Национална кошаркарска асоцијација

(Пренасочено од НБА)

Национална кошаркарска асоцијација или НБА (се чита: Ен-бе-а; англиски: National Basketball Association, NBA) — професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 клуба (29 од САД и 1 од Канада). Таа е член на САД кошарката (USAB),[1] која е препознатлива по Меѓународната кошаркарска федерација како Национален управен орган (NGB) за кошарка во САД.[2] НБА е една од четирите главни северноамерикански спортски лиги, во која се Главната бејзболска лига (MLB), Националната фудбалска лига (NFL) и Националната хокеарска лига (NHL).

Моментална сезона или издание:
НБА сезона 2021-2022
Спорт Кошарка
Основана1946
КомесарАдам Силвер
Број на екипи30
ДржаваСАД САД
Канада Канада
Тековен првакМилвоки Милвоки Бакс
(2-ра титула)
Најмногу титулиБостон Бостон Селтикс и Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс (по 17)
ТВ-партнер(и)ABC, ESPN, TNT, NBA TV
Порталnba.com

Лигата е основана во Њујорк на 6 јуни 1946, како Кошаркарска асоцијации на Америка (BAA).[3] Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со соперникот Националнаta кошаркарска лига (NBL).[4] Лигата раководела со помалите поединечни канцеларии преку главната канцеларија сместена во Олипик тауер, на 645 Петта авенија во Њујорк. НБА-забава и НБА ТВ се наоѓаат во Сеакуза, Њу Џерси.

Историја

1940-ти: БАА-години

Кошаркарската асоцијација на Америка била основана во 1946, од страна на сопствениците на најглавните хокејски арени од Северно источен и Средно западен САД. На 1 ноември 1946, Торонто, Онтарио, Канада беше одржан првиот официјален НБА натпревар, каде Торонто Хаските ги пречекаа Њујорк Кникербоксерите.[5] Но, ова не било прв кошаркарски натпревар во професионалната Американска лига, бидејќи Американската кошаркарска лига и НБЛ беа првите лиги кои играа натпревари во големите сали во големите градови. За време на овие рани години квалитетот на БАА не беше значително подобар од останатите лиги или од самостојните клубови како што се Харлем Глобтротерс. На пример, АБЛ финалистите во 1948, Балтимор Булетс се преместија во БАА и ја освоија титулата во 1948. Шампионите од 1948 во НБЛ, Минеаполис Лејкерс ја освоија БАА титулата во 1949.

1950-ти: Раните години

На 3 август 1949, БАА се согласи да се со НБЛ, создавајќи ја Националната кошаркарска асоцијација. Новата лига имаше 17 тима сместени во големите и малите градови, односно во големите арени и малите гимназиски сали. Во 1950 НБА го намали бројот на тимови на 11, а во 1954 ги намали на најмалку до сега, односно 8, од кои сите и денес се натпреваруваат (Никс, Селтикс, Вориорс, Лејкерс, Ројалс/Кингс, Пистонс, Хокс и Национал/76ерс)

Подоцна следеше преместување на тимовите од помалите во поголемите градови, Хокс се преместија од “Три Града“ (арена денес позната како Квад Сити) во Милвоки (во 1951), а подоцна Сент Луис (во 1954); Ројалс од Рочестер во Синсинати (во 1957), а Пистонс од Форт Вејн во Детроит (во 1957). Во 1960 Лејкерси се преместија во Лос Анџелес, а Вориорс во Сан Франциско, во 1963. Во наредната година Националните го напуштија Њујорк и повторно ја вратија кошарката во Филаделфија, а и воедно го променија прекарот од Национални во 76ерс. Единствено во ова време само Селтикси и Никси не се преселија некаде.

