Национален олимписки комитет

Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји.НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.

Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет

Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:

Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:

КонтинентиЗдружениеБр. на
НОК-ови
Најстар НОКНајнов НОК
  Африка
Здружение на националните олимписки комитети на Африка53Египет (1910)Еритреја (1999)
  Америка
Панамериканска спортска организација41САД (1894)Доминика (1993)
Света Луција (1993)
Свети Кристофер и Невис (1993)
  Азија
Олимписки совет на Азија44[5]Јапонија (1912)Тимор-Лесте (2003)
  Европа
Европски олимписки комитети49Франција (1894)Црна Гора (2007)
  Океанија
Национални олимписки комитети на Океанија17Австралија (1895)Тувалу (2007)

Список на национални олимписки комитети по година на признавање

Ова е хронолошки список на сите 204 признаени НОК-ови од 1894 до денес. Многу од нив се основани долго пред да бидат признаени, додека пак други се прифатени веднаш по нивното формирање. На списокот се изоставени поранешни држави (како на пр. СФРЈ, СССР, Чехословачка итн).

1894Франција, САД
1895Австралија, Германија, Грција, Унгарија
1900Норвешка
1905Велика Британија, Данска
1906Белгија
1907Канада, Финска
1909Португалија
1910Египет
1911Турција
1912Австрија, Јапонија, Луксембург, Србија,[6] Холандија, Швајцарија, Шпанија
1913Шведска
1914Романија
1915Италија
1919Нов Зеланд, Полска
1922Ирска, Латвија
1923Аргентина, Естонија, Мексико, Уругвај
1924Бугарија, Литванија, Хаити
1927Индија
1929Филипини
1933Израел
1934Чиле
1935Бразил, Венецуела, Исланд, Лихтенштајн
1936Авганистан, Бермуда, Боливија, Јамајка, Малта, Перу
1937Шри Ланка (тогаш „Цејлон“)
1947Гватемала, Иран, Јужна Кореја (во МОК се води како „Кореја“), Мјанмар (тогаш „Бурма“), Панама
1948Гвајана (тогаш „Британска Гвајана“), Ирак, Колумбија, Либан, Пакистан, Порторико, Сингапур, Сирија, Тринидад и Тобаго
1950Тајланд, Холандски Антили
1951Нигерија, Хонгконг
1952Бахами, Гана (тогаш „Златен Брег“), Израел, Индонезија
1953Монако
1954Етиопија, Костарика, Куба, Малезија (тогаш „Малаја“)
1955Барбадос, Кенија, Либерија, Фиџи
1956Уганда, Хондурас
1957Северна Кореја, Тунис
1959Албанија, Еквадор, Мароко, Никарагва, Сан Марино, Судан, Суринам
1960Кинески Тајпеј (тогаш „Република Кина“, основ. 1922)
1962Бенин (тогаш „Дахомеј“), Доминиканска Република, Ел Салвадор, Монголија
1963Брег на Слоновата Коска, Јордан, Камерун, Либија, Мали, Непал, Сенегал
1964Алжир, Замбија, Конго, Мадагаскар, Нигер, Сиера Леоне, Чад
1965Гвинеја, Саудиска Арабија, Того, Централноафриканска Република
1966Кувајт
1967Белиз (тогаш „Британски Хондурас“), Девствени Острови
1968Габон, ДР Конго, Малави, Танзанија
1970Парагвај
1972Буркина Фасо (тогаш „Горна Волта“), Лесото, Маврициус, Свазиленд, Сомалија
1974Папуа Нова Гвинеја
1975Андора
1976Антигва и Барбуда, Гамбија, Кајмански Острови
1978Кипар
1979Бахреин, Виетнам, Лаос, Мавританија, Мозамбик, НР Кина (осн. 1954), Сејшели
1980Ангола, Бангладеш, Боцвана, Зимбабве, Катар, ОАР
1981Јемен
1982Британски Девствени Острови, Оман
1983Бутан, Самоа (тогаш „Западна Самоа“), Соломонски Острови
1984Брунеј, Гренада, Екваторска Гвинеја, Руанда, Тонга, Џибути
1985Малдиви
1986Аруба, Гуам, Кукови Острови
1987Американска Самоа, Вануату, Свети Винсент и Гренадините
1991Естонија (признаена), Латвија (признаена), Литванија (признаена), Намибија, ЈАР
1993Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бурунди, Грузија, Ерменија, Зелено'ртски Острови, Доминика, Казахстан, Киргистан, Комори, Молдавија, Македонија, Русија, Сао Томе и Принсипе, Света Луција, Свети Кристофер и Невис, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Украина, Хрватска, Чешка
1994Камбоџа, Науру
1995Гвинеја-Бисао, Палестина
1997Сојузни Држави на Микронезија
1999Еритреја, Палау
2003Кирибати, Тимор-Лесте
2006Маршалски Острови
2008Тувалу, Црна Гора

Непризнаени национални олимписки комитети

Спортскиот и олимписки комитет на Макао е основан во 1987 и има извршено обиди да се зачлени во МОК, но досега нема официјално признание. Макао сепак се натпреварува на Параолимписките игри.

Фарските Острови имаат признаен национален параолимписки комитет.

Други земји/области без признаени комитети се: Ангвила, Абхазија,[7] Гибралтар,[8] Каталонија,[9] Косово,[10] Ниуе,[11] Сомалиленд,[12] Нова Каледонија,[13] Курдистан, Северен Кипар,[14] американските староседелци,[15][16] Северните Маријански Острови, Монтсерат и Туркс и Кајкос.[17] Фарски Острови,[18] Француска Полинезија,[19]

Поврзано

Наводи

  • „Национални олимписки комитети“. МОК. Посетено на 21 јануари 2008. (англиски)
  • Здружение на националните олимписки комитети Архивирано на 15 септември 2008 г. (англиски)
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица