Данило Галинари


Данило Галинари (роден на 8 август 1988 година) е италијански кошаркар, крило на Оклахома Сити Тандер во НБА и на италијанската репрезентација.

Данило Галинари

Галинари во август 2012.
Галинари во август 2012.

Лични информации
Роден на8 август 1988(1988-08-08)(35 г.)
Роден воСант'Анџело Лодиџиано, Италија
НационалностИталија Италија
Висина2,10 м
Тежина102 кг
Позицијакрило
крилен центар
Информации за кариерата
Драфт2008 / Рунда: 1 / Пик: 6
Избран од:
Њујорк Никс Њујорк Никс
Моментален клуб
КлубОклахома Оклахома Тандер
Број8
Сениорски клубови
Години:Клубови:
2004–2005
2005–2006
2006–2008
2008–2011
2011
2011–2017
2017–2019
2019–
Касалпустерленго
Палаканестеро Павија Пал. Павија
Олимпија Милано Олимпија Милано
Њујорк Никс Њујорк Никс
Олимпија Милано Олимпија Милано
Денвер Денвер Нагетс
Л.А. Клиперс Л.А. Клиперс
Оклахома Оклахома Тандер
Репрезентација
2006-Италија Италија
Награди
МВП на италијанското првенство во 2008 година

Висок е 2.08 m, тежок 102 кг. Тој е син на поранешниот италијански кошаркар Виторио Галинари.

Кариера

Во Италија

Данило започнал да игра професионално кошарка во 2004 година[1] за Касалпустерленго, екипа од Серија Б1 (третото ниво на италијанскиот кошаркаски систем).

Во 2005 година, Галинари бил купен од страна на Армани Џинс Милано, но клубот го испратил Галинари на заем во Павија, екипа која се натпреварувала во втората италијанската кошаркарска лига во текот на сезоната 2005-2006, така што тој можел да заработи повеќе искуство и поголема минутажа. Иако играл само половина од сезоната поради повреда, во 2006 година бил номиниран за најдобар италијански играч во италијанската втора лига, со просек од 14,3 бода, 3,4 скока, 2,0 украдени топки и 0,8 асистенции во 17 натпревари.[2]

Во 2006 година, тој бил повикан од Олимпија Милано да се врати назад во клубот и да игра во Серија А за сезоната 2006-2007, но и во европскиот УЛЕБ куп. Во неговата прва сезона во првата италијанска лига, Галинари бил прогласен за најдобар играч во лигата на возраст од 22 години, со просек од 10,9 бода, 4,0 скока и 1,7 украдени топки и 1.0 асистенции по натпревар во 34 натпревари од регуларниот дел од сезоната и 11,5 бода, 3,7 скока , 2,1 украдени топки, и 0,9 асистенции по натпревар во 8 натпревари во плејофот.[3] Во текот на сезоната, тој исто така победил и на Ол Стар натпреварот во шутирање на тројки.

Неговата последна сезона во Милано,[4] ја завршил на првото место во целокупниот рејтинг на ефикасност меѓу сите играчи во лигата.[5] Во текот на сезоната 2007-2008, Галинари имал во просек 17,5 бода, 5,6 скока, 2,0 украдени топки и 1,3 асистенции по натпревар во 33 натпревари во регуларниот дел од сезоната и 18,1 боди, 6,5 скока, 1,8 украдени топки и 1,5 асистенции по натпревар во 8 натпревари од плејофот.[6]

Во сезоната 2007-2008 година, тој, исто така за првпат играл во елитното европско натпреварување Евролигата, што е првото ниво на континентално клупско натпреварување во Европа. Во Евролигата имал просек од 14,9 бода, 4,2 скока, 1,7 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во 11 натпревари; тој ги постигнал највисоките за сезоната 27 бода во натпреварот против Макаби Тел Авив во неговиот последен натпревар.[7]

НБА

Њујорк Никс (2008-2011)

Неговиот договор со Олимпија Милано содржел т.н. ескејп клаузула за професионално играње во САД, делотворно елиминирање на големи оптоварувања кои би го спречиле да се приклучи на НБА. На 23 април 2008, тој одлучил да го декларира своето право за учество на НБА Драфтот 2008. Галинари потпишал рекламен договор со Reebok пред да биде подготвен за НБА. Тој има свои патики, направени од страна на Reebok, наречени "Петел" ("The Rooster").[8]

Галинари на тренинг со Никс.

Галинари бил избран како севкупно 6-ти пик на Драфтот во 2008 година од страна на Њујорк Никс. Тој потпишал двегодишен договор со клубот.[9]

По само еден натпревар во сезоната 2008-2009, било најавено дека Галинари најверојатно ќе го пропушти поголемиот дел од остатокот на сезоната поради проблеми со грбот.[10] И покрај проблемите со грбот, тој се вратил во игра на 17 јануари, за време на натпреварот кој Никс го загубиле од Филаделфија. На 4 март, Галинари ги постигнал својте највисоки за сезоната 17 бода против Атланта Хокс, шутирајќи 4-5 за три бода.