Иако јапонскиот Американец Ватару Мисака ја прекрши бојната кариера (спрема бојата на кожата) во сезоната 1947/48, 1950 беше пргласена за година на спојувањето. Оваа година била сведок на внесувањето на афроамерикански играчи, како што се Чак Купер со Бостон Селтикс, Нат „Свитвотер“ Клифтон со Никс и Ерл Лојд со Вашингтон Капитолс.[6][7]

За време на овој период, Минеаполис Лејкерс, предводени од центарот Џорџ Микан освои 5 НБА Финалиња и се докажаа како прва династија во лигата.[8] За да се охрабри шутирањето и да се стопира држењето на топката без напад, лигата го претстави 24-секундниот часовник за шут во 1954.[9] Ако тимот не постигне кош или топката не погоди дел од кошот во 24 секунди, топката му се доделува на противничкиот тим.

Во 1957, руки центарот Бил Расел им се приклучи на Бостон Селтикс, кои веќе ги купија Боб Кази и тренерот Ред Оурбах, кои го предводеа Бостон до 11 титули од 13 сезони. Центарот Вилт Чемблент влезе во лигата со Вариорс во 1959 и стана доминантен поединец во 1960-тите, поставувајќи го рекордот од 100 бода и 55 скока. Соперништвото помеѓу Расел и Чембрлент е сѐ уште едно од најголемите поединечни соперништва во историјата на Американските тимски спортови.

1960-ти: Династијата на Селтикси

Бил Расел од Бостон Селтикс го чува Вилт Чембрлен од Филаделфија 76ерс во 1966.

Во 1960-тите во НБА доминираа Бостон Селтикс. Предводени од Бил Расел, Боб Кузи и тренерот Ред Орбах, Селтикс ја освоија секоја титула од сезоната 1958–1959 до 1965–1966. Оваа низа од 8 титули по ред е најдолга во НБА историјата. Тие не повторија во 1966–1967, но ја освоија титулата во сезоната 1967–1968, исто така и во 1968–1969. Во овој период на доминација Селтикси освоија 9 од вкупно 10 сезони во 1960-тите.[10]

Во овој период, НБА се одликува со преместувањето на Минеаполис Лејкерс во Лос Анџелес, Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско и Сиракуза Национал во Филаделфија , а и со неколку проширувања. Чикаго Пакерс (сега како Вашингтон Визардс) беа 9тиот тим во НБА во 1961. Од 1966 до 1968 лигата се прошири од 9 на 14 тима, примајќи ги Чикаго Булс, Сиетл СуперСоникс (сега како Оклахома Сити Тандер), Сан Диего Рокетс (кои се преместија во Хјустон по 4 години), Милвоки Бакс и Феникс Санс.

Во 1967, лигата се соочи со надворешни закани од страна на Американската Кошаркарска Асоцијација. Лигата почна да ја воведува надавачката војна. НБА го прими еден од најдобрите ѕвезди од колеџите во таа ера, Карим Абдул-Џабар (познат како и Лев Алкиндор). Но во секој случај, Најдобриот бодтерРик Бери, се премести во АБА, исто како и четири судии ветерани - Норм Друкер, Ерл Сторм, Џон Ванак и Џо Гуше.[11]

1970-ти: НБА против АБА

Американската кошаркарска асоцијација исто така била успешна во потпишувањето со голем број на ѕвезди, вклучувајќи го Џулиус Ервинг од Вирџиниа Скваирс, бидејќи АБА дозволи тимовите да ги купуваат студентите на колеџите. НБА екстремно брзо се прошири во овој период. Од 1966 до 1974, НБА се прошири од 9 на 18 тима. Во 1970, Портланд Треилблејзерс, Кливленд Кавалирс и Бафало Брајвс (сега Лос Анџелес Клиперс) го направиа своето деби, со што лигата се прошири на 17.[12] Во 1974 Њу Орлеанс Џез (сега во Јута) се приклучи кон НБА и се стигна до бројката од 18 тима. После сезоната 1976, лигата го достигна својот рекорд од 22 тима со приклучувањето на 4 тима од АБА кон НБА. Тие четири тима беа: Сан Антонио Спарс, Денвер Нагетс, Индијана Пејсерс и Њујорк Нетс, сега Њу Џерси Нетс. Најголеми ѕвезди од таа ера беа: Карим Абдул-Џабар, Рик Бери, Дејв Ковенс, Џулиус Ервинг, Волт Фрејзер, Алтис Гилмор, Џорџ Гервин , Дан Исел, Пит Маравич.

