Моника Ен-Мари (Ана-Марија) Еклунд Ловиндер (Амел) (родена на 26 септември 1957 во Стокхолм)[1] - шведска експертка за Интернет.
Таа е главна службеничка за Безбедност на Информација во IIS, Интернет фондација во Шведска.[2] Таа исто така служи во одборите на организации поврзани со Интернет, вклучувајќи го Советот на европски национални регистри на домени од највисоко ниво (CENTR) и Шведскиот институт за форензичка информатика.
Еклунд Ловиндер е назначена за Доверлив претставник на заедницата од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN). Таа е една од седумте лица кои го контролираат генерирањето на клучеви DNSSEC за DNS коренската зона.[3]
Во 2013 година, Еклунд Ловиндер беше првата Швеѓанка која беше вклучена во Интернет халата на славните.[4] Интервјуирана во 2014 година, таа рече „Морам да признаам дека го сакам интернетот. Тоа е парче инженерска уметност на кое треба да му се восхитувате. И да бидам во можност да придонесам ова да стане побезбедно место, ме прави да се чувствувам добро“.[3] Заедно со Леиф Јохансон и Питер Лотберг, таа исто така беше дел од фондацијата ТУ-стифтелсен, која управува со Netnod.[5]
Еклунд Ловиндер е доктор на компјутерски науки на Универзитетот во Стокхолм.[4]