Триатлон на Летните олимписки игри

Триатлонот своето прво појавување на официјалната програма на Летните олимписки игри го имал на игрите во 2000, во Сиднеј, и оттогаш бил дел од сите изданија на игрите. Спортот е раководен од страна на Меѓународниот сојуз за тријатлон (ITU).

Триатлон на Летните олимписки игри
Раководен органITU
Дисциплини2 (мажи: 1; жени: 1)
Игри
189619001904190819121920
192419281932193619481952
195619601964196819721976
198019841988199219962000
20042008201220162020
Освојувачи на медали

Историја

На Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј, триатлонот го имал своето олимписко деби. Таму учествувале вкупно 48 жени и 52 мажи кои се натпреварувале во посебни натпревари. Користените должини биле "меѓународни" или "стандардни", и изнесувале 1.5 км пливање, 40 км велосипедизам, и 10 км трчање. Четири години подоцна, на игрите во Атина, натпреварувањето било исто како и воведното а единствената разлика била тоа што мажите и жените имале еднаков број на натпреварувачи, по 50. Квотата подоцна била зголемена на 55 жени и 55 мажи за игрите во 2008 во Пекинг и останала иста за игрите во 2012 во Лондон.

Табела на медали

МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  Швајцарија (SUI)2024
2  Австралија (AUS)1225
3  Нов Зеланд (NZL)1113
4  Канада (CAN)1102
 Германија (GER)1102
6  Велика Британија (GBR)1012
7  Австрија (AUT)1001
8  Португалија (POR)0101
 Шпанија (ESP)0101
 Шведска (SWE)0101
11  Чешка (CZE)0011
 САД (USA)0011

Квалификации

Квалификациските места во триатлон се распределени помеѓу националните олимписки комитети (НОК) отколку помеѓу поединечни натпреварувачи.

Постојат пет начини националните олимписки комитети да освојат место во триатлон. Тие можат да добијат најмногу три места; само осум земји можат да добијат толку места. Останатите земји можат да добијат само две места.[1]

Првите пет места ги добиваат победниците на петте регионални квалификациски турнири. Уште три места добиваат најдобрите три триатлонци од последното Светско првенство во триатлон, при што натпреварувачите кои победиле на регионален турнир не се земаат предвид. Следните 39 места ги добиваат националните олимписки комитети кои имаат највисоко пласирани натпреварувачи на ITU ранг листите (повторно не се земаат предвид оние натпреварувачи кои претходно обезбедиле пласман преку претходните два методи). Едно место добива земјата домаќин доколку сѐ уште нема добиено место, а доколку има, тоа место го добива вториот најдобро пласиран натпреварувач од земата домаќин. Две места се доделуваат од страна на трипатритната комисија. На крајот, пет дополнителни места се распределуваат помеѓу националните олимписки комитети кои немаат добиено место спорет ITU ранг листите, така што секој континент добива по едно место.[1]

Земји учеснички

Следниве држави испратиле свои натпреварувачи на натпреварите во триатлон.

Земја00040812Вкупно
АргентинаMДM3
АвстралијаДДДД4
АвстријаMДДД4
БелгијаЖЖMД4
БермудаMЖД3
БразилДДДД4
КанадаДДДД4
ЧилеMЖД3
КинаЖЖДД4
КолумбијаЖЖM3
КостарикаЖM2
ЧешкаДДДД4
ДанскаДMMЖ4
ЕквадорЖ1
ЕстонијаMM2
ФранцијаДДДД4
ГерманијаДДДД4
Велика БританијаДДДД4
ГрцијаMMЖ3
ХонгконгMД2
УнгаријаДДДЖ4
ИрскаЖД2
ИталијаДЖДД4
ЈамајкаЖ1
ЈапонијаДДДД4
КазахстанMДM3
ЛуксембургЖЖД3
МаврициусЖ1
МексикоMДД3
МонакоM1
ХоландијаДЖДЖ4
Холандски АнтилиM1
Нов ЗеландДДДД4
ПолскаДД2
ПортугалијаЖДM3
РусијаЖДДД4
СловачкаMM2
СловенијаЖ1
ЈАРДДЖД4
Јужна КорејаM1
ШпанијаДДДД4
ШведскаMЖЖ3
ШвајцаријаДДДД4
СиријаM1
УкраинаMMДД4
САДДДДД4
ВенецуелаMM2
ЗимбабвеMMM3
Земји3433363948
Година00040812Вкупно

Клуч: М - само во машка конкуренција; Ж - само во женска конкуренција; Д - во двете конкуренции

Наводи

Надворешни врски