1980-ти: Меџик против Брд

Лигата во 1979 го додаде и шутот за три бода (ова беше првична идеја на АБА).[13] Истата година рукито Лери Брд и Ервин “Меџик“ Џонсон се приклучија на Бостон Селтикс и на Лос Анџелес Лејкерс соодветно, поттикнувајќи го овој период да ја заинтересира публиката во државата и целиот свет.[14] Брд им донесе 3 титули на Селтикси,[15] а Меџик 5 на Лејкерси.[16] Исто така во раните 80-ти во НБА се вклучи и тимот на Далас Маверикс,[17] со што се стигна до бројката од 23 тима. Подоцна Лери Брд ги освои првите два натпреварувања во тројки.[18]

1990-ти: Епохата на Џордан

Џордан оди на забивање

Мајкл Џордан, влезе во лигата во 1984, преку Чикаго Булс и го привлече интересот на публиката.[19] Во 1988 и 1989, четири тима изразија желба да се приклучат кон НБА, а тие беа: Шарлот Хорнетс(сега како Њу Орлеанс Хорнетс), Мајами Хит, Орландо Меџик и Минесота Тимберволфс.[20]

Џордан и Скоти Пипен ќе го предводат Чикаго Булс до 6 од 8 шампионски тиули за време на 1990-тите,[21] [22] додека Хаким Олајџувон успеа еднаш да ја одбрани веќе освоената титула во ’94, освојувајќи ја титулата во ’94, за време на првото повлекување на Џордан од НБА.[23]

Дрим Тимот на Олимписките игри во 1992 ја освои оваа титула предводен од Џордан, а во негова сенка беа: Лери Брд, Меџик Џонсон, Дејвид Робертсон, Патрик Ивинг, Скоти Пипен, Клајд Дрекслер, Карл Мелоун, Џон Стоктон, Крис Мулин, Чарлс Баркли и Кристиан Лаетер.[24]

Во 1995, НБА се прошири и во Канада со двата тима, Ванкувер Гризлис и Торонто Рапторс.[25] [26] Во 2001, Ванкувер се премести во Мемфис, oставајќи ги Репторс единствениот тим од Канада.

Во 1996, НБА создава и своја женска лига (WNBA).[27]

Во 1998, НБА беше “заклучена“ за 191 ден до 18 јануари 1999. Поради ова сезоната 1998-99 имаше 50, наместо 82 натпревари.[28] [29] Поради тоа што сите натпревари се играа во иста година, оваа сезона беше позната како 1999 НБА сезона. Сан Антонио го освои НБА-плејофот со победата над Њујорк Никс на 25 јуни.[30]

2000-ти: Владеењето на Лејкерси/ Спарси

Со прекинувањето на серијата на Чикаго Булс во летото 1998, Западната конференција започна да доминира со ЛА Лејкерс и Сан Антонио Спарс, кои заедно освоиа 8 од 11 титули. Тим Данкан и Дејвид Робертсон ја освоија тутулата во 1999 со Сан Антонио Спарс, а Коби Брајант и Шекил О’Нил освои три титули со ред од 2000 до 2002. Во 2003 Сан Антонио ја вратија повторно титулата со победата над Нетс.

Во 2004, Детроит Пистонс успеа да ја прекине оваа серија со победата над Лејкерси од 4-1. Наредната сезона Шекил О’Нил беше трансфериран во Мајами Хит. Шарлот Бобкерс стана 30-тиот тим во НБА; Во 2005 Спарс ја освоија својата 3та титула.

Во 2006 два тима за првпат се појавија во финалето. Мајами предводен од Двејн Вејд и Шекил О’Нил ја освоија титулата со победата над Далас Маверикс од 4-2, иако губеа со 0-2.

