Џани Москон

италијански велосипедист

Џани Москон (италијански: Gianni Moscon; р. 20 април 1994) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Џани Москон
Москон на Нокере Курсе 2016
Лични податоци
Цело имеЏани Москон
ПрекарIl Trattore („Тракторот“)[1]
Роден20 април 1994(1994-04-20)(30 г.)
Тренто,  Италија
Висина1,82 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Аматерски клубови
2013–2015 Залф-Еуромобил-Дезире-Фјор
Професионални клубови
2016– Инеос Гренадиерс
Значајни победи
Етапни трки
Арктичка трка на Норвешка (2016)
Трка околу Гуангси (2018)

Еднодневни трки и класици

Национално хронометарско првенство (2017, 2018)
Последна промена
10 јули 2019

Ран живот и кариера

Москон пораснала на фарма за јаболка северно од Тренто во Трентино, во северниот дел на Италија. Ова довело да му биде доделен прекарот „Ил Траторе“ или „Тракторот“.[3]

Професионална кариера

Тим Скај (2016-денес)

Во септември 2015 година било објавено дека потпишал договор со Тим Скај за сезоната 2016.[4] Ова дошло по препорака од Фаусто Пинарело, производителот на велосипедите на екипата, кој го гледал Москон како победува аматерски трки.[5]

Во 2016 година, Москон ја забележал својата прва професионална победа на Арктичката трка на Норвешка, каде ја освоил кралската етапа. Подоцна го освоил генералниот пласман, заедно со пласманот за млад возач. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[6] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[7]

Контроверза

Расизам и суспензија

Во 2017 година, во текот на Тур де Романди, Џани Москон расистички го навредил афрофранцускиот велосипедист Кевин Реза.[8] Џани бил суспендиран од трки од Тим Скај во период од шест недели. Тим Скај назначил дека наредниот расистички инцидент ќе предизвика раскинување на неговиот договор со екипата.[9]

Москон бил исто така обвинет за намерно буткање на возачот на ФДЖ, Себастјен Рајхенбах во текот на Тре Вали Варезине 2017, иако истрагата го отфрлила овој инцидент поради недостиг на докази.

Инцидент на Тур де Франс 2018

Москон бил дисквалификуван од Тур де Франс 2018 откако го удрил Ели Жесбер од Фортунео-Самсик при етапата 15.[10]

Достигнувања

2012
4. Краен пласман Џиро дела Луниџана
2014
1. Пиколо Џиро ди Ломбардија
2. ГП Каподарко
5. Гран Премио ди Поџана
6. Џиро дел Белведере
8. Копа дела Паче
9. Гран Премио Палио дел Речото
10. Трофео Алчиде Дегаспери
2015
1. Национално друмско првенство под 23 години
1. Гран Премио Сан Џузепе
1. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
1. Копа деи Лаги-Трофео Алмар
5. Краен пласман Мировна трка под 23 години
2016
1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3
3. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
Национални друмски првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка
5. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
6. ГП Монтреал
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Нокере Курсе
2017
Национални друмски првенства
1. Хронометар
5. Друмска трка
Светски друмски првенства
3. Екипен хронометар
6. Хронометар
3. Џиро ди Ломбардија
5. Париз-Рубе
5. Џиро дел’Емилија
7. Краен пласман Рут ди Сид
7. Тре Вали Варезине
2018
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Трка околу Гуангси
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1. Копа Уго Агостони
1. Џиро ди Тоскана
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
2. Трофео Сера де Трамунтана
3. Копа Сабатини
5. Светско друмско првенство
8. Е3 Харелбеке
8. Трофео Љосета-Андрат
2019
5. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка2016201720182019
Џиро
ТурДСК
Вуелта27

Распоред на резултатите на класиците

Распоред на резултатите на монументите
Монумент201620172018
Милано-Санремо4929
Трка околу Фландрија771521
Париз-Рубе38541
Лиеж-Бастоњ-Лиеж78
Џиро ди Ломбардија3

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

Наводи

Надворешни врски