На 23 октомври 2009 година, Њујорк Никс ја искористи опцијата во догоорот на Галинари.[11]

Откако Никси ослободиле простор за Галинари со размената на Квентин Ричардсон и со оставањето на Ал Харингтон на клупата, тренерот Мајк Д'Антони го именува Галинари за стартер во два натпревари во текот на НБА сезоната 2009.[12][13] На 31 октомври 2009 година, во третиот натпревар од сезоната 2009, Галинари постигнал рекордни во кариерата 30 бода и реализирал осум тројки во поразот по продолженија од Филаделфија, една тројка само помалку од изедначување на рекордот на Никс во историјата на франшиза што го држат Латрел Спривел и Џон Старкс.[14] Галинари поставил нов највисок број на бодови во својата НБА кариера на 6 април 2010 година, забележувајќи 31 бод во победата 104-101 над Бостон Селтикс.

Денвер Нагетс (2011–2017)

Галинари шутира слободно фрлање за Денвер Нагетс во 2013.

На 22 февруари 2011 година, Галинари бил разменет во Денвер Нагетс во размена во која учествувале три екипи (и Минесота Тимбервулфс), додека од Денвер во Њујорк заминале Кармело Ентони и Чонси Билапс.[15] Веќе во својот втор натпревар за Нагетс, тој речиси го изедначил својот рекорд на кариерата постигнувајќи висока 30 бода во поразот по проложенија од Портланд Треилблејзерс.

За време на НБА Локаутот 2011 Галинари се вратил во Италија за да игра за неговиот поранешен тим Олимпија Милано.[16]

На 25 јануари 2012 година, Галинари потпишал повеќегодишно продолжувањето на договорот со Денвер.[17]

На 5 април 2013 година, Галинари се здобил со една од најтешките повреди наречена Еј-Си-Ел повреда на коленото поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната 2012-2013.[18] Истата повреда го принудила да ја пропушти и целата следна сезона 2013-2014 сезона.[19]

На 29 октомври 2014 година, Галинари го направил неговото враќање за Нагетс, постигнувајќи 7 со скор 1-8 во победата на отворањето на сезона над Детроит Пистонс.[20] На 22 март 2015 година, Галинари постигнал рекордни во кариерата 40 бода со шут од игра 12-од-21 во победата со 119-100 над Орландо Меџик.[21] Меѓутоа веќе следниот месец на 10 април 2015, Галинари поставил нов личен рекорд на кариерата постигнувајќи за него највисоки 47 бода во поразот по две продолженија од Далас Маверикс.[22]

На 3 август 2015, Галинари потпишал продолжување на договорот со Нагетс за уште две години.[23] На 17 ноември 2015, тој постигнал највисоки 32 бода за сезоната 2015-2016 во победата над Њу Орлеанс Пеликанс со 115-98.[24] На 5 февруари 2016 година, го поправил својот највисок број на бодови за сезоната уфрлајќи 33 (еден повеќе од претходниот највисок број бодови) во победата со 115-110 над Чикаго Булс.[25] На 26 февруари 2016, Галинари се здобил со повреда на глуждот поради што го пропуштил крајот на сезоната, но и покрај тоа ова му била најдобрата сезона во кариерата во НБА со 19.5 бода по натпревар.

Лос Анџелес Клиперс (2017–денес)

На 6 јули 2017, Лос Анџелес Клиперс го добиле Галинари од Денвер во размена на играчи помеѓу три екипи во која покрај Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс била вклучена и екипата на Атланта Хокс.

Статистика

НБА

Регуларен дел од сезоната

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2008-2009Њујорк Никс28214.7.448.444.9632.0.5.5.16.1
2009-2010Њујорк Никс817433.9.423.381.8184.91.7.9.715.1
2010-2011Њујорк Никс484834.8.415.347.8934.81.7.8.415.9
2010-2011Денвер Нагетс141230.9.412.370.7725.41.6.9.614.7
2011-2012Денвер Нагетс434031.4.414.328.8714.72.71.0.514.6
2012-2013Денвер Нагетс717132.5.418.373.8225.22.5.9.516.2
2014-2015Денвер Нагетс592724.2.401.355.8953.71.4.8.312.4
2015-2016Денвер Нагетс535334.7.410.364.8685.32.5.8.419.5
Кариера39732730.7.415.366.8554.61.9.8.514.9

Плејоф

ГодинаЕкипаОНСНМПНПШИ3П%СФ%СкПНАсПНУТПНБлПНППН
2011Денвер Нагетс5529.6.432.467.7143.42.0.8.012.0
2012Денвер Нагетс7731.7.362.174.9175.12.4.7.613.4
Кариера121230.8.384.289.8224.42.3.8.312.8

Наводи

Надворешни врски