Доминацијата на Западната Конференција продолжи со победата од 4-0 на Сан Антонио во 2007 против Кливленд Кавалиерс, предводени од ЛеБрон Џејмс. Финалето во 2008 беше оживување на старото соперништво помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, каде Бостон беше поуспешен, благодарејќи на неговата големата тројка Пол Пирс, Реј Ален и Кевин Гарнет. Но како и да е, во 2009, Лејкерси со Коби Брајант и Пау Гасол се вратија во финалето, овој пат победувајќи ги Орландо Меџик, предводени од Двајт Хауард за да ја освојат нивната 15та титула. Коби Брајант го освои својот прв НБА Финале МВП, после 13 сезони, откако ги предводеше Лејкерси до првата НБА титула после заминувањето на Шекил О’Нил.

2010-ти

Меѓународно влијание

Следејќи ги пионерите како што се Дражен Петрович (Хрватска), кои се приклучија на НБА во доцните 1980-ти, голем број странски играчи играат во НБА. Подолу е списокот на неколку странски играчи во НБА:

  • Тони Кукоч, Хрватска - 3 пати НБА-шампион со Чикаго Булс (1996, 1997, 1998), назначен во 2008 за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата.
  • Владе Дивац, Србија - 2 пати носител на сребрениот медал на Олимпијада, 2001 НБА Ол-Стар, 2 пати Светски Шампион, 3 пати Европски Шампион, назначен за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата.
  • Арвинас Сабонис, Литванија – 1984, 1985, 1988, 1995, 1999 Европски Играч на годината, 1985, 1997 Г-дин Европски Играч на годината, носител на златен медал на Олимпијатата 1988 со СССР и бронзен медал на 1992 и 1996 со Литванија, 1996 НБА Ол-Руки Прв Тим, назначен за еден од 50те најголеми учесници во Еуро-лигата.
  • Дирк Новицки, Германија, МВП на 2002 Светско Првенство, ЕуроБаскет 2005, 2002-2006 Еуроскар, 2005 Мр. Европа и ФИБА Играч на Годината и 2007 НБА МВП (игра од 1998)
  • Хидо Туркоглу, Турција, Најнапреднат играч во 2008 (игра од 2000)
  • Пау Гасол, Шпанија, 1 НБА шампион со Лејкерс (2009), Двапати во Ал-Стар тимот, Руки на годината 2002, Мр. Европа 2004 и 2009, МВП на Светското првенство 2006, Еуроскар 2008 и 2009 и ФИБА Европски Играч на годината, Еуробаскет 2009 МВП (игра од 2001)
  • Андреј Кириленко, Русија, ЕвроБаскет 2007 МВП, 2007 ФИБА Играч на Годината (драфтуван 1999, игра од 2001)
  • Тони Паркер, Франција, МВП на Финалето 2007, 2007 Еуроскар (игра од 2001)
  • Ману Џинобили, Аргентина, МВП на Олимписки игри 2004, освојуач на наградата Шести играч 2008, назначен за еден од 50-те најголеми учесници во ЕуроЛигата. (драфтуван 1999, игра од 2002)
  • Јао Минг, Кина, Прв пик на драфото 2002 и 7 пати Ал-Стар (игра од 2002)
  • Леонардо Барбоса, Бразил, освојуач на наградата Шести играч 2007 (игра од 2003)
  • Андреа Баргнани, Италија, Прв пик на 2006 Драфтот од Торонто (игра од 2006)
  • Омри Каспи, Израел - Израелска, Макиби Тел Авив, и Европска ѕвезда, драфтуван од Сакраменто Кинг во првата рунда на НБА-драфтот 2009.
  • Дејвид Андерсен, Австралија - Влезе во НБА во 2009, после играњето во Европа.

