Милано-Санремо 2017

издание 2017 на италијанската велосипедска трка Милано-Санремо

Милано-Санремо 2017 — 108. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 18 март како осми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Милано-Санремо 2017
Детали за трката
Издание108. Милано-Санремо
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2017 1.UWT
Датум18 март 2017
Растојание291 км
ДржаваITA Италија
ПоаѓалиштеМилано
ОдредиштеСанремо
Екипи25
Возачи на почеток200
Возачи на крај195
Просечна брзина40,733 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникPOL Михал Квјатковски (Инеос Гренадиерс)
ВторопласиранSVK Петер Саган (Бора-Хансгрое)
ТретопласиранFRA Жилијан Алафилип (Судал Квик-Степ)
◀20162018▶
Документација

Откако се одвоиле на завршното искачување на трката — Поџо ди Санремо — возачот на Тим Скај, Михал Квјатковски, ја освоил трката во спринт од тројца пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и возачот на Квик-Степ Флорс, Жилијан Алафилип.[3]

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Седум професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[5][6]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (7)

Рута

Како еден од велосипедските монументи, Милано-Санремо — општо сметана за спринтерски класик — е меѓу најценетите трки во професионалниот велосипедизам.[7]

Рутата за 2017 била долга 291 километар, започнувајќи од Милано до традиционалната завршница во Санремо.[8] Завршниот дел на трката ги вклучувала искачувањата на Чипреса и на Поџо ди Санремо, кои обично се покажувале одлучувачки за исходот на трката. Исто така, на рутата возачите морале да го совладаат 35-километарското искачување на Пасо дело Туркино, иако не се сметало за клучна точка на трката. По Туркино, рутата го следела брегот од Џенова до завршницата во Санремо. На помалку од 50 километри до целта, започнувале првите искачувања, пред да дојдат двете завршни искачувања до целта.[9]

Поредок

Завршен пласман

[10][11]

Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. Михал Квјатковски Инеос Гренадиерс7ч 08' 39
2. Петер Саган Бора-Хансгрое+ 0
3. Жилијан Алафилип Судал Квик-Степ+ 0
4. Александер Кристоф Катјуша-Алпесин+ 5
5. Фернандо Гавирија Судал Квик-Степ+ 5
6. Арно Демар Групама-ФДЖ+ 5
7. Џон Дегенколб Трек-Сегафредо+ 5
8. Насер Бухани Кофидис+ 5
9. Елија Вивијани Инеос Гренадиерс+ 5
10. Кејлеб Јуан Тим Џејко АИУла+ 5
11. Магнус Корт Тим Џејко АИУла+ 5
12. Мајкл Метјус Тим ДСМ+ 5
13. Сони Колбрели Бахреин Викториус+ 5
14. Даниеле Бенати Мовистар+ 5
15. Франческо Гаваци Андрони Џокатоли+ 5
16. Лука Мезгец Тим Џејко АИУла+ 5
17. Бен Свифт ОАЕ Емирати+ 5
18. Тим Веленс Лото-Судал+ 5
19. Едвалд Боасон Хаген Дименжн Дата+ 5
20. Марко Канола Нипо-Вини Фантини+ 5
Извор: ProCyclingStats


Наводи

Извори

Надворешни врски