Бен Ками Валас (роден на 10 септември 1974) е поранешен американски кошаркар, кој играл на позицијата центар.
Роден во Алабама, Валас присуствувал на Кујахога колеџот и на унизверзитетот Вирџинија Јунион пред да потпише договор со неговата прва НБА екипа Вашингтон Булетс (подоцна Визардс) како недрафтуван слободен агент во 1996 година. Во НБА кариерата, Валас покрај за Вашингтон играл уште и за Орландо Меџик, Детроит Пистонс, Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс.
Тој ја има освоено наградата за НБА Одбранбен играч на годината четири пати, што е рекорд кој го дели со Дикембе Мутомбо. Во девет сезони со Пистонс (2000-2006, 2009-2012), Валас одиграл две НБА финалиња (во 2004 и 2005) и го освоил НБА првенството со Пистонс во 2004 година. Исто така, четири пати бил учесник на НБА Ол-стар натпеварот.
Во 2016 година Детроит Пистонс го повлекле од употреба неговиот дрес со број 3.[1]