Во некои случаи, играчите кои се од подрачје кое зборува Англиски учат во колеџите во САД, пред да играат во НБА. Вакви се играчите :

  • Нигериецот Хаким Олајџувон (прв пик во 1984 драфтот, 2 пати шампион, 12 пати Олстар, 1994 МВП, и примен во Халата на Славните)
  • Конголиецот Дикембе Mutombo (четири пато НБА Одбранбен Играч, четврт пик, одбран до Денвер Нагетс во 1991 НБА-драфтот и 8 пати НБА Ол-Стар)
  • Холанѓанецот Рик Смитс (втор пик во драфтот 1988, 1998 НБА Ол-Стар, играше 12 години за Индијана Пејсерс)
  • Германецот Детлеф Шремпф (добитник на наградата Шести Играч во 1991 и 1992)
  • Канаѓанецот Стив Неш (2005 и 2006 НБА МВП)
  • Австралијанците Лук Лонгли (3 пати шампион со Чикаго Булс, кога беше предводен од Мајкл Џордан) и Ендрју Богут, (прв пик на драфтот 2005).
  • Англицанецот со суданско потекло Луол Денг (добитиник на НБА Спортска награда во 2007)

Моментално, Милвоки Бакс имаат најмногу интернационалци во својот тим со седум, потоа следи Торонто Рапторс, кој има шест интернационалци. НБА е пренесувана во 212 држави на 42 јазици.

Од 2006, НБА тимовите се соочуваат со тимовите од Еуро-лига во турнирот НБА Европа Тур.

Во 2009-10 сезоната имаше рекордни 83 интернационалци на отворачката ноќ, со што се изедначи рекордот поставен во 2006-07.[31]

Други новитети

Во 2001, НБА создаде пониска лига, Национална кошаркарска лига за промовирање, сега наречена НБА-лига за промовирање (од 2017 год. Г-лига). Пред да се создаде оваа лига се ширеа гласини дека НБА ќе ја закупи ЦБА и ќе ја нарече лига за развивање. Всушност Континенталната кошаркарска асоцијација (CBA) беше и “пониска“ лига од НБА. 20% од НБА играчите поминале некое време во оваа лига и преку 143 играчи од оваа лига се повикани да играат во НБА. [се бара извор]

Во 2004, две години по заминувањето на Хорнетс од Шарлот во Њу Орлеанс, НБА повторно се врати во Северна Каролина со формирањето на Шарлот Бобкетс.

Во 2005, Хорнетс привремено се преселија во Оклахома Сити за две сезони. Ова беше последица на нанесените штети од Ураганот Катрина. Во 2007, Хорнетс повтоно се вратија во Њу Орлеанс.

На 29 јуни 2006, беше промовирана новата топка за играње, правејќи ја првата промена во 35 години и втората во сите 60 сезони. Изработката беше од Спалдинг, новата топка имаше нов дизајн и беше направена од нов синтетички материјал, за кој Спалдинг тврдеше дека ќе понуди подобар зафат, чувство и отпорност отколку постарата топка. Но, во секој случај, многу играчи беа едногласни во презирот кон новата топка, велејќи дека таа е многу леплива кога е сува, а многу лизгава кога е влажна.

На 11 декември 2006, Комесионерот Стерн изјави дека на 1 јануари 2007 ќе се врати традиционалната кожна топка, која беше заменета за сезоната 2006/07. Оваа замена беше резултат на многуте жалби за повреди (исеченици) на играчите со топката од микрофибер.[32] НБА Асоцијацијата на Играчи имаше предложено прилагодувања на топката во корист на НБА играчите кои беа против воведувањето на новата топка.[33] ОД 2006 па наваму дресовите се изработуваат од Адидас, кој ги откупи правата од поранешниот производител Рибок.

На 19 јули 2007, ФБИ ги истражуваше тврдењата дека НБА ветеранот судија Тим Донаги се обложувал на натпревари во последните две сезони, кои и самиот ги судел и дека правел повици кои влијаеле на коефициентите за натпреварите.[34] На 15 август 2007, Донаги поднесе молба до судот дека не е виновен за обвинението донесено од истрагата. Но, како и да е, тој би се соочил со повеќе обвиненија доколку се утврди дека тој намерно судел во корист на некој од тимовите во натпреварите.

Во 2008, беше соопштено дека Сиетл СуперСоникс ќе се преместат во Оклахома Сити и ќе се преименуваат во Оклахома Сити Тандер, кој ќе започне да игра од сезоната 2008/09. Ова беше трета замена направена во оваа декада.

