Светско првенство во друмски велосипедизам 2017

Светско првенство во
друмски велосипедизам 2017
Лого на Светското првенство во друмски велосипедизам 2017
ОрганизаторМеѓународен велосипедистички сојуз
СпортДрумски велосипедизам
ДомаќинЗнаме на Берген Берген,  Норвешка
Временски период17–24 септември 2017
Издание90.
Земји кои учествуваат47
Настани12
Мрежно местоbergen2017.no
Карта
Берген во рамките на Норвешка
Берген
Берген (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
< Доха 2016Инсбрук 2018 >

Светско првенство во друмски велосипедизам 2017 — 90. издание на светското првенство кое се одржувало во градот Берген, Норвешка, од 17 до 24 септември 2017.[1]

Првенството се состоело од 12 настани за сениори, јуниори и до 23 години, меѓу кои една друмска трка, екипни хронометри, како и по еден поединечен хронометар за мажи и жени, како и друмски трки и поединечни хронометри за возачите до 23 години, јуниорите и јуниорките.

Норвешка била домаќин вторпат на светското првенство, по Осло (1993).

Шантал Блак од Холандија ја освоила женската друмска трка,[2] додека Петер Саган од Словачка ја освоил машката друмска трка. Саган станал прв кој освоил три последователни првенства.[3]

Кандидатури

На 25 септември 2014 година по дводневен состанок одржана на Светското друмско првенство 2014 во Понферада, Шпанија, било одлучено Берген да биде домаќин на првенството во 2017 година.[1] Градот бил одбран пред Инсбрук (Австрија), Мелбурн (Австралија) и Богота (Колумбија).[4]

Берген ја испратил својата апликација до 1 јануари 2014 година. Дотогаш имале осумнаесет месеци планирање на настанот. Вкупниот буџет за настанот бил 156 милиони норвешки круни. Од нив, 58 милиони биле наменети како такса кон UCI за самата организација. Претседателот на норвешката федерација, Харалд Тидеман Хансен, го отфрлил да плати повеќе од тоа.[4] Норвешка имала неуспешна кандидатура за Светското првенство 2016.[5]

Распоред

Сите настани започнале и завршиле во Берген. Времето е според средноевропското време (UTC+1).[6]

ДатумВремеНастанРастојание
Екипни хронометарски трки
17 септември12:0513:55екипен хронометар за жени42,50 км
15:3517:25екипен хронометар за мажи
Поединечни хронометарски трки
18 септември10:3511:50јуниорски хронометар за жени16,10 км
13:0517:35хронометар за мажи под 23 години37,20 км
19 септември11:3513:30јуниорски хронометар за мажи21,10 км
15:5517:15хронометар за жени
20 септември13:0517:45хронометар за мажи31,00 км
Друмски тркиКругови
22 септември10:0512:15јуниорска друмска трка за жени76,40 км4
13:1517:35друмска трка за мажи под 23 години191 км10
23 септември09:3012:45јуниорска друмска трка за мажи133,80 км74
13:1517:15друмска трка за жени152,8 км8
24 септември10:0516:50друмска трка за мажи267,50 км11

