0,9 12v Energy TCeH4Bt 400898 ццм90 КС (67 кB) при 5250 врт./мин.135 Nm при 2500 врт./мин.182 км/ч12,2 с4,5 л/100 км
0,9 12v Energy TCe 99gH4Bt 400898 ццм135 Nm при 2500 врт./мин.185 км/ч13,0 с4,3 л/100 км
1,2 16v 75D4F 7401.149 ццм75 КС (56 кB) при 5500 врт./мин.107 Nm при 4250 врт./мин.167 км/ч14,5 с5,5 л/100 км
1,2 16v TCe 120H5Ft1.149 ццм119 КС (89 кB) при 4900 врт./мин.190 Nm при 2000 врт./мин.199 км/ч9,4 с5,2 л/100 км
1,2 16v Energy TCe 120H5Ft1.197 ццм118 КС (88 кB) при 5500 врт./мин.205 Nm при 2000 врт./мин.199 км/ч9,0 с5,3 л/100 км
Дизел мотори [20]
1,5 8v dCi 75K9K 6121.461 ццм75 КС (56 кB) при 4000 врт./мин.200 Nm при 1750 врт./мин.168 км/ч14,3 с3,6 л/100 км
1,5 8v Energy dCi 90K9K 6081.461 ццм90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин.220 Nm при 1750 врт./мин.178 км/ч11,7 с3,4 л/100 км
1,5 8v Energy dCi 90 83gK9K 6081.461 ццм90 КС (67 кB) при 4000 врт./мин.220 Nm при 1750 врт./мин.180 км/ч (112 mph)12,1 с3,2 л/100 км

Наводи

Надворешни врски