На 11 октомври 2008, Феникс Санс и Денвер Нагетс го изиграа првиот натпревар на отворено во модерната ера на Индиан Велс Тенис Арена.

На 1 септември 2009, договорот помеѓу НБА и судиите истече. На 1 октомври 2009, започнаа претсезонските натпревари, за судии се користеа судии од Женската НБА и од НБА Д-лигата (сега Г-лига). Последната замена на судии се случи на почетокот на сезоната 1995-96.[35] НБА и регуларните судии постигнаа договор на 23 октомври 2009.[36]

Клубови

НБА-лигата била основана во 1946 од 11 клуба, но со проширувањата, намалувањата и преместувањата, денес се дојде до бројка од 30 клуба. САД е дом на 29 клуба, додека 1 е сместен во Канада. Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс имаат освоено најмногу титули, секој по 17. Лејкерси, кои имаат освоено 17 титули (12 во Лос Анџелес, 5 во Минеаполис), својата прва титула ја освоија во БАА-лигата, 1949 година. Следни се Чикаго Булс со 6 титули, и тоа сите во временски период од 8 години во 1990-тите и Сан Антонио Спарс со 4 титули, сите освоени после 1999.

Моментално во лигата има 30 тима, поделени во две конференции од по три дивизии, секоја со по 5 клуба. Овој распоред на дивизии на клубовите бил претставен во сезоната 2010/11.

Регуларна сезона

За време на летната пауза, тимовите одржуваат тренерски кампови во октомври. Овие кампови им овозможуваат на тренерите да ги согледаат можностите на играчите, предностите и слабостите на тимот, да ги спремат за ригорозната сезона од 82 натпревари и да ги определат активните 12 играчи и 3-те неактивни играчи со кои ќе ја започнат сезоната. Тимовите исто така имаат можност да трансферираат играчи со две или повеќе годишно искуство во НБА Г-лигата. После тренерскиот камп се играат неколку подготвителни натпревари. Регуларната сезона во НБА почнува во првата седмица од Ноември. Секој тим во сезоната игра 82 натпревари, по 41 на домашен и гостински терен. Секој тим се сретнува четири пати со секој тим од неговата дивизија (16 натпревари), со тимовите од останатите две дивизии од истата конференција се среќава по 3 или по 4 натпревари (36 натпревари) и по 2 натпревари со тимовите во другата конференција (30 натпревари).

Во 2008, НБА беше една од трите главни лиги во Северна Америка во која тимовите играат против сите останати тимови од лигата. (Останатите две лиги се Националната хокеарска лига и Главната фудбалска лига). Секој тим го пречекува и му гостува на секој тим најмалку еднаш во сезоната.

Милвоки Бакс Игра против Шарлот Бобкетс во регуларната сезона

Во февруари НБА прави пауза заради НБА Ал-старот. Навивачите преку гласање од САД, Канада и преку интернет ги избираат најдобрите од конференциите на секоја позиција. Оние кои имаат најмногу гласови ќе бидат стартери на тие позиции, додека останатите 14 играчи ги одбираат тренерите. Тогаш, Источната конференција се соочува со Западната. Играчот со најдобри перформанси добива Ал-стар МВП. Покрај ова се случуваат и други натпреварувања, како што се Руки натпреварот, каде најдобрите руки играчи играат против најдобрите играчи со двегодишен стаж во НБА; Натпреварот во вештини, каде играчите треба да поминуваат пречки, како што се шутирање, дрблање, подавање за што е можно помалку време; Натпреварот во тројки, натпревар каде што се гледа кој е најдобар шутер за тројки и Натпреварот во забивања, каде што се гледа кој забива најатрактивно. Сите овие натпреварувања носат имиња на спонзори, поради што нивните имиња често се менуваат.

Веднаш по Ол-Стар паузата е крајниот рок на трансфер периодот, кој е поставен на 16тиот четврток од почетокот на сезоната (обично во Февруари) во 15 часот Источно време.[37][38] После овој датум, на тимовите не им е дозволено да прават никакви замени на играчи сè до крајот на сезоната, но сепак ти можат сѐ уште да примаат и да отпуштаат играчи. Главните замени често се завршуваат веднаш пред крајниот рок на трансфер периодот, со што ова е еден од највозбудливите денови за генералните менаџери.