Резултати

Сениорски трки

ТркаЗлатоСреброБронза
Трки за мажи
Друмска трка за мажи[7]  Петер Саган (СВК)6ч 28' 11"  Александер Кристоф (НОР)+ 0"  Мајкл Метјус (АВС)+ 0"
Хронометар за мажи[8]  Том Димулен (ХОЛ)44' 41,00"  Примож Роглич (СЛО)+ 57,79"  Крис Фрум (ВБР)+ 1' 21,25"
Екипен хронометар за мажи[9] Тим Санвеб47' 50.42" Ванти-Груп Гобер+ 8.29" Тим Скај+ 22.35"
 Том Димулен (ХОЛ)
 Ленард Кемна (ГЕР)
 Вилко Келдерман (ХОЛ)
 Серен Краг Андерсен (ДАН)
 Мајкл Метјус (АВС)
 Сам Омен (ХОЛ)
 Роан Денис (АВС)
 Силван Дилје (ШВА)
 Штефан Кинг (ШВА)
 Даниел Ос (ИТА)
 Мајлс Скотсон (АВС)
 Тиџеј ван Гардерен (САД)
 Овен Дул (ВБР)
 Крис Фрум (ВБР)
 Васил Кириенка (БЛР)
 Михал Квјатковски (ПОЛ)
 Џани Москон (ИТА)
 Герајнт Томас (ВБР)
Трки за жени
Друмска трка за жени[10]  Шантал Блак (ХОЛ)4ч 06' 30"  Катрин Гарфут (АВС)+ 28"  Амали Дидериксен (ДАН)+ 28"
Хронометар за жени[11]  Анемик ван Влетен (ХОЛ)28' 50,35"  Ана ван дер Бреген (ХОЛ)+ 12,16"  Катрин Гарфут (АВС)+ 18,93"
Екипен хронометар за жени[12] Тим Санвеб55' 41,63" Булс-Долманс+ 12,43" Предлошка:Cycling data CBT+ 28,03"
 Лусинда Бранд (ХОЛ)
 Леа Кирхман (КАН)
 Флортје Макеј (ХОЛ)
 Корин Ривера (САД)
 Сабрина Стултинс (ХОЛ)
 Елен ван Дејк (ХОЛ)
 Шантал Блак (ХОЛ)
 Карол-Ен Кануел (КАН)
 Меган Гварнир (САД)
 Кристин Мажери (ЛУК)
 Ејми Питерс (ХОЛ)
 Ана ван дер Бреген (ХОЛ)
 Штефани Гаумниц (ГЕР)
 Лиза Клајн (ГЕР)
 Клара Копенбург (ГЕР)
 Лота Леписте (ФИН)
 Сесили Утруп Лудвиг (ДАН)
 Ешли Мулман (ЈАР)

Под 23 години

ТркаЗлатоСреброБронза
Трки под 23 години
Друмска трка под 23 години за мажи[13]  Беноа Конфруа (ФРА)4ч 48' 23"  Ленард Кемна (ГЕР)+ 0"  Михаел Карбел (ДАН)+ 3"
Хронометар под 23 години за мажи[14]  Микел Бјерг (ДАН)47' 06,48"  Брендон Мекналти (САД)+ 1' 05,92"  Корентен Ермено (ФРА)+ 1' 16,65"

Јуниорски трки

ТркаЗлатоСреброБронза
Јуниорски трки за мажи
Јуниорска друмска трка за мажи[15]  Јулиус Јохансен (ДАН)3ч 10' 48"  Лука Растели (ИТА)+ 51"  Микеле Гацоли (ИТА)+ 51"
Јуниорски хронометар за мажи[16]  Том Пидкок (ВБР)28' 02,15"  Антонио Пупио (ИТА)+ 11,92"  Филип Мачејук (ПОЛ)+ 13,29"
Јуниорски трки за жени
Јуниорска друмска трка за жени[17]  Елена Пироне (ИТА)2ч 06' 17"  Ема Јергенсен (ДАН)+ 12"  Летиција Патерностер (ИТА)+ 12"
Јуниорски хронометар за жени[18]  Елена Пироне (ИТА)23' 19,72"  Алесија Виџилија (ИТА)+ 6,38"  Мадлен Фаснахт (АВС)+ 42,32"

Освојувачи на медали

МестоДржава Вкупно
1  Холандија4206
2  Италија2327
3  Данска2125
4  Германија1113
5  Обединето Кралство1023
6  Франција1012
7  Словачка1001
8  САД0202
9 Австралија0134
10  Норвешка0101
 Словенија0101
12  Полска0011
Вкупно12121236

Наводи

Надворешни врски