Во средината на Април, регуларната сезона заврушува. За време на овој период гласањето за поединечни награди започнува, исто така и најчесниот, пост-сезонските тимови. Наградата НБА шести човек на годината се доделува на најдобриот играч, кој влегувал од клупа (мора да има повеќе натпревари од клупа, отколку започнати). Наградата НБА Руки на годината се доделува на едногодишен играч, кој покажал најдобри квалитети. Наградата НБА најмногу напреднат играч се доделува на оној играч за кој се смета дека покажал најголемо напредување од претходната сезона. Наградата НБА одбранбен играч на годината се доделува на најдобриот дефанзивец во лигата. Наградата НБА тренер на годината се доделува на тренерот, кој направил најголеми позитивни разлики во неговиот тим. НБА МВП се доделува на играчот за кој се смета дека е највреден за (неговиот тим) во сезоната. Додатно, “Sporting News“ доделува неофицијална (но широко призната) награда, НБА извршувач на годината, на генералниот менаџер за кој е заклучено дека извршил најдобра работа во корист на неговиот тим.

Пост-сезонските тимови се Ол-НБА тим, НБА ол-одбранбен тим, и НБА ол-руки тим; секој составен од пет играчи. Има три Ол-НБА тимови, составени од најдобрите играчи на секоја позиција, каде што статусот во првиот тим е најпожелен. Има два Ол-одбранбени тима, составени од најдобрите дефанзифци на секоја позиција. Има два Ол-руки тима, составени од најдобрите едногодишни играчи без оглед на позициите.

Плејоф

НБА-плејофот почнува при крајот на април, со осум тима од секоја конференција, кои се натпреваруваат за освојување на првенството. Победниците од трите дивизии, заедно со следните тимови со најдобар скор од конференцијата ги добиваат првите четири места. Следните четири тима во зависост од нивниот скор се во долните четири места.Секоја пресметка во плејофот се игра на четири добиени натпревари.Првиот тим кој ќе освои 4 натпревари го продолжува учеството во плејофот.Секој член на екипата кој ќе ја освои титулата добива шампионски прстен.

Меѓународни натпреварувања

Познати луѓе

Претседатели и комесари

Играчи

Национална кошаркарска асоцијација | 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА

Карим Абдул-Џабар |Вес Анселд |Пол Аризин |Нејт Арчибалд |Чарлс Баркли |Елџин Бејлор |Рик Бери |Дејв Бинг |Лери Брд |Џери Вест |Лени Вилкинс |Бил Волтон |Џејмс Ворти |Џорџ Гервин |Хал Гриер |Дејв Дебушер |Клајд Дрекслер |Џулиус Ирвинг |Патрик Јуинг |Били Канингам |Дејв Ковенс |Боб Кузи |Џери Лукас |Џорџ Мајкан |Пит Маравич |Карл Мелоун |Мозес Мелоун |Кевин Мекхејл |Ерл Монро |Хаким Олајџувон |Шекил Онил |Роберт Периш |Боб Петит |Скоти Пипен |Бил Расел |Вилис Рид |Дејвид Робинсон |Оскар Робертсон |Џон Стоктон |Ајзеја Томас |Нејт Турмонд |Волт Фрејзер |Џон Хавличек |Елвин Хејс |Вилт Чембрлен |Сем Џонс |Мајкл Џордан |Бил Шарман |Долф Шејс |

Тренери

Награди

Рекорди на НБА

  • Најдобар однос меѓу победи и порази во регуларната сезона: „Голден стејт вориорс“ во сезоната 2015-2016 (73 победи : 9 порази) и „Чикаго булс“ (72 победи : 10 порази).[39]
  • Играчи со најмногу бодови постигнати на еден натпревар: Вилт Чемберлен (100 бода во 1962 година) и Коби Брајант (81 бод во 2006 година).[40]

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица